ФАЗА 3 -бришење на Македонците

bitusanec......,a sto toa osven kompromis mozete da napraite?????ako samoutepanstvo isklucime kako alternativa....:) ama bez magloviti gwujovisticki prikazni....ili pak alternativni sekerni vetuvanja....

Мислиш а? Лесно ти е тебе си стискаш латиница и ич к не те боли. Па се разбира ти бараш почитување ама дали почитуваш ти? Се знае кој е компромисот со Грција .... а се знае и кој може да подржи таков компромис.

По којзнае кој пат:
Компромис каде што ФИРОМ ќе се замени со Северна Македонија, каде што Македонскиот јазик и нација ќе останат непипнати, каде што државите кои не признале под уставното име ќе можат истото и во иднина да го користат, и каде што ќе нема потреба од менување на уставот.

?
Одлично... а дали ти мислиш дека тоа е нешто што ќе го прифати Грција како прво? 2. Како тоа кога Грција строго бара име ерго омес ќе договориш да го користиш уставното име со други држави? 3.Како мислиш УСТАВНОТО ИМЕ СО ДРЖАВИТЕ КОИ НЕ ПРИЗНАЛЕ ЌЕ ГО КОРИСТИШ кога тие бараат да го смениш уставот и да го ставиш договореното име во устав? и 4. Нели мислиш дека Северна република Македонија ќе отвори прашања за идентитетот и јазикот?
 
Одлично... а дали ти мислиш дека тоа е нешто што ќе го прифати Грција како прво?2. Како тоа кога Грција строго бара име ерго омес ќе договориш да го користиш уставното име со други држави?
Ќе ти го дадам истиот одговор кон многупати до сега сум го одговорил.
Мене, а и нас како држава, не треба да не интересираат максималистичките барања на грција, туку треба упорно нашите позиции да ги наметнеме на влијателните држави во ЕУ и надвор од неа.
Играта "ќе ги нервираме грците" се виде дека не дава резултати, туку спротивно на тоа, ги ослабува нашите позиции.

Епилогот од ова игра може да го видиш на темава на која пишуваш.
3.Како мислиш УСТАВНОТО ИМЕ СО ДРЖАВИТЕ КОИ НЕ ПРИЗНАЛЕ ЌЕ ГО КОРИСТИШ кога тие бараат да го смениш уставот и да го ставиш договореното име во устав?
Кои се тие држави ?
и 4. Нели мислиш дека Северна република Македонија ќе отвори прашања за идентитетот и јазикот?
Не, доколоку на тоа се пристапи со голема сериозност, и доколку таа сериозност ја гарантираат ООН, Америка и Англија.
 
Властите во земјава треба јавно да излезат и да кажат дека Македонија во овој век ќе биде спремна за заедничка промена на име со Грција и само со Грција,која толку се држи на бесмислениот став окулу името на соседна земја што има право според сите меѓународни закони и норми да си избере сопствено име какво што си избрала МАКЕДОНИЈА.Истовремено да ја потсети меѓународната јавност дека Грција и покрај скоро 100 годишната окупација на делови од Македонија не успеа да им го смени името ни на окупирана Македонија ни на нејзиниот народ и покрај тортурите,страдањата и асимилацијата што им ги наметнале,а Македонците останале Македонци и живеат во окупирани делови на Македонија,што е пример и со премиерот Караманлис кој изјави дека не е Грк туку е Македонец како и 2 милиони други луѓе.Само така Атина ќе го согледа парадоксалниот став за кој бескомпромисно се држи и кој може да им представува бомба во џеб.А не да ми мрчи со црвени или портокалови линии,џиги-миги,дрн-мрн,и да глуми преговори до недоглед.:toe:
 
Ќе ти го дадам истиот одговор кон многупати до сега сум го одговорил.
Мене, а и нас како држава, не треба да не интересираат максималистичките барања на грција, туку треба упорно нашите позиции да ги наметнеме на влијателните држави во ЕУ и надвор од неа.

:pos2:

Па чим е вака, зошто ја наметнуваш својата согласност за промена на името?
 
Не, доколоку на тоа се пристапи со голема сериозност, и доколку таа сериозност ја гарантираат ООН, Америка и Англија.

како тоа би идело.
им викаме на нив еве ние сме Македонци, знаеме дека сме Македонци, ама дај за секој случај вие гарантирајте ни на писмено дека тоа и ќе останеме.
смешно е тоа не зафркавај.
никој неможе да ти гарантира идентитет.
видовме колку вредат тие договори, плус грција повторно нема да се согласи и пак ќе попречува (еднаш веќе и го строи тоа иако Буш јавно изјавуваше подршка).
Мене не ми е јасно како може уште у кампања некој да изнесува став, унапред попушта со мењање на име. дава на знак дека ако дојдат на власт името веќе е сменето, така да грција почна да припрема терен за идентитет и јавно кажа дека п0окрај името на државата за да се разликувале нивна и наша Македонија ќе треба начин да се најде и населението да се разликува (нивните Македонци од нас).
 
еве јавно викам дека реален не го мислам за предавник,само што има поразлични мислења од мене,со тоа не си предавник,точно е............поздрав ај треба да шетнеме,еве ти кажи како ке а решиме работата,покажи ги твоите мисења..........
 
ne siri lazni informacii

НАТО не го менува начинот на гласање за прием
Можеме да потврдиме дека консензусот останува начин на одлучување при приемот на нови земји, велат во седиштето на алијансата во БриселНАТО не размислувал ниту ќе размислува за промена на процесот на одлучување кога станува збор за проширувањето, нагласува алијансата по изјавата на еден од кандидатите за претседател на Македонија дека земјава ќе биде примена бидејќи ќе се измени и начинот на прием на нови членки во Сојузот. Влезот на нови земји останува возможен само доколку сите членки се согласат со тоа, потврдува портпарол на Северноатлантскиот пакт, кој завчера на самитот ги прими во своите редови Албанија и Хрватска.

- Начинот на одлучување при прием на нови земји-членки не е променет и за негово менување не се размислува - вели портпарол на организацијата. Одлучувањето при прием на нови земји во НАТО се заснова врз Вашингтонскиот договор потпишан на 4 април 1949 година.

„Страните можат, со едногласна согласност, да поканат која било европска земја што е во можност да ги продолжува принципите на оваа Повелба и да придонесува за стабилноста на северноатлантската област за да и' пристапи на оваа Повелба“, вели членот 10 од договорот на сојузниците потпишан во Вашингтон со кој е креиран Северноатланскиот пакт. За промена на начинот на одлучување во НАТО имало и повици и размислувања, но никогаш во однос на проширувањето, објаснува дипломат во Брисел.

Во НАТО велат дека нивната организација е составена од членки на кои не им е забрането да имаат свои ставови, кои не секогаш се совпаѓаат со оние на алијансата. Во тој контекст тие ја сместуваат и изјавата на канадскиот министер за одбрана кој во една дебата се произнесе за одлучување на сите минус еден.

- Ставот на министерот е негов личен став, што НАТО ниту сака ниту може да го коментира. Ние можеме само да потврдиме дека министрите во приватни дебати имаат право да изнесат личен став. Можеме исто така да потврдиме дека консензусот останува како начин на одлучување во НАТО - велат во седиштето на алијансата во Брисел.

Во ЕУ работите се нешто поинакви, иако и таму проширувањето подлежи на едногласност. Промена на процесот на одлучување од консензус во мнозинско гласање е предвидена со Лисабонскиот договор на ЕУ што би требало да биде усвоен наесен доколку Чешка и Ирска, двете најскептични држави во поглед на оваа повелба, се согласат да го ратификуваат. Оваа нова европска повелба предвидува укинување на едногласноста во многу области за да и' се овозможи на ЕУ поглатко да функционира и да не биде блокирана поради националните интереси на земјите-членки. Процесот на проширувањето е една од ретките области каде што правилото на едногласност останува да биде во сила.

izv.dnevnik

firewall, podrzuvachot na Makedonija- konzervativnata vlada na Kanada na chelo so Premierot Harper-lobira i pravi se za da priemot vo NATO bide bez konsenzus.Odnosno da se vrshi priem so eden ili dva glasa protiv. No za takvi vesti vo makedonskiot pechat nema mesto.
 
:pos2:

Па чим е вака, зошто ја наметнуваш својата согласност за промена на името?
Прво, делумна промена на името.
Второ, и јас можам како вас "патриотите" на секој втор збор да ги пцујам гејците , да кукам и плачам во стилот на калимеро нема правда, и само да го лоцирам проблемот без да нудам никакво решение.

Во согласност со фактичката состојба мислам дека двојната формула нема теоретски шанси да профункционира во наредните 100 години.

Значи нешто што има шанси, е таканаречената проширена двојна формула.

Тоа е моето решение, без кукање плачење и мавање глава во зид.

Друга теза.
Во моментов сеуште имаме некакви изгледи и шанси да завршиме со некаква контролирана штета.
Се плашам дека во иднина штетата не ќе можеме да ја контролираме.

Трета теза.
Доколку секое решение го загрозува нашиот идентитет и договор не е можен, веднаш прекинување на преговорите и фокусирање на реалните проблеми, пред омразата помеѓу Македонците да прерасне во нешто многу поголемо.

