Љубовта како мотив за убиство

  • Креатор на темата Креатор на темата Serengeti
  • Време на започнување Време на започнување
Понекогаш не знаеме кон што не води животот, тие што осетиле вистинска љубов знаат што е среќа, ама тие што осетиле како е да изгубиш вистинска љубов знаат што е несреќа најголема на светот, заради љубов живееме, за љубов и ќе умреме, нормално здрав разум мора да постои но сепак моменти се во прашање, афектна состојба, депримираност а дефинитивно не би убила заради љубов, би се убила да ама не би убила, иако самоубиството е грев според Божјите закони, но не се знае што е поголем пекол да живееш живот без љубов што е чисто преживување или да си ги скратиш маките, не знам
 
Понекогаш не знаеме кон што не води животот, тие што осетиле вистинска љубов знаат што е среќа, ама тие што осетиле како е да изгубиш вистинска љубов знаат што е несреќа најголема на светот, заради љубов живееме, за љубов и ќе умреме, нормално здрав разум мора да постои но сепак моменти се во прашање, афектна состојба, депримираност а дефинитивно не би убила заради љубов, би се убила да ама не би убила, иако самоубиството е грев според Божјите закони, но не се знае што е поголем пекол да живееш живот без љубов што е чисто преживување или да си ги скратиш маките, не знам

Да,моменти се во прашање.Моменти во кои што треба да останеме цврсти и силни и да издржиме.Моменти кои што треба да знаеме како да ги исконтролираме.Ако живееш живот без љубов,тогаш немаш причина да си ги скратуваш маките ради љубов.Но сепак,живот без љубов не е живот.Не вреди да се самоубиеш поради некој/некоа што ти раскинал/а.
 
Љубовта како мотив за убиство
Дилемата е добро поставена, но мотивот за убиство не доаѓа заради љубовта. Мотивот е љубомората и егоизмот или поточно речено нешто што до некој момент си го поседувал и од тој момент си го изгубил. Мислам дека во ваквите случаи периодот пред убиството не е период на љубов, туку груба и невкусна замена на љубомората и егоизмот со зборот љубов и прикривање на сопствените слабости некого по секоја цена да го поседуваш. Верувам дека во ваквите случаи, моментите на т.н. љубов се исполнети со постојани покажувања на надмоќ од едниот кон другиот, но во тие моменти подоцнежната жртва се обидува со постојано амортизирање на односите да проба да ги ублажи постојаните желби и барања на другиот. Така настанува погрешна представа кај љубоморниот и тој помислува дека станал апсолутен сопственик на партнерот и верува дека само тој е апсолутниот примател на љубовните чуства од другиот. Меѓутоа таквата привидна љубов трае толку долго, колку што жртвата може да ги трпи постојаните барања и услови од страна на партнерот. Моментот кога осознава дека и покрај силната желба и големото залагање т.н. љубов да успее настанува прекинување на таквата „љубов“ и.... Тогаш излегува најлошиот момент од т.н. прекрасна љубов. Имено љубоморниот партнер осознавајќи дека ја изгубил апсолутната контрола и надмоќ, неможејќи да се помири со фактот дека изгубил нешто кое до вчера го контролирал целосно почнува да покажува знаци на нервоза. Така започнува прогонот и желбата да си го врати изгубениот партнер под своја контрола, но честопати во тие случаи еднаш „спасениот“ партнер од ваквата љубов повеќе никогаш е се враќа назад. За жал во помал број на случаи, за кои сме сведоци настанува и најлошиот расплет на таквата љубов со одземање на животи. Така скоро секогаш љубоморниот партнер во состојба на афект, кога разбира дека трајно го изгубил партнерот кој дотогаш го контролирал во т.н. љубов посегнува по животот на партнерот, а потоа и по својот живот.Оттука и заклучокот: можеби гледано од страна љубовта е мотив за убиство, но вистината е поинаква, љубовта е само алиби на љубоморниот партнер да си го задоволи сопствениот егоизам и љубомора, за жал ни самиот несвесен дека не успеал во краткиот живот да осети што значи љубов.
 
Тинејџерите највише овие работи ги прават,не дека и другите не се убиваат ради љубов.Кога ќе видат дека љубовта не е се во животот и ај крај на свет.Глупости,љубовта никако не треба да е мотив за убиство,посебно не во време на економска криза ебаго.Шега настрана.Што знам,порано мислам не било вака,но сепак глупаво ми е мене тоа,кога ради љубов,паѓаат во депресија,па вени си сечат,или ќе се наголтат апчиња и сл.Живеј го животот додека си млад,тие години се најубави,глупаво ќе биде да се истрошат само за ЉУБОВ.:smir:

Да додадам, емовците се вакви најчести случаеви. Тешко родителите и околината со нив:smir:.

Со ниедна мозочна клетка не би размислувала на тој начин. Не гледам никаква добра поука која останатите би ја извлекле од мене. Сум научила дека животот ни` носи далеку, неспоредливо поголеми проблеми отколку проблемите со кои се соочуваме со љубовта.
Не е никакво херојство да посегнеш по својот живот.
Кукавичлук до бесконечност.
 
Никогаш. Ама баш никогаш. Љубов...да, се тоа е супер. Дај Боже и да осетам права љубов, ама да посегнам по туѓ живот или по својот - тоа никогаш. Ништо не е повредно од човечкиот живот.
 
Ни тие што убиле, не мислеле дека еден ден тоа ќе го сторат. Затоа сметам дека се работи за тежок момент на афект и тонење на сите бродови. Кога во животот сите твои соништа ќе ги концентрираш во еден човек, а тој те разочара, тогаш повеќе сакаш да го уништиш изграденото, отколку да го дадеш на некој друг. Ваљда така некако се создава мотивот за убиство на саканиот. Тоа ми е единствено логично објаснение. Дали би убила некој свој сакан? Не, затоа што прво слободата ми е услов за живеење и дишење и второ затоа што љубовта можам да ја пресадам во друго срце и таму да ми израсне цвет. Поарно отколку крст.:smir:
 
Ма возрасни, тинејџери, баби и дедовци...кој и да е за да го направи ова мора страчка да му го испила мозокот, ова не се нормални луѓе, а за ненормални никогаш нема рационални причини за правење вакви најдебилни работи, па така ние џабе пробуваме да претпоставиме за тоа има луѓе кои си учеле факултет и знаат дека не е до луѓњто туку до мозокот што им откажал.
 
Bolni lugje so ova, zdrav covek ne bi posegnal po zivotot bez razlika na kavi teskotii ke naide. Nikoj ne zasluzuva zaradi nego da si go odzemes zivotot. Ne te saka - ne te saka, cao, prijatno, vo moreto ima mnogu ribi. E sea bole, znam, tesko e da sakas a da ne ti bide vozvratena ljubovta, ama zivotot vredi mnogu poveke od ljubovta i ne vredi da se odzeme zaradi nea.
 
нема шанси да се убијам заради некоја си..па колку и да ја сакам не е тоа решение ако ми се скарала или како и да е...не е последна па да си го одземам животот...после неа сигурно ќе најдам друга и животот продолжуе..
 
Слаб карактер ништо повеќе. Сепак постојат и такви луѓе... Затоа постојат и специјалисти (психолог,психијатри) кои можат да им помогнат на нив.
 
И јас мислам дека тоа се моменти...Вљубена сум и со дечкоми имаме прекрасна врска...без него мислам дека не би можела да опстојам па сигурно би помислила на самоубиство но него да го убијам во никој случај...тоа е еден момент,еден афект кога си избезумен...а често се дешава тоа да се случува кај лица кај кои љубовта преминала во опсесија...и тогаш е најлошо...можеш да се убиеш поради некого што го сакаш,но да ја убиеш личноста што ја сакаш,ако стварно ја сакаш мислам дека не може...сепак мислам дека може да се случи доколку се работи за опседнатост...
 
А темава да не е малце глупа???
Па некој да одземе живот треба да е тешко психопатиште, без разлика дали е свој или нечиј. А кога веке се нашле во таква ситуација нека си се консултираат со стручни лица, а такви на форумов неверувам дека има.
 
не би го направила тоа па и колку да го сакам тоа се моменти на слабост но сепак не е само тој на светот не никој толку вреден да си го скратам животот зашто не сака да биде со мене
 
Љубовта секогаш претпоставува живот, раст, напредок.

Она што тера некого да се самоубие е посесивност, себичност, лабилност, очај, страв...се што е спротивно од љубовта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom