Сурфање со лаптоп или мобилен на јавни места, фалење или урбана култура

  • Креатор на темата Креатор на темата peter
  • Време на започнување Време на започнување

Сурфање од мобилен или лаптоп на јавно место


  • Вкупно гласачи
    176
Урбана култура. Но реално има многу кои седат во кафич и дремат на Фејсбук и бараат нови пи*ки за френдс. Па ако си седнал на кафе остај го фејсбукот за дома, само заврши си работа на лап-топот (проверка на меил и слично.)
Па обично во кафич кога си со друштво, фејсбук би отворил да им покажеш некоја нова слика што си ја ставил да ја видите, или па од некоја типка што има нова слика да ја видат... а не да бркаш женски дур си на кафе.

П.С. Немам фејсбук профил, ниту па сум користел, ниту ќе користам. Онака ми дојде само да го спомнам:)
 
урбана мафија:pos2:
 
Немам потреба да сум на нет и кога ќе искочам од дома. Ок вчера бев на кафе со лаптоп али тоа пошто требаше да се среди нешто за на факс. Иначе ја мислам дека 80% од луѓето што вадат лаптопи у кафич тоа го прават ради чалам. Али ипак тоа е мое мислење.
 
Иначе ја мислам дека 80% од луѓето што вадат лаптопи у кафич тоа го прават ради чалам. Али ипак тоа е мое мислење.

Многу ме интересира која е основата за чаламот?
Стварно не сфаќам!
 
Многу ме интересира која е основата за чаламот?
Стварно не сфаќам!
Навистина која е целта да се фалиш кога секој трет има лаптоп денеска?
Истата работа како до пред неколку години со мобилните. Штом купи некој мобилен и автоматски тој се курчи и се прави незнам ти што... ама по некоја година стана секојдневие веќе.
Исто и со лаптопиве за некоја година нема да биди „чудо“ ако седиш во кафич, пиеш кафе и сурфаш...

neizziveanost,malograganstvo,prostotija:toe:

Малограѓански е да помислиш дека некој се курчи со тоа... мада има и такви.
 
Ја следам дискусијава на темава и морам да кажам дека ме предизвикавте да ви кажам кој е мојот став.
Јас лично сум опседнат со технологијава. Значи мерак ми е да купам добар телефон, лаптоп, десктоп што и да е, но се разбира со осет, односно немам намера за истите да фрлам секој месец или година огромни пари.
Професијата која ја работам сама по себе бара постојано да сум на интернет. Проверка на маилови, разни он-лајн информации за фирмата во која работам и сл. Тоа подразбира дека имам потреба ПОНЕКОГАШ да користам лаптоп на јавно место за да напишам или проверам маил и за уште неколку други работи. Тоа го правев уште многу оддамна кога лаптопите не беа толку распространети кај нас како појава, и затоа многу често кога ќе седнев да типкам маил на лаптопот на јавно место секогаш минувачите или околните сеирџии ме гледале со одредена доза на презир. Искрено да признам понекогаш ме фаќаше срам и ми беше незгодно воопшто да се служам со лаптопот макар и тоа да ми било ептен потребно.

Што ми е поентата? Денес цените на лаптопите се доста пристапни за да може секој да си го дозволи и да го поседува.Тоа значи дека секој што има лаптоп нормално е дека ќе го извади надвор од дома и истиот да го користи, затоа што е лаптоп (notebook) и тоа му е намената. Користењето лаптоп додека не си во канцеларија или дома за мене значи користење алатка да го завршиш тоа што мораш за да не бидеш постојано врзан за столица или канцеларија. Значи јас лично не би го користел лаптопот за да се закачам на Фејсбук и да се зафркавам или пак да гледам во некое кафуле клипови на Ју-Туб. Зашто? Затоа што истото можам да го правам дома, а кога не сум дома и сум излезен некаде во слободно време, тоа значи дека немам потреба да го влечам лаптопот со мене и да се зафркавам. Се разбира за ептен итни работи го носам мобилниот со мене, но и тој не го користам за да сурфам онака за глупости.

Се согласувам со дел од вас што велите дека денес е доба на распространета комуникација, поврзаност, онлајн социјализација. Точно, ама не се согласувам дека баш во секој кафиќ во градов имаме најмалку по двајца пациенти што дремат пред лаптоп и зјапаат во Фејсбук или Јутуб само заради тоа што истото им било неопходно и итно. Како не бе... Мора ли бре баш у кафиќ, автобус, парк, трговски... Толку ли е неопходно и итно?

На крај јас би ги поделил луѓето што користат лаптопи на неколку групи:
- луѓе што знаат за што го купиле лаптопот, и најчесто истиот за тоа го користат
- луѓе што виделе дека сите купуваат лаптоп па купиле и тие, и после глумат лудило по кафиќи и јавни места
- луѓе што купиле лаптоп за да бидат во тек со модерната технологија, и истиот го користат за да си го олеснат животот и активностите.

На крај ќе кажам дека денес чалам не постои. Лаптоп може да купи секој што сака и има пари да си го купи. Така да чаламот всушност може да изгледа како простаклук.

Поздрав

Златко
 
Каква е таа урбана култура жити се седнат во Ања на кафе со пријател и Лап Топ до тебе или ви фи на моб...Уклучено facebook...Другаров седи чмае а ти си пиеш пивце и си мирцаш со он лајн пријателчиња?? Чалам Чалам....Неможе да е урбана култура 18 годишни деца седнале на мсн во кафич и мирцаат...Поштовање за оние бизнисмени кои искочиле на трк кафе а во моментот имаат итен e-mail да пратат па нужно им е да извадат лап топ
 
Многу ме интересира која е основата за чаламот?
Стварно не сфаќам!

Унук три гуски седнуваат на кафе вадат лап топите и скајп, фејсбук, мсн, курсестресе.
Немој да ми кажеш дека бизнисите ќе им пропаднат:)
 
ќе мислев дека е технологија, се додека денес не видов еден батка со лаптоп у оној гаден кафич што се наоѓа кај универзална сала на аголот на партизанска :nesvest:
која е итноста или бизнисот што ќе го тераш на најпрометната улица со милијарда луѓе наоколу и со инхалирање на големи количини јаглерод моноксид?
 
Унук три гуски седнуваат на кафе вадат лап топите и скајп, фејсбук, мсн, курсестресе.
Немој да ми кажеш дека бизнисите ќе им пропаднат:)

Хеј... а од кај знаеш ти шо бизнис водат они по скајп, фејсбук, мсн и особено со тресење курои? ;)

Јас го прокоментирав муабетов од мој аспект, пред се затоа што ја разбирам потребата да си online постојано. Зборам за вистинска потреба, не за фејсбук или тресење на разни екстремитети :)
На крај краева... не можам да поврзам имање лап топ со фалење ... Да извади Deep Blue на маса у кафиќ некоја од гускине, тогаш ок.. ќе ми привлече внимание :)
 
Хеј... а од кај знаеш ти шо бизнис водат они по скајп, фејсбук, мсн и особено со тресење курои? ;)

Јас го прокоментирав муабетов од мој аспект, пред се затоа што ја разбирам потребата да си online постојано. Зборам за вистинска потреба, не за фејсбук или тресење на разни екстремитети :)
На крај краева... не можам да поврзам имање лап топ со фалење ... Да извади Deep Blue на маса у кафиќ некоја од гускине, тогаш ок.. ќе ми привлече внимание :)

Тоа што е deep нејќат да го вадат:)

Реално ја сваќам потребата да си онлајн за некоја си икста работа од која стварно ти куца магарето:)
Вадењето лап топ, мобилен и киснење на нет само затоа што е гага ми е ептен глупост. Ама незнамисливо ептен.
Пред извесно време прочитав на нечиј фејсбук Име Презиме Моментално во Рамстор пијам кафенце и глеам шо има на ФБ.
 
Има луѓе што навистина им е потребен нет во секое време,е сега има и некои кои киснат на фб да баш на кеј ама во главно се слагам со Внуче :smir: и дајте барем за една работа мислете позитивно,па нели по Македонија незнае со интернет да ракува,еве шанса :vozbud:
 
Абе има луѓе со потреба шо си користат.

Ама да седам у рамстор и пак на мсн да гнијам не фала. Доста по дома ми е нон стоп укљ па уше коа сум надвор.

И тоа погоре шо ги спомнавте гуските, прави гуски жими се. Јадат у рамстор и да не им избега ФБ. Е тоа е чалам, или лошо друштво :)))))
 
Да седам во кафич со другарка или со било кој и да седам на мсн или facebook? Бог да чува и да брани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom