Ја следам дискусијава на темава и морам да кажам дека ме предизвикавте да ви кажам кој е мојот став.
Јас лично сум опседнат со технологијава. Значи мерак ми е да купам добар телефон, лаптоп, десктоп што и да е, но се разбира со осет, односно немам намера за истите да фрлам секој месец или година огромни пари.
Професијата која ја работам сама по себе бара постојано да сум на интернет. Проверка на маилови, разни он-лајн информации за фирмата во која работам и сл. Тоа подразбира дека имам потреба ПОНЕКОГАШ да користам лаптоп на јавно место за да напишам или проверам маил и за уште неколку други работи. Тоа го правев уште многу оддамна кога лаптопите не беа толку распространети кај нас како појава, и затоа многу често кога ќе седнев да типкам маил на лаптопот на јавно место секогаш минувачите или околните сеирџии ме гледале со одредена доза на презир. Искрено да признам понекогаш ме фаќаше срам и ми беше незгодно воопшто да се служам со лаптопот макар и тоа да ми било ептен потребно.
Што ми е поентата? Денес цените на лаптопите се доста пристапни за да може секој да си го дозволи и да го поседува.Тоа значи дека секој што има лаптоп нормално е дека ќе го извади надвор од дома и истиот да го користи, затоа што е лаптоп (notebook) и тоа му е намената. Користењето лаптоп додека не си во канцеларија или дома за мене значи користење алатка да го завршиш тоа што мораш за да не бидеш постојано врзан за столица или канцеларија. Значи јас лично не би го користел лаптопот за да се закачам на Фејсбук и да се зафркавам или пак да гледам во некое кафуле клипови на Ју-Туб. Зашто? Затоа што истото можам да го правам дома, а кога не сум дома и сум излезен некаде во слободно време, тоа значи дека немам потреба да го влечам лаптопот со мене и да се зафркавам. Се разбира за ептен итни работи го носам мобилниот со мене, но и тој не го користам за да сурфам онака за глупости.
Се согласувам со дел од вас што велите дека денес е доба на распространета комуникација, поврзаност, онлајн социјализација. Точно, ама не се согласувам дека баш во секој кафиќ во градов имаме најмалку по двајца пациенти што дремат пред лаптоп и зјапаат во Фејсбук или Јутуб само заради тоа што истото им било неопходно и итно. Како не бе... Мора ли бре баш у кафиќ, автобус, парк, трговски... Толку ли е неопходно и итно?
На крај јас би ги поделил луѓето што користат лаптопи на неколку групи:
- луѓе што знаат за што го купиле лаптопот, и најчесто истиот за тоа го користат
- луѓе што виделе дека сите купуваат лаптоп па купиле и тие, и после глумат лудило по кафиќи и јавни места
- луѓе што купиле лаптоп за да бидат во тек со модерната технологија, и истиот го користат за да си го олеснат животот и активностите.
На крај ќе кажам дека денес чалам не постои. Лаптоп може да купи секој што сака и има пари да си го купи. Така да чаламот всушност може да изгледа како простаклук.
Поздрав
Златко