Да се обидеме да дефинираме некои нови учесници во третиве лиги.
На север, веројатно се квалификуваа
Чаир (KF Cair, нема поврзаност со Балкан на пример

) како победник од ОФС Скопје. Втора екипа беше ФК Њу Јорк, уште една Албанска екипа од Чаир ако не се лажам. Чаир ги игра домашните натпревари на некој терен во Топанско поле.
Братство Влазними (екипа од Албанско-Бошњачко село со играчи од сите националности, но повеќе ми личат на Бошњачко-Санџаклиска екипа

) од село Средно Коњари се квалификува како победник на ОФС Гази Баба, совладувајќи го Раштак во борбата за трета лига. Претпоставувам дека
ЧСК Четирце биле први од ОФС Куманово. Во лигата се натпреварувале уште Карпош 93 од Куманово, Речица од село Речица, Прогон од Романовце (
https://www.facebook.com/ProgonRramanli/), Студена Вода од Доброшане (некогашен Јуниор?), некогашните прволигаши од Куманово, ФК Куманово, Башкими и Милано, Нова Македонија од Агино Село, Козјак од Старо Нагоричане и Младост (од поим немам каде).
Еве табела од петата (или непризнаената, поим немам) лига од ОФС КУманово, превземена од страната на ФК Пчиња. Најавиле дека они и ФК Ран производ, се пласирале во четврта лига.
Немам инфо кој бил прв во ОФС Кисела Вода.
Би требало победникот да се бара меѓу ССК, Ново Лисиче или Победа од Долно Лисиче.
Не верувам некој да пријави екипа за трета лига.
@Harry Potter ОФС Липково и ОФС Кратово повеќе не се во овој регион или?
Мада овие не ни имаа лиги годинава колку што знам.