Нокиа освен што се најдобри мобилни во светот воедно се и најквалитетни, за разлика од СониЕриксон и Моторола. Најголем проблем кај Сони Ериксоните е џојстикот кој што многу често се расипува (ич не е квалитетен, за разлика на оној на Нокиа), додека пак кај Моторола сум забележал дека најголем проблем претставува микрофонот и звучничето за слушање. Сум читал на форуми дека и покрај тоа што Нокиа прават телефони со најмал екран (176x208) и со прилично помалку бои (65,535 бои) од Сони Ериксон (176x220) (262,144 бои) и сите останати сепак Нокиата има најквалитетна слика на екранот а исто така и камерите на Нокиа се далеку подобри од камерите на другите мобилни производители! Сега имам Нокиа 6680 и сум многу задоволен, а претходно имав Нокиа 3650 што е досега најдобриот мобилен што сум го користел, мора да напоменам дека најголем впечаток ми остана екранот и боите на екранот (4,096 бои), го споредив екранот со оној на Сони Ериксон К700и (65,536 бои) и не забележав никаква разлика освен тоа што Сони Ериксонот имаше посветла слика од Нокиата. Единствена маана на Нокиа 3650 е тоа што звучничето за ѕвонење беше премногу тивко, има 2 и пол години од кога го купив и досега нема никаков дефект. Камерата беше ок во дневни услови, а навечер не беше баш добра.. не знам зошто ама тој е мојот омилен мобилен телефон и покрај тоа што новава Нокиа има далеку повеќе опции и е подобрен хардверски, Нокиа 3650 ми остави најголем впечаток и најголемо восхитување!