Па да,во право си,ако некому не му смета зашто да не.Само изреагирав така набрзина со прашањето зашто ми беше чудно.Неможам ни да замислам да ја викам мајка ми по име:smir:
Ни јас досеа моите ги немам наречено по име, незнам зашто ама многу чудно би ми било некако, стварно незнам зашто...
А додека родителите на мојата девојка/жена, што се однесува до мене, ама баш ич не ми пречи да ги викам бабо/дедо, зашто знам дека тие веќе се моја фамилија, и едноставно од почит би ги завикал така... кога се кажува мамо/бабо или тате/дедо тоа е само укажување на почит кон постарите/родителите, а на нив тоа би им било преголем плус на ваша полза... многу им значи тоа верувајте... а нема ништо мање више ни кај вас да наштети ако ги изговорите тие зборови, и ако укажете почит...
Ја кога идам со некоја, стварно незнам, и се наоѓам во небрана ситуација, кога сакам да прозборам на нејзините родители, незнам како да ги наречам... едноставно чиче/тетке не иде баш... а ни бабо ни дедо не иде... а по име не чини, не сме иста возраст... хахаха, стварно незнам... а ако врската би трала подолго време одприлика едно 7 месеца (и знам оти врската иде во нагорна линија), јас би можел да ги наречам нејзините, бабо/дедо... и тоа ќе го правам од почит, а на нив тоа многу ќе им значи, тоа го знам
Незнам, тоа е мој став... а и плус тоа, девојката/жената што се однесува до истото (значи подолго време во врска и очекување на повеќе од истата врска) би сакал моите да ги вика мамо/тато, зашто и тие се веќе нејзина фамилија... и они имаат удел во тоа нашето...
да разгледаме, се жениш... твоите и нејзините збираат пари и ти даваат(помагаат-зашто и ти имаш собрано нешто) за живот... купуваш правиш од нивни пари, едноставно они ти помагаат за почеток, они те хранат, они те одржаваат за почеток на бракот...потоа имаш деца, па тие деца - бабата и дедото прават се за нив... купуваат прават ко секоја баба и дедо што прават... и зарем ти не би можел/а да ги наречеш мама/тато или баба/дедо... кога знаеш оти ти влегле во животот и ти станаа дел од фамилијата... ?!
Е сеа се развива друга дискусија... не ме родија они зашто да ги викам така, цел живот не ги знам туку пола... како да ги рамнам со моите родители?!
Не се збори за рамнење на родителите, зашто твоите родители се ТВОИ и ти си имаш ПОСЕБНА и ПОГОЛЕМА, можеби и најголема почит кон нив, отколку кон родителите на дечкото/девојката... а додека за родителите на дечкото/девојката имаш сосема друга почит (незнам дал ме сфаќате), знаеме не ве родија они, не ги знаете цел живот и незнам што ти не, но влегуваат во вашата фамилија, во вашиот круг, прават нешто за вас и вашето потесно семејство... зар да се нема никаква почит, зар неможе да се изговори мамо/тато и за нив... ја само ради одавањето почит би ги завикал така... зашто прават - придонесуваат за мене, за моето семејство, за моите (идни) деца, за мојата жена, за моите родители - колку толку, и само поради тоа би укажал вистинска почит и би им дал трофеј, односно ќе ги наречам мама/тато или баба/дедо, сепак тој трофеј нема да е ист со оној трофеј на оние кои ме створија и ме одгледаа цел живот, ама сепак ќе имаат трофеј во мојот живот, така? бар ќе им укажам почит на нив, нели?
тоа не го правам ради "поголема" љубов од страна на мојата жена/маж, туку ради почитта и укажувањето на благодарност до нејзините/неговите родители... а од друга страна, па и нејзините/неговите родители ќе се благорадни и горди на вас и ќе имате доста големи предности кај нив

така да...
ако грешам слободно поправете ме
ај сеа сите на свадби... :cug: хахахаха