Економска криза или неспособност?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
M

marsovka

Гостин
Колумна
Кризата и Владата
Светската криза нема никаква врска со промашеното управување со процесите околу „Сведмилк“ и други такви случаи. Каква е релацијата меѓу светската криза и масовното колење на добитокот во Македонија?Никаква. Тој процес е во рамките на релацијата меѓу Владата, нејзината погрешна и еуфорична политика и сточарите во земјава
175B747E642C824884F75423C4AAED0C.jpg

Кога светската економија и побарувачката во светот се движат по нагорна линија тоа влијае и на македонската економија, па нашата влада прави прес-конференции на кои си ги присвојува резултатите само за себе. Кога нашата економија оди надолу, Владата бега од прес-конференции и вината ја префрла само на светската криза. Еднаш ги крие, другпат ги потенцира влијанијата на светската економија врз македонската. Тоа засега успешно функционира. Мнозинството граѓани на земјава навистина мислат дека позитивните движења во економијата се резултат на владината политика, а негативните на светската криза. Како нашава влада да е безгрешна. А таа е грешна до гуша. Пред пет месеци сите предупредуваа дека владината економска политика за 2009 година е неиздржана, но Владата си тераше по свое и ги усвои мерките, а на Собранието му поттури буџет кој е неодржлив и штетен за економијата на земјава. Денес тоа се потврдува. Сега Владата, иако со задоцнување, почнува да ретерира. Каква врска со ваквата грешка има светската криза, освен што владата при очи се правеше слепа? Никаква.

Дефицитот на општиот буџет за 2009 година е погрешно планиран на близу 3 отсто од годишниот БДП на земјата и тоа ја турка Владата во постојани, дури и месечни задолжувања, за да си ги обезбеди парите за финансирање на дефицитот на буџетот. Таа грешка го доведе Министерството за финансии во состојба да мора да ги зголеми каматите на трезорските записи за да ги привлече проектираните средства од банките, населението и претпријатијата. Тоа што на сите им беше јасно е дека тоа ќе ги зголеми и каматите на благајничките записи на НБМ, но и каматите на банкарските кредити за населението и корпоративниот сектор. Реакцијата на пазарот беше молскавична. Тоа се случи во рок од четири недели. Единствено власта го сфати тоа предоцна, откако каматите отидоа до небо. Последиците по населението и економијата се веќе големи. Но затоа Владата сега најавува корекција на сопствената грешка со поголема грешка. За финансирање на дефицитот ќе се задолжува во странство иако таа не мораше воопшто да се случи. Каква врска со оваа кусогледост на Владата има светската криза? Никаква. Таа единствено има врска со погрешната економска политика.

Во времето на евидентниот раст на светската економија, на огромните финансиските вишоци на пазарите и инвестицискиот бум во светот од 2006 до 2008 година Владата ги отфрли сите понуди за инвестиции во енергетскиот сектор од страна на реномирани странски компании. Немаше храброст (или нешто друго немаше?) да влезе во барем еден голем и вистински проект. Освен ако за големи не се сметаат проектите за изградба на некој музеј, некоја фискултурна сала или изработка на еееј... бронзана скулптура. Сега веќе е доцна. Сега нема заинтересирани инвеститори, што би се рекло „и со боринче да ги бараш“. Ако некој немаше добра процена, тоа е само Владата и никој друг. Тоа нема никаква врска со светската криза. На крајот од краиштата, оваа Влада без сериозно образложение ги поништи и вредните инвестициски преддоговори со странски компании што ги наследи од претходната власт.Поради погрешната надворешна политика на Владата, која сопствената непромислена агресија ја насочи на погрешна страна, земјава веќе губи околу 60 милиони евра поволни кредити од Европската банка за обнова и развој за изградба на патишта во земјава. Како тука влијаела светската криза? Никако. Влијаела само лошата владина политика.

Кога Владата на Македонија во 2007 година непромислено се засили во однос на процената за сопствената моќ, прво го истера ММФ од земјава и се' до пред една недела ја исмеваше оваа институција нарекувајќи ја со погрдни зборови, испраќајќи ја во историјата и во вечните ловишта. Сега конечно почна да ја преиспитува таа своја грешка, но нема сила самата да ја признае, па јавно повикува професори и стопански комори да и' укажат на сопствените грешки, за подоцна таа да соопшти дека ги прифаќа нивните сугестии, а не дека таа згрешила и се премислила. Ниту со ваквата грешка, светската криза нема ама баш никаква врска, како што нема ниту со промашеното управување со процесите околу „Сведмилк“ и други такви случаи. Каква е релацијата меѓу светската криза и масовното колење на добитокот, особено кравите, во Македонија? Никаква. Тој процес е во рамките на релацијата меѓу Владата, нејзината погрешна и еуфорична, но непромислена политика и сточарите во земјава.

Какво влијание има светската криза со неспособноста на здравствените власти во земјава да реализираат јавна набавка на здравствена опрема за 40 милиони евра, која со прес-конференција на целата Влада ја најави премиерот пред повеќе од две години, а потоа неколку пати ја одложуваа од само ним познати причини? Деновиве по кој знае којпат повторно се распишува јавен повик за истата таа опрема и истите тие пари.Какво е влијанието на светската криза врз компјутерите за училиштата што одамна се набавени и оттогаш се оставани да скапуваат по училишните подруми (заедно со парите потрошени за нив) и бесполезно да стојат по училниците со единствена задача да им ја намалат корисната површина на училишните клупи? Многу вакви прашања може да се постават што немаат никаква врска со светската криза, а кои Владата ги маскира со божемните светски случувања. Тоа веќе долго трае, но веројатно не може предолго да трае. Еден ден проблемите што власта, а не светот, сама ги создаде ќе испливаат на површината, а со нив и виновниците за тоа.
Никола Поповски


Убаво сумирање на нагрешкирте на владата и нејзината ароганција во врска со економијата



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FDBEA386E29DDB468A0FC3F8ABDC5E5E
 
taka e, se vadat na krizata a namesto za prioriteti frlaat pari za statui, spomenici i crkvi!
 
не се вадат бе на ништо...ги боли нив к..от за вадење, пливаат батките краул кон некоја тераса со поглед на некое јужно море.....
.ептен ги преценувате..................................... :)
...а онаа будалетинка смотана од погоре ШТО НЕ ЈАДЕШЕ ТАКОВ БУРЕК, КОГА ТОЈ ПРОБАШЕ ДА "ПЛИВА "......па потона...ко секира у вода...
 
Овој да не беше еднаш министер за финансии? Како бе тоа и тој почнува да колумнира откога ќе колабира? По неговата логика за да видиме колку е паметен некој треба да го смениме од функција. Веројатно тоа е исповед на еден министер за финансии кој за неговото министерување не можеше да дојде до израз (веројатно заради „оправдани“ причини), тогаш беше занесен во работата.:tapp:
 
Drugite se zanikade, ne se za sporeduvanje, kade kade se bolji ovie, no sepak moze use podobro.
 
Ох гревче Никола Поповски.
Тој имаше раст од 2% на економијата, колку што ќе има владата на ДПМНЕ во услови на криза.
Де нека каже некоја реформа во економијата, што направил, да можеме со дела да ги споредиме.
Или се паднати од Марс ?
 
Зошто секој тапа министер станува врвен стручњак по колумни?
И овој трајково изгледа тогаш (откако ќе стане колумнист) го чека иста судбина.
 
да беше од некој друг колумнава да вреди да се коментира
ама од Никола Поповски не треба ни да се потроси поглед да се погледне па камо ли да се чита
оти сите знаеме што беше кога тој имаше власт
 
Овој да не беше еднаш министер за финансии? Како бе тоа и тој почнува да колумнира откога ќе колабира? По неговата логика за да видиме колку е паметен некој треба да го смениме од функција. Веројатно тоа е исповед на еден министер за финансии кој за неговото министерување не можеше да дојде до израз (веројатно заради „оправдани“ причини), тогаш беше занесен во работата.:tapp:
Најверојатно не ти се јасни неколку работи околу Поповски....или евентуално партиската припадност не ти дозволува да кажеш нешто поразлично.

Имено во време на минестерувањето на Поповски, буџетот не се пумпаше со цедење на последниот денар од џебот на граѓаните со разноразни казни, даноци, инспекции, непотребни партиски вработувања во администрацијата ......., туку со штедење и трошење државни пари само таму каде што е потребно.
Наспроти тоа во последниве три години, беспредметно или бесцелно по моја лична проценка се потрошени над 600 милиони евра.

Минестерувањето на Поповски беше лош период за неговата партија, бидејќи многу партиски вработувања и проекти не беа реализирани токму по негова заслуга, но сето тоа одеше во прилог на државниот буџет и трошењето народни пари.


Сеа може и ќе ти текне зошто одамна не го играат во СДСМ.

оти сите знаеме што беше кога тој имаше власт
Што беше ?
Ох гревче Никола Поповски.
Тој имаше раст од 2% на економијата, колку што ќе има владата на ДПМНЕ во услови на криза.
Де нека каже некоја реформа во економијата, што направил, да можеме со дела да ги споредиме.
Или се паднати од Марс ?
Славјански, има нешто неточно во неговата колумна ?

Ај те молам посочи ми.
 
Видете јас не знам дали е бил лош или добар министер ама ги молам членовите кои постираа да пишат едне реалне против аргумент на сево ова што е пастирано ?
без плукање на нечија личност ,без мрчење дека е од оваа или онаа партија без млатење празна слама .
Реални аргументи ве молам
 
тебе џабе ќе ти објаснувам сам си знаеш, а и онака ко коњине гледаш во еден правец така да нема што да се дискутира со тебе
Ти доколку нема што да кажеш, шибај таму у играчница и фурај си муабет со твоите врсници.

Ова овде е непозната равенка за тебе.
 
Ти доколку нема што да кажеш, шибај таму у играчница и фурај си муабет со твоите врсници.

Ова овде е непозната равенка за тебе.

па ако не со моите врсници си фурам муабет ;)
a кога сме до равенките и тука ќе те заебам верувам дека поопасен сум во решавање и нема непознати за мене равенки ама за тебе има
терај си така само фала богу што малку се тие што размиуслуваат ко тебе и рубинчо во државава
 
Видете јас не знам дали е бил лош или добар министер ама ги молам членовите кои постираа да пишат едне реалне против аргумент на сево ова што е пастирано ?
без плукање на нечија личност ,без мрчење дека е од оваа или онаа партија без млатење празна слама .
Реални аргументи ве молам

некогаш и не чини премногу да штедиш џабе лежи мртва пара....се кочи развојот, треба да знаеш кај да штедиш а кај да даваш, е овој тоа не го знаеше па така пропаднаа многу фондови и донации за проекти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom