Германија не е за визна либерализација
Изборите се зад нас. Македонија успешно мина уште една станица до ЕУ и НАТО. За сите е значајно да започнат преговорите.
Европа има одговорност и обврска да го продолжи процесот на проширување, јасна порака од европратеникот Ангелика Беер, еден од најголемите лобисти на Македонија.
Местото на Македонија е во Европа, вели Беер, а спорот со името не би требало да е пречка.
„Прашањето за името, според мене, не е пречка за почеток на преговорите. Сега по изборите е добро време да се седне и да се најде некаков компромис, не прифаќам дека името може да биде проблем. Ние сме оптимисти“, изјави Беер.
Спорот со името не е праведен, но е реален, а на Македонија и требаат ЕУ и НАТО, рекол на средбата со Беер, претседателот Бранко Црвенковски.
Беер на разговори и со Собраниската комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции.
Есенскиот извештај за Македонија мора да биде добар и затоа по изборите мора да се работи на исполнување на 8-те одредници. Европскиот парламент силно се залага за визна либерализација, но има скепса кај државите-членки и затоа до септември не може да се очекува оваа одлука, го пренесе Радмила Шеќеринска ставот на Беер.
„Според зборовите на г-ѓа Беер, таа не очекува до септември Германија да донесе позитивна одлука околу визната либерализација и ние соопштивме дека е тоа разочарувачка вест за македонските граѓани“, изјави Шеќеринска, претседател на Националниот совет за евроинтеграции.
Беер ручаше со Ахмети. И за него истите пораки и очекувања, почетокот на преговорите е значаен и за безбедноста, ги очекуваат наредните чекори од Македонија за да ја видат што поскоро во НАТО.
Ахмети кусо - средбата значајна, поддршката ја имаме, треба да се продолжи со работа. Не сакаше да каже како ДУИ ќе ја продолжи работата во Владата и дали ќе има реконструкција. Се ќе кажел на утрешната прес-конференција.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=106949