Свекрва / мајка - како ги нарекувате родителите на вашиот партнер?

  • Креатор на темата Креатор на темата ragazza
  • Време на започнување Време на започнување
Не верувам дека баш многу ќе ги сакам па врз основа на тоа и нема да ги викам мамо/тато. Не дека ќе ми биде тешко тоа, само малку ми е глупаво т.е. многу ми е глупаво. До вчера сум им се обраќала со чичко/тетка а од денес со мамо/тато. А и плус тоа, што ако јас се разведам од маж ми и се премажам за некој друг на пример? И како, од утре овие ќе престанам да ги викам мамо/тато а новите ќе почнам така да ги викам? Или можеби сите мамо/тато да ги викам, big family а? Глупости живи!
Затоа со тетко/чичко најдобро, уште подобро ако се модерни па по име да ги викам.М

Е браво чим ти уште од сега си имаш алтернатива дека ќе си дозволиш и втор и трет брак,тогаш ја да сум на местото на свекорот или свекрвата тебе би те викале к**во...

п.с морав ова да го пишам оти зоврев кога прочитав што пишала.
 
Не биди толку лош и не употребувај такви зборови, ок? Го спомна тоа само како пример, од кај знаеш па што те чека во животот? Не значи дека е некоја К*рва ако се разведе аман! :smir: шо зовре толку на постот?
 
Е браво чим ти уште од сега си имаш алтернатива дека ќе си дозволиш и втор и трет брак,тогаш ја да сум на местото на свекорот или свекрвата тебе би те викале к**во...

п.с морав ова да го пишам оти зоврев кога прочитав што пишала.

Извини според тебе жените кои се разведени се к**ви ? Па не сум знаела. Значи колку само к**ви имало низ светов.

А ти срцуш од кај знаеш што те очекува во животот? А кога ќе имаш снаа викај ја како сакаш (ако смееш).

:love2:Биди ми поздравен и помалку нервоза.
 
Е браво чим ти уште од сега си имаш алтернатива дека ќе си дозволиш и втор и трет брак,тогаш ја да сум на местото на свекорот или свекрвата тебе би те викале к**во...

п.с морав ова да го пишам оти зоврев кога прочитав што пишала.
еј ало што крена толкава џева околу постов на Годес?
што има толку лошо во тоа што таа очекува се во животот а не шета со розеви очила и си мисли дека се е совршено?
Разводот е денес најнормална појава, живееме во 21 век зашто да не се разведе некој ако не гледа друг излез и животот е срање? Луѓе се менуваат не секогаш ќе можат да опстојат заедно.Во ред тоа што си против развод тоа е твое и секој го почитува, но почитувај го и ти мислењето на другиот и обиди се ако веќе реплицираш да биде без навреди бидејќи со тоа нема ништо да постигнеш.
онтопик: мене би ми било чудно да им речам мамо и тато, но бидејќи сум навикната да го слушам тоа и од мајка ми зашто да не не би имала некои тешкотии со тоа.
 
Е браво чим ти уште од сега си имаш алтернатива дека ќе си дозволиш и втор и трет брак,тогаш ја да сум на местото на свекорот или свекрвата тебе би те викале к**во...

п.с морав ова да го пишам оти зоврев кога прочитав што пишала.

Она ако се разведе не ја прае тоа к**ва.Аман те молим ако ја малтретира и ако се разведе к**ва ќе биде? И згора на тоа родителите уште мамо и тато да му ги вика,о боже.

Ти глеај кој ќе бидеш свекор снаа ти викај ја К**ва(нема да смееш од син ти,или ако син ти ти даде дозвола,греота таа што ќе го земе,ако го земе некоја уствари)

Инаку на темава,јас мајка ми и татко ми не ги викам мамо и тато,не неговите.По име ќе ги викам,ако не им се допаѓа “слободно“ нека ме викаат курва :)
 
Мене ми е чудно, да не речам глупаво да ја викам (идната) свекрва мамо. Ја мајка ми не ја викам мамо, по име ја викам, а не свекрва ми. Мајката на дечко ми ја викам по име или тетко (па името) истото и за татко му важи и кој би се зеле јас би продолжила да ја викам по име, има кој да ја вика мамо, ако толку сака.
 
Се извинувам за оф ама морав за прашам
Зашто вака бе?Замисли кога еден ден ќе имаш деца да те викаат по име а не мамо,ќе ти се свиѓа?

Инаку јас не се сложувам со тоа туѓи родители да ги нерекувам мама/тато.Половина од мојот живот не сум ги ни познавала и сега наеднаш ќе им давам толкаво значење.Си ги почитувам моите ептен и не би дозволила некој друг да го завзима нивното место
 
:smir: Знам дека не е за мене поставено прашањето ама ако смеам да одговорам: Значи јас моите родители си ги викам мамо/тато и никогаш на име им се немам обратено, но мене на пример нема воопшто да ми смета децата да ме викаат по име и баш би сакала на име да ме викаат, само што нема да им кажувам како да ми се обраќаат туку ќе им дадам слобода на избор а тоа како ќе ме викаат е нивно.

А за тоа за родителите на сопругот те подржувам.Во право си за тоа дека половина живот не сте се познавале и наеднаш мамо/тато.Ама и малку незгодно е .
 
Е браво чим ти уште од сега си имаш алтернатива дека ќе си дозволиш и втор и трет брак,тогаш ја да сум на местото на свекорот или свекрвата тебе би те викале к**во...

п.с морав ова да го пишам оти зоврев кога прочитав што пишала.

Хахаха абе женски глави оти одма се истрчавте....тоа к**во е двосмислено...јас повеќе го чуствувам како краво на пример...

он топик: па и мене чудно ќе ми биде да ги викам баба и дедо,ама коа е љубов во прашање и "даде" и "бате" ќе ги викам ако треба.

ај бидете ми поздравени
:love2:
 
Се извинувам за оф ама морав за прашам
Зашто вака бе?Замисли кога еден ден ќе имаш деца да те викаат по име а не мамо,ќе ти се свиѓа?

Инаку јас не се сложувам со тоа туѓи родители да ги нерекувам мама/тато.Половина од мојот живот не сум ги ни познавала и сега наеднаш ќе им давам толкаво значење.Си ги почитувам моите ептен и не би дозволила некој друг да го завзима нивното место

Абе мене не би ми сметало да ме викаат по име. Заш да не, мислам како сакаат нека ме викаат (по име/мамо).
А ја мајка ми ја викам по име зашто, што знам, се осеќам голема за да ја викам мамо, кој сум била помала сум ја викала мамо, ама сеа ми е чудно, не дека не ја викам мамо, ама ретко, појќе ја викам по име.

А се сложувам со болдираното.:smir:
т.е си кажав јас погоре:)
 
Хахаха абе женски глави оти одма се истрчавте....тоа к**во е двосмислено...јас повеќе го чуствувам како краво на пример...

он топик: па и мене чудно ќе ми биде да ги викам баба и дедо,ама коа е љубов во прашање и "даде" и "бате" ќе ги викам ако треба.

ај бидете ми поздравени
:love2:

Љубовта кон кого? Кон партнерката или кон нив?

Има милиони и милиони начини да се искаже љубовта кон партнерката а со тоа што нејзините ќе ги викаш да не речам "нагалено" нема да ја зголеми вашата љубов нити пак ќе биде потврда за твојата љубов.

Ако ти е чудно нема што така да ги викаш.Ти со партнерката ќе се земаш или со нив? Како ви одговара вас така, а не нив како им одговара. Сакале се лутеле- сакале не, тоа е. Животот е премногу краток да им се удоволува на сите.
 
Абе мене не би ми сметало да ме викаат по име. Заш да не, мислам како сакаат нека ме викаат (по име/мамо).
А ја мајка ми ја викам по име зашто, што знам, се осеќам голема за да ја викам мамо, кој сум била помала сум ја викала мамо, ама сеа ми е чудно, не дека не ја викам мамо, ама ретко, појќе ја викам по име.

А се сложувам со болдираното.:smir:
т.е си кажав јас погоре:)

Па да,во право си,ако некому не му смета зашто да не.Само изреагирав така набрзина со прашањето зашто ми беше чудно.Неможам ни да замислам да ја викам мајка ми по име:smir:
 
Ни јас досеа моите ги немам наречено по име, незнам зашто ама многу чудно би ми било некако, стварно незнам зашто...

А додека родителите на мојата девојка/жена, што се однесува до мене, ама баш ич не ми пречи да ги викам бабо/дедо, зашто знам дека тие веќе се моја фамилија, и едноставно од почит би ги завикал така... кога се кажува мамо/бабо или тате/дедо тоа е само укажување на почит кон постарите/родителите, а на нив тоа би им било преголем плус на ваша полза... многу им значи тоа верувајте... а нема ништо мање више ни кај вас да наштети ако ги изговорите тие зборови, и ако укажете почит...
Ја кога идам со некоја, стварно незнам, и се наоѓам во небрана ситуација, кога сакам да прозборам на нејзините родители, незнам како да ги наречам... едноставно чиче/тетке не иде баш... а ни бабо ни дедо не иде... а по име не чини, не сме иста возраст... хахаха, стварно незнам... а ако врската би трала подолго време одприлика едно 7 месеца (и знам оти врската иде во нагорна линија), јас би можел да ги наречам нејзините, бабо/дедо... и тоа ќе го правам од почит, а на нив тоа многу ќе им значи, тоа го знам :)

Незнам, тоа е мој став... а и плус тоа, девојката/жената што се однесува до истото (значи подолго време во врска и очекување на повеќе од истата врска) би сакал моите да ги вика мамо/тато, зашто и тие се веќе нејзина фамилија... и они имаат удел во тоа нашето...
да разгледаме, се жениш... твоите и нејзините збираат пари и ти даваат(помагаат-зашто и ти имаш собрано нешто) за живот... купуваш правиш од нивни пари, едноставно они ти помагаат за почеток, они те хранат, они те одржаваат за почеток на бракот...потоа имаш деца, па тие деца - бабата и дедото прават се за нив... купуваат прават ко секоја баба и дедо што прават... и зарем ти не би можел/а да ги наречеш мама/тато или баба/дедо... кога знаеш оти ти влегле во животот и ти станаа дел од фамилијата... ?!

Е сеа се развива друга дискусија... не ме родија они зашто да ги викам така, цел живот не ги знам туку пола... како да ги рамнам со моите родители?!

Не се збори за рамнење на родителите, зашто твоите родители се ТВОИ и ти си имаш ПОСЕБНА и ПОГОЛЕМА, можеби и најголема почит кон нив, отколку кон родителите на дечкото/девојката... а додека за родителите на дечкото/девојката имаш сосема друга почит (незнам дал ме сфаќате), знаеме не ве родија они, не ги знаете цел живот и незнам што ти не, но влегуваат во вашата фамилија, во вашиот круг, прават нешто за вас и вашето потесно семејство... зар да се нема никаква почит, зар неможе да се изговори мамо/тато и за нив... ја само ради одавањето почит би ги завикал така... зашто прават - придонесуваат за мене, за моето семејство, за моите (идни) деца, за мојата жена, за моите родители - колку толку, и само поради тоа би укажал вистинска почит и би им дал трофеј, односно ќе ги наречам мама/тато или баба/дедо, сепак тој трофеј нема да е ист со оној трофеј на оние кои ме створија и ме одгледаа цел живот, ама сепак ќе имаат трофеј во мојот живот, така? бар ќе им укажам почит на нив, нели?

тоа не го правам ради "поголема" љубов од страна на мојата жена/маж, туку ради почитта и укажувањето на благодарност до нејзините/неговите родители... а од друга страна, па и нејзините/неговите родители ќе се благорадни и горди на вас и ќе имате доста големи предности кај нив :)
така да...:)

ако грешам слободно поправете ме :)

ај сеа сите на свадби... :cug: хахахаха
 
Ок, почит. А ако ја нема почитта?
Едноставно, ако родителите на мажот ми не ме сакаат и не покажуваат никаква почит кон мене, или пак се лицемерни, и тогаш да ги викам мама и тато?..

И викаш предност, а? :)
Да се преправам и да велам нешто шо го нејќам, за возврат да добијам љубов :) Хм...

ако грешам слободно поправете ме :)

Секој со своето :helou:
 
Ок, почит. А ако ја нема почитта?
Едноставно, ако родителите на мажот ми не ме сакаат и не покажуваат никаква почит кон мене, или пак се лицемерни, и тогаш да ги викам мама и тато?..

И викаш предност, а? :)
Да се преправам и да велам нешто шо го нејќам, за возврат да добијам љубов :) Хм...

Секој со своето :helou:

Знаеш како викаат... За секое добро со добро се враќа... така да... нормално ќе е ако они не те сакаат, ти да не ги наречеш мама/тато или баба/дедо... :helou:

од друга страна пак, ако сепак ги наречеш, со тек на време ќе го промениш она нивното и ќе почнат да те сакаат, за почеток би рекле: хммм.. па добро и не е толку лош/а девојката/дечкото

хехехе, филозофија малку да... хахахахаха
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom