- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 708
Гласачки геноцид поради транскрипција на албанските имиња во избирачкиот список на Република Македонија- вакво обвинување било изречено од експертот на ЦИА Стивен Стигал на конференција во Мајами одржана пред еден месец.
Таму била разгледувана сигурноста на електронските гласачки системи и нивните компјутерски поддршки. За да го испитаат сопствениот гласачки електронски систем, бил ангажиран и експертот на ЦИА Стигал, кој тврдел дека не постои безбеден електронски систем за гласање. Негативните примери биле Венецуела каде постојано победува Хуго Чавез, Украина и Македонија но само за делот со избирачкиот список.
„Кога во Албанија била проверена транскрипцијата на албанските имиња од македонскиот избирачки список било утврдено дека многу албански имиња недостасувале. Што претставува еден вид софистициран геноцид, изборен геноцид на македонските власти на што се жалат Албанците“, напишал во извештајот Стигал.
Во краткиот осврт на Стигал не се спомнува дали станува збор за погрешна транскрипција на лични имиња, кои во избирачкиот список се на македонска кирилица или пак станува збор за неупотребување на албанските топоними кои не биле употребувани бидејќи во избирачкиот список се употребуваат македонските топоними на градовите и селата.
A1