delboy
кршач на огледала
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 1.358
- Поени од реакции
- 24
Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” нема да излезе со став околу саботните инциденти на плоштадот “Македонија”. И покрај барањето на дел од членовите на сенатот овој настан да се осуди, ректорот Велимир Стојкоски остана на својот став дека протестот не бил организиран ниту од студентската организација при Универзитетот ниту од Архитектонскиот факултет и нивниот студентски сојуз. Оттука, според него одговорноста треба да ја превземе организаторот, бидејќи никој не може да потврди дали станува збор за студенти од Скопскиот универзитет.
- Кој кого тепал и чии партиски препукувања биле во прв план според него треба да утврдат надлежните институции, а не универзитетот кој е автономен, рече Стојкоски.
Ваквиот став, според дел од членовите на Сенатот, не соодветствува со некои претходни постапки кои исто така беа вон рамките на сферата на Универзитетот.
Ванчо Кусакатов, професор на ПМФ му реплицираше на Стојковски:
- Дали беше аполитична и вашата одлика да го подржите едниот претседателски кандидат?
- Тоа беше поинаква ситуација. Се потпишав како Велимир Стојковски, а не како ректор, одговори Стојквски.
Со сличен став излезе и Илија Велев од Институтот за македонски јазик: “Да ги оставиме партиите во нивните битки, а ние да си ја гледаме нашата работа”.
Со Велев не се согласија поголемиот дел од неговите колеги кои ја бранеа слободата на изразување на лично мислење. Според Елена Градишки Лазаревска од Правниот факултет, секој, а најмногу младите луѓе, односно студентите мораат да го бранат правото на независна мисла. И 10 отсто од нив така да размислуваат никој нем аправо да си спречи. Сеедно е тоа што не се организирани од студенткиот парламент или од факултетот, рече таа.
Зорица Блажевска од Архитектонскиот факултет рече дека е чудно тоа што и досега студентите не излегоа со став околу се поголемиот број промени во центарот Два дена по инцидентот на плоштадот со став излезе и претседателот на студенсткиот парламент Самоил Малчески. Протестот според него не бил органииразн од нивна страна и не е поврзан со ниту едно право и интерес на студентите. Меѓу протестантите, тврди, можеби имало и студенти, но тоа никој не може да го знае или потврди. “Има околу 70000 студенти, некој може да протестира бидејќи на пример, Mакедонија е помала од Америка. Не можеме да го подржиме секој облик на незадоволство”, рече Малевски
Според него, одговорите треба да се бараат од Милчин и од Грчев. Ако тие професори ги организирале тврди треба сега да застанат зад нив, а не да се кријат зад основните принципи на демократијата.
До даска ни е исполитизирана државата!
тепањето е сила ,тепањето е моќ наместо слоганот знаењето е сила, знаењето е моќ ,изјави еден професор на ПМФ