Тупурковски осуден на три години затвор

  • Креатор на темата Креатор на темата ЉУПЧО
  • Време на започнување Време на започнување
Тупурко освен мевот и ќебапите нема за ништо друго не се секира.

Како член на претседателството на Југославија тој не мрдна со малио прст за неговите Македонци кои гинееа по боиштата на бившата Ју.

Тој ја тргна мисијата на ОН на границита на Македонија со Косово.
После Тајван, Кина стави вето на оваа мисија.

Така да дебелион се праи на тошо ама тој е еден од првите 10 кои треба да лежи затвор.

Инаку групата што беше околу него во ДА многу повеќе од 3 милиони има проневерено.

И на крај краева, нека отвори муцката, знае многу работи.
 
Definitivno treba PROCES, ama ne vakov MONTIRAN i ne samo za ODREDENI poedinci..
...inaku nesto ne mi e jasno ...Tupurkovski onaka licno so svoj potpis gi daval parite????, ili toa go pravele OVLASTENI BANKI spored voobicaena procedura..????.
...ako e ova vtorovo koj..k...go sudat Cile????...neli kako vo kapitalizam ..biznisot e PRIVATEN i ZAGUBATA e PRIVATNA..??? :)
, no ako e po " komandna odgovornost" , kako sto mi mirisa...pred ovaa zaebancija eden kup drugi VIDNI licnosti, bivsi i SEGASNI bi trebele da OMASTAT JUZENCE.....Gwujo..prv..:)
 
Ни крив ни должен, без пари на сметка.
А со Аларова што се случи?
Ох да, она е од ДПМНЕ па нејзе не ја бркаат.
Ебате јанкуловска :pos2::pos2::pos2:
 
Ни крив ни должен, без пари на сметка.
А со Аларова што се случи?
Ох да, она е од ДПМНЕ па нејзе не ја бркаат.
Ебате јанкуловска :pos2::pos2::pos2:

Дури и на Васил му е страв од конкуренција со мустаќите.:pos2:
 
ВЕСЕЛА ГЕОГРАФИЈА ВО СУДСКА ПРЕСУДА

Наместо за Тајван, Циле осуден за Тајланд

Тупурковски вчера објави дека, по над 65 дена чекање, конечно ја добил пресудата во писмена форма која, според него, е чист препис од обвинителниот акт, и е скандалозна и испогрешена, со погрешни суми и со неточно презентирани факти од судијата Нича

716FECBBF3368F4D98AB839735415A33.jpg
Бившиот директор на Агенцијата за обнова и развој и поранешен вицепремиер Васил Тупурковски, од судијата за организиран криминал Јани Нича е осуден на тригодишна затворска казна за кредити од - Тајланд!? Во пресудата место Тајван, стои дека станува збор за кредити од Тајланд. Но тоа не е единствената грешка во документот. Место Кина, стои Цхина и Хина, Таињан, место Тајван.
Вчера на прес-конференција Тупурковски објави дека, по над 65 дена чекање, конечно ја добил пресудата во писмена форма, која, според него, е чист препис од обвинителниот акт, башка што целата била скандалозна и испогрешена, со погрешни суми и со неточно презентирани факти од судијата Нича.
"Сега гледам дека изјавата на судијата: 'Обвинетиот не ја докажа својата невиност', не била лапсус туку сериозен однос кон правниот систем. Освен што ја презеде улогата на егзекутор од Обвинителството и не ги прифати моите докази за невиност, судијата Нича врши и конструкција на ситуација за да убеди. Во еден од своите аргументи, наведува дека во 1998 година не сум постапил по правилник на Агенцијата, донесен кон крајот на 1999 година, пред да станам вицепремиер. Неприлична конструкција со регулативи кои не биле на место кога сум бил јас директор", редеше примери Тупурковски.
"Натаму, од договорот меѓу Стопанска банка и АОР го извлекол само член 7 дека Банката нема никаква одговорност за враќањето на кредитите, а го игнорирал член 4 кој вика дека нема да се дозволи ниту една рата, ако Банката не обезбеди гаранција за враќање на парите", наведува Тупурковски, кој спомна и дека изјавите на сведоците на одбраната, кои ништо не биле прашани од судијата, биле свртени кон него.
Тој $ порача дека групата која ја извела, според него, оваа конструкција, нема да има вакво финале, иако, како што рече, сака, ама не може да му верува на второстепениот суд.
"Оваа пресуда ќе биде почеток на борбата за правна држава. Жално е што ќе биде на штета на Македонија, бидејќи случајот сигурно ќе отиде до Стразбур и до надлежните меѓународни институции", рече Тупурковски и отвори можност за собирање потписи од граѓаните, со шанса да се формира цивилно движење, чисто, нефинансирано од никого.
Тупурковски рече дека ќе објави кој е мозокот на целата егзекуција. "Не ми е цел да го гонам Јани Нича туку да го ослободам да каже кој го стави во таква инфериорна позиција, да му го скрати правото сам да одлучува", вели тој


http://www.vest.com.mk/?ItemID=B71B6569D55E874F85437DCED601BA17
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom