Тупурковски осуден на три години затвор

  • Креатор на темата Креатор на темата ЉУПЧО
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8


Три години затвор за Васил Тупурковски и 2 години затвор за Јован Андонов. Вака судијата Јани Ниче го затвори досието „Тајвански кредити“.

Освен затворската казна за Васил Тупурковски и Јован Андонов Реган, нареди и враќање на парите. Поранешниот директор на Агенцијата за обнова и развој и неговиот заменик ќе треба да вратат речиси 2 и пол милиони евра.

Обвинителството е задоволно од пресудата.
- Задоволни сме што има затворска казна, а особено од тоа што треба да бидат вратени парите - рече Вилма Русковска.

Пресудата беше прочитана во полупразна судница во скопска единица. Ни Тупурковски ни Андонов ни нивните бранители не дојдоа да ја чујат пресудата. Во телефонски разговор Тупурковски најави реакција на официјална прес-конференција која ќе ја свика неделава.
Тупурковски беше обвинет за злоупотреба на службената положба како директор на Агенцијата за обнова и развоја, а Андонов како негов заменик. Во 99-та потпишал штетни договори со 8 фирми на кои како кредит им одобрил 3 милиони долари без гаранција. Парите не биле вратени.

Тупурковски во прцесот тврдеше дека никој не претрпел штета од тајванскиот кредит. Дека работел во соработка со Владата потврди и тогашниот премиер Љубчо Георгиевски кој како сведок во судот го бранеше својот поранешен коалиционен партнер.

ИЗВОР.
 
pa neli sega go reizbraa za predsedatel na MOK
 
Тупурковски осуден на три години затвор

Скопје, 6 април (МИА) - Кривичниот суд во Скопје денеска го осуди на три години затвор поранешниот директор на Агенцијата за обнова и развој Васил Тупурковски по обвинението за злоупотреба на тајванската кредитна линија.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=63619404&lId=1&pmId=501


АЈИРЛИЈА!:vozbud:
 
Три години затворска казна на Тупурковски и две за Јован Андонов Реган, вака денеска пресуди кривичниот суд во Скопје за случајот тајвански кредити. Освен казна затвор 2,5 милиони евра ќе треба да и вратат на државата обвинетите.
Поголемиот дел од парите околу 2 милиони ќе треба да изброи Тупурковски. Обвинителството задоволно од судската одлука.
Во процесот тајвански кредити, Тупурковски и Андонов - Реган се овбинети дека во периодот од септември - октомври 99. година како први луѓе на Агенцијата за обнова и развој, потпишале штетни договори со осум фирми на кои, од тајванската линија на име кредит им дале околу три милиони долари без гаранција.


A1
 
Наздравје нека им е!
Туку...сега ќе има жалби, ова она... и оваа пресуда не е сеуште конечна и правосилна.
Има време додека го видиме (ако го видиме) Циле зад решетки.
 
Малку му е на крмакот....џимиринки требаше да го напраат
 
Циле бе, што те снајде:nesvest:
 
оф леле кутриот
ама порано или покасно се знаеше дека ова ќе го стигне:toe:
 
А бе со сет ум мислите дека ќе лежи? :)
Ами ако пропее?
 
Ух ух ајде ајде некој мора да повлече нога:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom