Како да кажам проекти каде што ќе им се помага на граѓаните
Не ме бива со дефиниции и големи зборови ама можам да ти дадам примери и идеи
1.Сос продавници каде граѓанинот може да купува за 70-90% поевтина храна
2.народни кујни (кои инчае им се заканува затворање поради недостаток на донори )
3.Помош за самохрани мајки кои се оставени на милост и немилост на судбината на пример може да се организираат граѓаните наизменично да ги чуваат децата нивни и да не дозволат да застранат
4.ревитализација на социјалните служби кои денес во состојба на вегетирање
5.децата кои имаат сколоност кон девијатни дејствија да бидат ресоцијализирани и9 ревоспитувани а не стрпувани во дом кој е во катастрофална сосотојаба
П.с драг пп знам дека знаеш што се подразбира под социјални програми:helou:
Е де, добро, знам ама сакав да видам дали сме на иста фреквенција.
Еми, се` е убо, море чупе ама од каде пари за тие активности.
Кој ќе ги заработи?
Кој тоа праведно ќе ги распределува?
Социјалата, социјалното, е дупка без дно и болно прашање за секој кој има барем малку душа.
Дали во овој период е подобро да се концентрираме на тие кои ќе донесат за да имаат и социјалата или да се концентрираме само на социјалата?
Како и да се одговори за едни ќе се биде во право, а за други не. Сепак постои логичен одговор, но каде е човечноста за тие на кои им е потребна денес?
Ова те прашувам бидејки кај нас, потврдено, се покажува како негативност способноста да се заработува
самостојно преку приватна иницијатива.
Доколку одговорот ти е државата тогаш контра прашање ќе ти е од каде „државата“ ги добива парите?
Исто така, кој денес и колкумина би биле спремни да работат мошне сложена и тешка работа без надомест?
Ќе да е од законите или ќе да е од едно застарено, непродуктивно и штетно размислување? Што мислиш, каде може да го откриеме одговорот и решението на спомнатите проблеми на кои е потребно решение?
Поради спомнатите потешкотии кои како општество ги имаме способните не можат да се најдат себеси, а камоли оние од општеството на кои им е потребна помош.
Како да го решиме овој дел?
Од каде да се почне?
Поздрав:helou:
П.С.
Ова е посуштинско од статуи и реклами, односно вмро-овска и сдсм-овска политичка пропаганда.