Dani^^^ напиша:
Од лично искуство можам да кажам дека треба уште кога е мало да се проба да му се објасни на најдобар можен начин дека има полубрат полусестра...и да се работи на тоа да се зближат колку што можат повеќе тие деца...покасно нема да има никакви проблеми
Ако детето растело со братот/сестрата, блискост веќе постои, само треба да се работи на тоа да не се изгуби таа блискост.
Можам од лично искуство да кажам нешто во врска со темава. Брат ми има 11 години, а јас 24. Секогаш кога ќе најдеше некој мој документ прашуваше зошто јас имам друго презиме, а тој друго. Додека беше помал го маткав некако, измислував глупости. Одвреме навреме знаеше да праша зошто татко му го викам по име, а не "тато", па тука се обидував да најдам изговор со тоа дека сум поголема од него и дека е така модерно, па кога ќе порасне и тој дека ќе може да го вика на име ако сака.
Но, дома се договоривме дека би било убаво да му се каже и тоа да го направам јас. Во детали нема да навлегувам каков муабет му направив, но беше изненаден, не можеше да прозбори, а кога завршивме со разговорот ме гушкаше како никогаш до тогаш. Некои деца можеби тоа поинаку го прифаќаат, но и јас бев изненадена од неговото прифаќање.
Јас се плашев после тоа да не почне на секоја расправија да го префрла тоа, да ми вели дека не сум му сестра и дека не ме сака. Но, брат ми од тој момент се смена на подобро. Можам да кажам дека од тогаш не се карал со мене, многу повеќе ме слуша, поблизок е со мене од порано.
Сепак според мене зависи со кои зборови ќе му се каже на детето и колкава е близината меѓу членовите на семејството. Детето сака да се поставиш со него како со пријател, да го сметаш за возрасен.