Мене не ми е јасно како може уште у кампања некој да изнесува став, унапред попушта со мењање на име. дава на знак дека ако дојдат на власт името веќе е сменето, така да грција почна да припрема терен за идентитет и јавно кажа дека п0окрај името на државата за да се разликувале нивна и наша Македонија ќе треба начин да се најде и населението да се разликува (нивните Македонци од нас).
Тоа е затоа што не разбираш дека двојната формула после Букурешт е веќе апсолвирана ствар.

Додуше двојната формула никогаш и не заживеала како сериозна опција.
 
Тоа е затоа што не разбираш дека двојната формула е после Букурешт е веќе апсолвирана ствар.

Додуше двојната формула никогаш и не заживеала како сериозна опција.

ќе ти постирам од друга тема Братот шо ја отвори.

Факт е дека гаранции или атест за националниот идентитет не издава никој. Прашањето на идентитетот никогаш не било дел од меѓународното право, односно од формално регулираните меѓународни односи. Дури и да претпоставиме за момент дека Советот за безбедност на ОН би „издал“ такви гаранции, што би бил резултатот од таквата резолуција? Најпрво, тоа би значело дека земјата, Република Македонија, нема цврст, неоспорен, изворен идентитет или идентитетот и е до таа мера загрозен што бара некој од надвор да и го гарантира. Со тоа комплетно би ја заокружиле и докомплетирале сликата што сака да ја портретира Грција за нашата земја како вештачка, неприродна творба, создадена со помош на меѓународниот комунизам (Коминтерната), која нема изворен идентитет и која присвојува туѓо цивилизациско и културно наследство.

http://novamakedonija.com.mk/Deskto...=2&fCat=1&top=1&EditionID=358&ArticleID=21807
 
firewall, podrzuvachot na Makedonija- konzervativnata vlada na Kanada na chelo so Premierot Harper-lobira i pravi se za da priemot vo NATO bide bez konsenzus.Odnosno da se vrshi priem so eden ili dva glasa protiv. No za takvi vesti vo makedonskiot pechat nema mesto.

:))

Чинам не успеавме да го бутнеме Питер Мекеј за нов генерален секретар, па шансите да се излобира нешто повеќе се искомплицираа.

Ама мора да се признае дека Харпер голема помош ни е, се надевам дека ќе може да влијае некако врз промена на начинот на гласање.

Ехх Македонци в Канада бре, што ќе прајевме без вас!!!
 
ќе ти постирам од друга тема Братот шо ја отвори.
Оф леле. Па ако идентитетот не е проблем и ако никој не треба да ни го гарантира, што е проблемот ?
 
Не, доколоку на тоа се пристапи со голема сериозност, и доколку таа сериозност ја гарантираат ООН, Америка и Англија.

Дали ние *не* пристапуваме со сериозност кон прашањето на својот сопствен идентитет, па ни треба друг да биде сериозен околу нашиот идентитет, и истиот да ни го гарантира?

Оф леле. Па ако идентитетот не е проблем и ако никој не треба да ни го гарантира, што е проблемот ?

Грција, нели?
 
Дли ние *не* пристапуваме со сериозност кон прашањето на својот сопствен идентитет, па ни треба друг да биде сериозен околу нашиот идентитет, и истиот да ни го гарантира?
Дали кај некој овде во државава постои некакво сомнение дека ние сме Македонци ?
Грција, нели?
Сакаш да ми кажеш дека треба да ги натераме грците прво да не признат како Македонци, па потоа да размислуваме за НАТО и ЕУ ?
 
Како се одвиваат работите, не ќе да е на арно.....
Се потсеќам на инервјуто на Велиновска кај Миленко, и уште тогаш се подзамислив за една констатација, која за жал изгледа дека е суровата истина, а тоа е :
Европските дипломатии како Англија, Германија, Франција, имаат континуитет во својата политика. Ако ја поделиле Македонија во 1913 и и подариле на Грција пола терторија, сега би требало да признаат дека тоа го направиле и да имаат црна дамка во својата историја. За нив Македонија и Македонците се мала колатерална штета во нивните “брилијантни’ дипломатски дострели.
Попрво ќе не уништат тотално, и ќе си ја исперат совеста, отколку да признаат геноцид.
Затоа, не ги гледам ни малку наивно се почестите “ненамерни“ пропусти каде се брише знаме, територија, а јазикот ни е веќе TBD (to be determined)
Тивко од позадина, со крвникот на чело кој ја грабна пола Македонија, ЕУ не брише комплетно....
А ние , какви не дал господ, душата си ја продаваме , само да влеземе во ЕУ и НАТО...
Се продаваме на тие што ни ја ставаат бесилката околу вратот, како мирни овци на колење...
Затоа, одиме напред , со измента парола од отпорот против фашистите во 1941:
“ Подобро роб, отколку гроб“
Времето работи против нас, а ние си ги копаме очите меѓусебе и се делиме на антиквисти и словени, се преиспитуваме кои сме и од каде сме....
Не е на арно, дефинитивно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom