Избор за најгрдиот објект во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
А лимените згради во Железара? И тие се пример за грда надворешност. Ако не се споменати претходно и факултетите карши судска палата. За разлика од нив на пример земјоделски и шумарски се далеку попријатни за око.

Па тие се тие истите кај битпазар, тоа е само друг начин да ја опишеш нивната позиција. Инаку тие се посред стилот потполно исти со другите градби кои ги наведов погоре, што значи дека ако една од градбите од таа група не ти се допаѓа не би требало никој од дадените објекти да ти се допаѓа.
 
Да, на тие и мислев, комплексот факултети. Па како би ми се допаѓало кога насекаде зрачи бетон, сив, со бразди. Секоја градба има фасада па макар и од украсни цигли, камен, дрво... овие градби се посивени целосно, како и МНТ, само тој што е офарбан бело (бело-сиво од прашината). Со вакви градби далеку сме од она Скопје (или ова со градски ѕид, Карпош-дури и тие згради се подобри). Всушност далеку се од било кое Скопје, некако штрчат. Кога се прави куќа колку што знам фасада и треба.
Дури нели има и казни во горните земји ако не се гради според одредени стандарди на фасада и кров. Самиот бетон е целосно обезличување на Скопје, барем јас така го гледам.
 
Комплексот факултети кај Бит-Пазар!
Незнам стварно кој го градел тоа,несватливо ми е,али знам само дека го брукаат и резилат името на Св,Кирил и Методиј :tapp:
 
Коплексот факултети карши судска, Никола Карев средното, поштата, чирот пред ЕСМ... Толку ми текнуваат во моментов, кога ќе ми текнат повеќе ќе допишам :)
 
Коплексот факултети карши судска, Никола Карев средното, поштата, чирот пред ЕСМ... Толку ми текнуваат во моментов, кога ќе ми текнат повеќе ќе допишам :)

Поштата е одличен објект али без тоа печурката расцветана. Тоа го уништи целиот впечаток.
 
Поштата е одличен објект али без тоа печурката расцветана. Тоа го уништи целиот впечаток.

Зборувам за целосен изглед како што е, може без тоа расцветаното да изгледа добро али вака доколку се тргнеле некои делови и тоа чирот пред ЕСМ може да биде добар : ))
Исто не знам дали сте приметиле али на влезот што е на поштата имаат залепено како едни траки на стаклата од вратите, ептен негативно делуваат, ко да влегуваш во Fortress of doom :)
 
Од новите објекти најгрди се:
1. Кинески ѕид
sever%20so%20kineski-1%20(Small).JPG

2. Куќа на мајка тереза
kultura-spomen%20tereza.jpg

3. Мостот Влајко
119249370200659204811.jpg
 
Исечената зграда под која се наоѓа Броз Кафе на Партизанска. Дали ке ја доизградат или ке седи така, ке видиме.
 
Стамбените згради кај нас се како по некое непишано правило грди.А постарите и грди и запуштени. По "принципот сам свој мајстор" секој си прави тераси и други надоградби, куќи на крововите на зградите и сл.
 
Како е поставено ова, многу е тешко за одлука. За целосен опфат на овие предлози потребни се 3 статуетки :) море и повеќе.

Се одлучив за Спомен куќата заради тоа се однесува за една личност која живеела многу скромно без онакво шаренило, железарија и тврдини и каде не гледам никаква допирна точка со нејзината скромност, духовност и љубов. И плус што е ептен во центар и навистина боде очи за туристи и за скопјани. Повеќе личи на детско Мекдоналдс катче. Нека ми прости авторот на делото, но не е тоа што треба да биде. Барем надворешноста.

Е ај после не критикувај свој град и не кажувај дека има кичерски градби.
 
Исечената зграда под која се наоѓа Броз Кафе на Партизанска. Дали ке ја доизградат или ке седи така, ке видиме.
hahahahahhaha lele taa zgrada kakva e koga i da pominam tamu se smeam, kako mozele taka da ja napravat stvarno ne mi e jasno :pos2::pos2::pos2:
 
Како го крстија ѓубрето што го изградија меѓу ГТЦ и ЕСМ, карши Сити галери? Дефинитивно не се уклопува на ништо во тој реон.
 
Како го крстија ѓубрето што го изградија меѓу ГТЦ и ЕСМ, карши Сити галери? Дефинитивно не се уклопува на ништо во тој реон.

Што и да изградиш таму нема да се вклопи во околината, освен ако не изградиш коцка, онаква класична комунистичка :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom