Веронауката е воведена како задолжителен предмет во средното образование во речиси сите земји-членки на Европската Унија. Австрија, Норвешка, Шведска, Британија, Холандија и Грција се само некои од земјите каде што средношколците го учат овој предмет.
Овој предмет учениците го учат и во основните училишта во Украина, Чешка, Полска, како и во Србија.
Македонија и Албанија чинам се единствените земји во Европа каде не се изучува веронаука.
23.05.2005
Папата Бенедикт-16 на чествувањето на Св.кирил и Методиј, ја потсети македонската влада на ветувањето за воведување веронаука во основните училишта.
Одговорот на Премиерот на ова прашање државната телевизија го цензурираше при преносот и дистрибуцијата на снимката од Рим. Папата пред два дена на приемот на новиот македонски амбасадор во Ватикан, Бартоломеј Кајтази, побара да се заложи за побрзо воведување на веронауката во образованието.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=46788