Избор за најгрдиот објект во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Што и да изградиш таму нема да се вклопи во околината, освен ако не изградиш коцка, онаква класична комунистичка :)

За 100 години тие ке бидат класика, нешто што ние го изгубивме со земјотресот. А чирот никогаш нема да биде класика....
 
За 100 години тие ке бидат класика, нешто што ние го изгубивме со земјотресот. А чирот никогаш нема да биде класика....

Комунистичките градби никогаш нема да бидат класика. Всушност ќе бидат, но од негативен аспект. Како септичките јами, можеш да се исереш у река и да нема измет, ама за да не се гњавиш до таму, праиш купче гомна на два чекора од кај шо спиеш.

А ако одиме со визија за тој простор, јас велам дека ќе биде класика простор, и место за восхитување, и луѓето ќе се чудат и ќе сликаат како во големиот славен период на македонската транзиција, чирче израснало меѓу грдите комунистички градби. Фасцинантно ќе биде... што се морале да трпат скопјани под стегите на сиромаштијата и криминалот.
 
1. Нова железничка - незнам само како тоа најмиа јапанец да им ја проектира??? алоо ова не е Токио па да нема место да се стаат 5-6 шини на наземја, а не да лебдат у воздух!!Многу поубаво ќе беше ако се обновеше старата, ем блиску до центар, ем на земја!!
2. Кинески ѕид!! У среде парк бе!! НЕ ми се верува!! Единиот така поголем парк шо го иаме у Скопјево и тоа го уништија!!!Исто ко на средина на Централ Парк у среде Њујорк којшо им е единиот голем парк да изградат уште еден облакодер!Леле дај Боже да го срушат!!
3. Градски ѕид..не би рекла дека е нефукционален ама барем малку да се среди...ако не фасадите и тие ствари барем паркизните, дупките тротоарите...луѓево да имаат кај да се паркираат..
 
1. Нова железничка - незнам само како тоа најмиа јапанец да им ја проектира??? алоо ова не е Токио па да нема место да се стаат 5-6 шини на наземја, а не да лебдат у воздух!!Многу поубаво ќе беше ако се обновеше старата, ем блиску до центар, ем на земја!!

А како ќе ја изградеа старата железничка пак кога на местата кај што проаѓаа пругите денеска се капиштец па накај железничката таму кисела вода зградите, рамстор трговскиот и многу други населби. По Народен Фронт да не требало да поминува пругата?
 
Мостот Влајко во населба Влае е најгрдиот објект во Скопје , толку пари за ништо , естетски тотално не се согласува со околината , а функционално се користи само за ,,мочање"
 
Спомен куќата за Мајка Тереза, пешачкиот мост Влајко и камениот мост (новиот) се дефинитивно промашена инвестиција! Не дека се толку гадни, туку за ништо не служат! Слободно можат да ги преселат на друго место!:se_ molam Тоа камениот каков е :classic:се лизга цел, без везе е! :lut: И таа зградата кај ГУЦ што се распаѓа!
 
Поштата, Железничка станица,градски ѕид е на Кензо Танге инаку типот имал преубава замисла за Скопје после земјотресот пред се футуристичка но несогласување околу финансиите со тогашната власт довеле до тоа да човекот си ги спакува куферите и си оди дома у Јапониа.

А овие ново градби кичерај со исклучок на некои сигурно ни од далеку не се подобри.
 
Па можеби и не требало баш футуристички се да направи. Не знам од кој е проектиран МНТ, но ми делува префутуристички (посебно за тоа време), ама е како ски-скокалница. Ваљда малку требало да се запази и поднебјето, белезите на овие простори. Зошто на пример не можел да направи нешто покреативно од нова железничка во стил каков што е? Зошто Скопје да го изгуби својот дух? А за Градски Ѕид е наведено дека е поректиран "на одлично место", односно цел проток на природни воздушни струења го има прекинато.
 
Идејниот проект на Кензо за Скопје
 
МНТ - arhitekti / architects Biro 71 - Marijan Uršić, Štefan Kacin, Jurij Princes, Bogdan Spindler мислам дека се Словенци архитекти.
 
Сликата погоре од проектот на јапонскиот архитект ми делува на некој сци-фи филм (Матрикс 2 дел и слични), но никако на Скопје со кеј, плажа, офицерски, театар граден во соодветен стил...едноставно Скопје како што требало да е. Од пред земјотресот. Што знам, градот со таа слика останува без свој идентитет. Кога живеев маџар маало, кога шетав покрај Илинденска (порано), едноставно го осеќав неговиот идентитет. Скопје какво што било.

Што знам, јас такво го памтам (според старите маала) па вакви нови концепти не ми се допаѓаат.
За споредба види Буда и Пешта, Варшава (стариот дел и новиот изграден во советска држава). каква разлика и стил.
 
Да Lurtz и мене ми се допаѓа старото Скопје, тоа било проект на Танге за Скопје после земјотресот кој не е реализиран. Но руините од Маџар маало дефинитивно нетреба да ги има бидејќи никој не се погрижил да се зачуваат старите објекти и нема фајде од малецки куќички кои само сега го грдат градот. тука може да изникнат многу убави објекти, станбени, деловни. Паркови може да се направат плоштади и т.н. Вака нема никој корист ни тие што живеат во тие дотрајани куќи, ни па градот.

На Скопје му фали зеленило според мене. Мали плоштади со паркови, за пример може да ги земеме не подалеку Белград, Софија...

Премногу се вложува во центарот на градот за разлика другите населби се запоставени и архитектонски и инфраструктурно. Аеродром е урбанистички среден и е спалната соба на Скопје. На пример Аеродром нема кино сала, нема театар. Значи според мене е добар концептот секоја општина да функционира како мини град каде што секоја возраст ќе си го најде своето место и ќе може во поголемиот дел да си ги задоволи потребите.Локална заедница. се прават истражувања од што највеќе населението има потреба и во тоа се инвестира. Ама кај нас се функционира наопаку.
 
Исечената зграда под која се наоѓа Броз Кафе на Партизанска. Дали ке ја доизградат или ке седи така, ке видиме.

Па сега гледам таму некои багери, ваљда ја доправуваат. :)

Инаку најгрда градба не можам да издвојам. Сите бљувотини од градби се набројани. :)

:helou:
 
А бе дечки......Ви го читам муабетов и се чудам...Прво сакам да прашам каде студирате, второ ако студирате на архитектура зошто воопшто сте се запишале таму...И дали некој од вас случајно чита малку историја на архитектура (барем во 20ти век)...Некој од наведениве објекти (МНТ, студентскиот Гоце Деччев, Владата, Поштата, ) во времето кога се изградени претставуваат најмодерната архитектура во светот воопшто, а не комунистички бетонски згради, бидејќи во времето кога се изградени тоа беше најмодерниот стил и најмодерните форми што еден архитект може даси ги замисли....На форумов има еден топк, АРХИТЕКТИ НА МОДЕРНАТА,,,па дај малку пратите и учите од некои мајстори (Corbusier, Gropius, MisVanDer Roe, Живко Поповски, Константиновски, Чипан , Брезовсии, Драго Иблер...и да не бројам,.....многу е лошо да зборувате безвезарии...прво треба да се изградите ко архитекти , а после да критикувате или да фалите, бидејки од теорија на архитектура се гледа по муабетиве дека многу мнпгу не ги разбирате работиве околу архитектурава, или пак сте прва година на факс......Баш имав прилика да присуствувам на едно предавање на архитектонскиот факултет на еден истакнат архитект од англија Tim Stonor, и неговиот мубат за МНТ беше дека ...Па вие сте ја имале Заха Хадит уште пред Заха Хадит....Затоа дечки загревајте столиците и учете архитектура, не се бламирајте како идиоти, и овие муабети не ги терајте пред АРХИТЕКТИ или постари студенти (4та, 5та година) - ке ви се смеат...се надевам дека нема да ме сватите погрешно...
-А за најгрд објект во светот дефинитивно го прогласувам Куќата на Мајка Тереза
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom