Љубе одбива да сведочи во одбрана на Тарчуловски

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Па не вредеше или да беше глупости ќе го изедевте живи но самиот факт што го игнориравте кажува дека нематае одговор но не сакате да го прифатите. А постот даде некои многу добри агрументи.

Грешка си не го напаѓа ВМРО туку Сител телевизија и Латас. Се уште не сум чул некој од ВМРО да го нападне Љубе само не знам што чекаат.
Токму тие се оската на вмро која пласира лаги и невистини во јавноста Клатас,Кутрински весник и Сител на Динго уствари се што набројав е на Динго
 
А ова:

Туку што ако го подржува Б.Ц на Лубета. Каде му е патриотизмот сега, и зошто одбива да сведочи за Јохан.

Од каде знаеш дека одбил. Дали е поканет од судот да сведочи?

И кога Б.Ц. дал изјава дека го подржува Љубе. Се има сретнато со Бранко човекот. И јас се сретнав еднаш со Бранко. Сигурно и мене ќе ме подржи сега да оформам партија. Ќе ми даде и членови.
 
Токму тие се оската на вмро која пласира лаги и невистини во јавноста Клатас,Кутрински весник и Сител на Динго уствари се што набројав е на Динго

http://www.skai.gr/master_avod.php?id=115434

zirni ja celata emisija, vidi koi likovi se viknati da go opisat gruevski...sem vankin, branko gerovski, ljubomir frckovski, ljube boskovski , trifun kostovski, slobodan casule.

p.s. ako nekoj moze neka se stavi prevod da vidime posalam sto toa grcive gi mrdna od umot ))))
 
Од каде знаеш дека одбил. Дали е поканет од судот да сведочи?

И кога Б.Ц. дал изјава дека го подржува Љубе. Се има сретнато со Бранко човекот. И јас се сретнав еднаш со Бранко. Сигурно и мене ќе ме подржи сега да оформам партија. Ќе ми даде и членови.
Кога даваш коментари во Тема читај го прво првиот пост од Темата.

Љубе Бошкоски одбива да сведочи во одбрана на Јохан Тарчуловски во Хаг.

Членови на адвокатскиот тим се револтирани што Бошкоски наместо да покаже поддршка и да се појави пред судот на статусната конференција која се одржа минатата недела, испратил само „загари“ кои ќе внимаваат што се ќе биде кажано.
Потврда за лошата соработка даде и адвокатката на Бошкоски, Едина Рашидовиќ - Бошкоски ќе сведочи ако тоа не е спротивно на неговите интереси, вели таа.
http://sitel.com.mk/?ItemID=D8048D2867A4AB4ABC2AAFDB005D6223

Хах Таман работа уште изјава да даде дека Б.Ц го подржува, нека се слика Лубе тогаш. Не беше доволна вечерата со Бучковски и компанија во еден скопски ресторан.
 
Vo igrata moze da ucestvuva bilo koj "Lik" odnosno "Lice" no tie sto ja kontroloraat igrata se lugjeto, Narodot Makedonski i kako sto pokaza vo prviot krug na izborite toj e podgotven da gi prezeme rabotite vo svoi race. Edno prasanje se cini sepak ja maci ovaa nacija: Zosto SDS na FYROM, LJube i Ljubco imaat tolku bliski stavovi i koncepti za makedonskata idnina (potocno receno nebidnina)?????
Kako moze da mu nasteti svedocenje vo ime na vistinata na "Bratot"(ako nekoj mi kazese pred 7 godini deka ke go pisuvam vo navodnici nemase da veruvam)? Na toj "patriot" makedonski, "borec" za makedonskata vistina, narod i drzava. Na "Bratot" koj propagira stavovi sprotivnoi na zelbite na 97% od makedonskite gragjani.

Кога пишував дека Брат Љубе не го поддржувам за претседател и покрај мојата претходна подршка и потписи за помош во Хаг реков, Брат Љуе нема капацитет за претседател. Сепак триумфалното излегување од Хаг и помислата дека тој е херој го дигнаа до небо, па тој помисли дека Македонија него го чека и моли да ја спаси. И тука почнаа сите сплетки комбинаторики и желби. Понатамошниот тек на настаните е веќе добро познат на сите нас. Морам да признам дека наполно сум разочаран од Брат Љубе, но исто така и морам да признам дека целата фама околу него има повеќе вистини. Затоа јас велам дека признавајќи и самиот тој дека еволуирал како политичар (а никогаш не бил политичар, секогаш беше чиновник во владата) на себе си закачи толку многу интриги, кои и самиот тој не знае што и како со нив. Се заради немање на политичка харизма и пред се капацитет. Најдобро од се ќе беше ако тој по враќањето седнеше и пишуваше мемоари. Но кога слава ќе удри у глава ......
 
Кога даваш коментари во Тема читај го прво првиот пост од Темата.
Љубе Бошкоски одбива да сведочи во одбрана на Јохан Тарчуловски во Хаг.
Членови на адвокатскиот тим се револтирани што Бошкоски наместо да покаже поддршка и да се појави пред судот на статусната конференција која се одржа минатата недела, испратил само „загари“ кои ќе внимаваат што се ќе биде кажано.
Потврда за лошата соработка даде и адвокатката на Бошкоски, Едина Рашидовиќ - Бошкоски ќе сведочи ако тоа не е спротивно на неговите интереси, вели таа.
http://sitel.com.mk/?ItemID=D8048D2867A4AB4ABC2AAFDB005D6223
Хах Таман работа уште изјава да даде дека Б.Ц го подржува, нека се слика Лубе тогаш. Не беше доволна вечерата со Бучковски и компанија во еден скопски ресторан.

За да сведочиш треба да бидеш поканет. Дали Љубе добил покана. Дали ја одбил. Никаде не е напишано тоа. Човекот само пратил адвокати да видат што се случува. Страшна работа:pipi:.Исто така се уште не се знае зошто Љубе не сака (ако е воопшто точно тоа) дека нема да сведочи.

Не беше доволна вечерата. Нема ни еден доказ дека има каква и да било подршка од обични гласини. Кој сака може да оди на вечера да јаде. Сите кандидати се собраа еднаш и ајдеа заедно може се договорија тогаш нешто. :pos2: Само ме интересираше да не имало некој свеќи па да не била некоја романтична вечера? Што се не ќе се чуе и напише. И од каде вооптш испадна веста за вечерата?
 
хахах :pos: каков доказ бараш, нели ти се доволни истите ставови на Бошковски и Сдс за името и дека Македонија мора да влезе во Европа па и да го смени името.

Да, кој сака може да оди и да договора, не реков дека неможи. Се правиш паметен или трењираш, кандидатите за претседател цело време беа под камера.
А Лубе беше на вечера со Бучковки и Мери Младеновска, не беше пред камери и не сакаа да ја коментираат вечерата после тоа.
chj13.jpg

Повеќе овде:
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41813&kategorija=7
 
хахах :pos: каков доказ бараш, нели ти се доволни истите ставови на Бошковски и Сдс за името и дека Македонија мора да влезе во Европа па и да го смени името.

Да бе. И Нано Ружин и Селмани и и сите други кандидати кои имаат исти и слични ставови како Љубе сите се под на Бранко контролата. Што ќе каже Бранко тоа.:jaj: Што моќ ќе имаше овој Бранко бе надчовечка.

Да, кој сака може да оди и да договора, не реков дека неможи. Се правиш паметен или трењираш, кандидатите за претседател цело време беа под камера.
А Лубе беше на вечера со Бучковки и Мери Младеновска, не беше пред камери и не сакаа да ја коментираат вечерата после тоа.
chj13.jpg

Повеќе овде:
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41813&kategorija=7

Значи на оваа вечер се десиле сите тајни преговори. Во ресторан под лупа на камерите каде секој може да ги види.:kesa:
"Ние сме стари пријатели а и браќа, заедно војувавме за Македонија", ни рече Бошковски.
"Не разговараме за политика, тука сме да се дружиме", изјави Бучковски и не замоли да ги оставиме раат.
 
Да бе. И Нано Ружин и Селмани и и сите други кандидати кои имаат исти и слични ставови како Љубе сите се под на Бранко контролата. Што ќе каже Бранко тоа.:jaj: Што моќ ќе имаше овој Бранко бе надчовечка.

Значи на оваа вечер се десиле сите тајни преговори. Во ресторан под лупа на камерите каде секој може да ги види.:kesa:
"Ние сме стари пријатели а и браќа, заедно војувавме за Македонија", ни рече Бошковски.
"Не разговараме за политика, тука сме да се дружиме", изјави Бучковски и не замоли да ги оставиме раат.
"Дури ни вчера двајцата не сакаа да коментираат што зборувале за време на вечерата".

Не мора да значи дека се договориле на вечерате, али е доволен показател за напредок на преговорите на сдс и Лубе.

БОШКОСКИ И ФРЧКОСКИ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАЕДНИЧКА КАМПАЊА

ЉУБЕ УТРИНАВА НА „ПЕЕЊЕ“ КАЈ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ
Љубе Бошкоски и Љубомир Фрчкоски влегуваат во заедничка кампања. Спонзорите на Љубе бараат да формира партија која ќе плука по Груевски.
Утрово Бошкоски имал средба со сегашниот претседател и иден шеф на СДСМ Бранко Црвенковски, а потоа и закажана средба со Фрчкоски. Двајцата во изјави за грчка телевизија, на програма емитувана вчера ги бранеле грчките интереси, а ги плукаат оние на Груевски.

Да те потсетам темава гласи:Љубе одбива да сведочи во одбрана на Тарчуловски
 
еве вечер што има напишано 2007

ЕКСКЛУЗИВНО: КАКО ДАВЕНИКОТ БУЧКОВСКИ ГО ПОВЛЕЧЕ СДСМ ПО СЕБЕ

Љубе го спаси Бучко од притвор!

Во намерите да се спаси од притвор екс премиерот и министер за одбрана Бучковски за три дена ги употреби, и злоупотреби речиси сите кои беа дел од процесот. Финале, тој е лице со одзеден пасош кое се гони за криминал, а неговата партија е на маки како да ги објасни трите дена за кои СДСМ ќе се правда барем наредните три години. ВЕЧЕР прв дознава што правеше Бучковски за да се спаси од давењето, а да ги повлече кон дното сите други: од СДСМ до Љубе Бошковски!

8A6D83C7EE438242AE3DA67AFACDA2FC.jpg
Минатата недела, и скандалот околу кривичната пријава и најавата за притвор на Владо Бучковски секако ќе спаѓа во темните датуми на СДСМ.
Прво, затоа што првпат во Македонија се поведува кривична постапка за проневера за највисок државен функционер, за премиер кој доскора беше претседател на СДСМ. Второ, затоа што реакциите на СДСМ беа рамни на маалска партија радикали собрани околу интересите на еден човек, а не околу сериозна и зрела политичка идеја. Па, кога интересите на тоталитарниот лидер се загрозени, тогаш се загрозени сите во партијата. Без оглед на причините.
Како инаку да се протолкува дека целата пратеничка група на СДСМ протестира пред истражниот суд, врши досега невиден јавен притисок врз судската власт заради, наводно, непрописно одзеден имунитет на својот поранешен претседател Бучковски, а тој внатре се откажува од пратеничкиот имунитет, со што нивните протести освен нелегитимни и политички опасни, стануваат и беспредметни!
Бучковски остана лице гонето за криминал со одзеден пасош, а се спаси од притвор иако другите од случајот се веќе во Шутка, а патем го повлече СДСМ на самото дно.
Бучковски беше осомничен за ово случај уште во 2002. Но, СДСМ победи на изборите, и по тие избори Бучковски повторно стана министер за одбрана, по што падна кривичната пријава. Потоа, за време на неговиот мандат, за што ВЕЧЕР ексклузивно пишуваше, од депото на Министерството за одбрана исчезнаа докумнети за јавни набавки, меѓу кои и оваа за која е гонет Бучковски. Бучковски веруваше дека со тоа случајот е дефинитивно затворен.
Но, по скандалот за шверц со оружје во кој беше вмешана и фирмата МЗТ, се дојде до нови сознанија за јавните набавки кои на времето Бучковски ги правел со МЗТ за бугарските тенкови. Случајот се отвора повторно.
Пред две недели Бучковски е повикан на распит во МВР, а две недели потоа пред истражен судија е распрашуван и одредена му е мерка притвор на второосомничениот генерал Стамболиски. Првоосомничениот Бучковски секако го знае тоа, но ладно оди на одмор и глуми дека не е заинтересиран за случајот.
Истражната судијка Катица Јовановска упатува покана за распит на Бучковски, определува мерка притвор и бара од Комисијата за имунитет да се симне пратеничкиот имунитет за да може и Бучковски да биде рамноправно третиран со другите осомничени од кои, двајца, претходно се веќе во притвор.
Бучковски бара спас од своите сопартијци кои го сменија од чело на партијата токму заради неговите матни бизниси. Логиката која им ја наметнува е дека денеска е тој, а утре на удар ќе бидат тие. Дали некој друг меѓу пратениците на СДСМ има потпишано спорна јавна набавка за три милиони евра?! Или пак имал дил со Бучковски за поделба на плен?!
На 1 август Комисија за имунитет на Собранието заседава. Партениците на СДСМ прават инциденти, ја уриваат седницата потоа забележувајќи дека таа се одвивала во ненормална атмосфера и дека всушност и немала завршница и одлука. А одлуката со шест гласа за од девет присутни е дека имунитетот на пратеникот Бучковски му се одзема.
Утредента, на 2 август Бучковски го организира партискиот активист
Тони Чинго, од Охрид, да обезбеди соработка со Драган Гоџо, асистент
на на адвокатот на Љубе Бошковски во корист на Бучковски. Чинго
утредента носи и два автобуси со протестанти пред судот, а Гоџо дава изјава дека без сведочењето на Бучковски, Љубе нема шанси. Гоџо знае дека со откривањето на идентитетот - сведок и истражната постапка, Владо Бучковски најверојатно нема веќе да може да сведочи за Бошковски но му помага во јавниот циркус на Бучковски.
Мотивите засега се тајна.
На трети август во 9 часот Бучковски се појавува пред истражната судијка. Според неговата лична, јавна изјава тој веднаш се откажал од пратеничкиот имунитет. За што тогаш протестираа пратениците на СДСМ пред судот?! Веќе тука се насанкани како мали деца затоа што го штитеа имунитетот на Бучковски од кој тој сам се откажал!
По осум часа распит истражната судика Јованова бара еден час за да се донесе и напише одлуката. Пратениците на СДСМ пред собранието до Бучковски и неговиот бранител дознаваат дека ќе има мерка куќен притвор! Задоволни се.
Но, нема таква мерка. Судијката Јовановска го ослободува Бучковски од веќе изречена мерка притвор, како првоосомничен а во притвор остануваат второосомничениот Стамболиски и четврто осомничениот директор на МЗТ.
Како дојде до оваков расплет, до серија политички скандали на СДСМ кој досега бил имун на тоа, до пресврт во судскиот став и до судскиот преседан првоосомничен да се брани од слобода, а останатите да лежат во притвор!
Сосема основано е дека е направен пазар помеѓу тројката: Љубе Бошковски, судијката Катица Јовановска, која беше во неговиот кабинет кога Бошковски беше министер за внатреши работи, и Владо Бучковски кој нуди дил, и ветува дека ќе даде изјава во Хаг каква што му треба на Бошковски ако Љубе лично, и преку семејството издејствува судијката Јовановска, неговата поранешна колешка, да го повлече притворот!
Во последните пет-шест дена постојат десетина телефонски разговори на релација помеѓу Љубе Бошковски, Владо Бучковски, судијката Катица Јовановска и сопругата на Бошковски на оваа тема.

Бучковски, манипулатор кој како таков е познат на јавноста уште кога беше фатен со наместените телефонски анкети, веднаш по влегувањето од Македонија, на седницата на Комисјата јавно обзнанува дека е сведок за Љубе во Хаг, и дека од неговиот притвор нема да може да сведочи. Прво, на сведочење може да биде однесен и од притвор. Второ, Бучковски не е на листата редовни сведоци за Љубе Бошковски, туку на посебната листа која не се објавува. Со сопствената изјава дека е таков сведок сега се создава можност Бучковски да го загуби статусот, и воопшто да не сведочи во Хаг!
Бучковски ги намести и СДСМ, и Љубе Бошковски, и судијката Катица Јовановска... најбрутално, и најсебично.
Патем, дава лажна изјава дека се чул со Радмила Шеќеринска од која добил поддршка. Црвенковски, дистанцирајќи се од случајот, одеднаш оди на одмор во Црна Гора. Неколкумината соработници на Бучковски дента пред истражен се обидуваат да ја зајакнат неговата позиција и партиската поддршка со лиферување лажна вест меѓу новинарите дека Црвенковски ќе донесе решение за амнестија на Бучковски, што не е точно, и организираат дофрлања и вербални напади кон новинарката и снимателот на Сител. Веста за амнестија во саботата ќе ја реафирмираат и двајца непознати слушатели во емисијата Стадион на Канал 77. Три дена неговите бодигарди одеа по општински комитети барајќи голем митинг за поддршка на Бучковски. Безуспешно.
Дали некој забележа дека Бучковски излезе од кај истражниот судија, си ги собра бодигардите и си отиде. А по него во истрага влезе неговиот близок соработник Аце Ѓурчиновски.
Бучковски не го интересираше што ќе се случи со Ѓурчиновски. Отиде, се пресоблече и саат и пол, потоа отиде на вечера во ресторанот "Ања". Око не му трепна
 
"Дури ни вчера двајцата не сакаа да коментираат што зборувале за време на вечерата".

Не мора да значи дека се договориле на вечерате, али е доволен показател за напредок на преговорите на сдс и Лубе.

БОШКОСКИ И ФРЧКОСКИ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАЕДНИЧКА КАМПАЊА

ЉУБЕ УТРИНАВА НА „ПЕЕЊЕ“ КАЈ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ
Љубе Бошкоски и Љубомир Фрчкоски влегуваат во заедничка кампања. Спонзорите на Љубе бараат да формира партија која ќе плука по Груевски.
Утрово Бошкоски имал средба со сегашниот претседател и иден шеф на СДСМ Бранко Црвенковски, а потоа и закажана средба со Фрчкоски. Двајцата во изјави за грчка телевизија, на програма емитувана вчера ги бранеле грчките интереси, а ги плукаат оние на Груевски.

Да те потсетам темава гласи:Љубе одбива да сведочи во одбрана на Тарчуловски
Па може збореле за секс па сега не им е згодно да коментираат.:toe:

И се разбира сите овие информации за Љубе ги има експлузивно саме Сител телевизија.:pos2:
Пак ќе кажам Сител има само еден новинар и тој го гледаме на вести. Други новинари да ги пратат да ги постават истите прашања на Љубе на кои очигледно му го знаат целиот дневен распоред нема.
Љубе изјави дека сега засега нема план да формира партија, а ако се репи за тоа ќе треба првен да го слушне мислењето на народот.
 
:pos: каков секс бе хахахахахаххаах :pos2::pos2::pos2:
ХЕХЕХЕХ на ова те чекав, за жал не објави само Сител туку и денешен Дневник ја потврди информацијата дека Лубе води преговори со сдс и дека се сретнал со Б.Ц.

Образовај се:
Брат Љубе на пазар кај Бранко

СДСМ ги почна директните преговори со Љубе Бошкоски и со Имер Селмани за поддршка на претседателските избори во вториот изборен круг.
........Како „шлаг“ на преговарачката торта беше вчерашната средба меѓу Бошкоски и претседателот на државата Бранко Црвенковски, чие одржување беше потврдено, но од која изостанаа какви било официјални информации. Според неофицијални информации, средбата била планирана уште за завчера, но Бошкоски го промашил договорениот термин.

Неофицијално, од кабинетот на шефот на државата соопштија дека вчерашната средба била одржана по барање на Бошкоски, кој сакал да го информира претседателот за впечатокот околу изборната кампања и целиот изборен процес, но и за неговите идни политички планови. Од кабинетот велат дека воопшто не станало збор за тоа дали Бошкоски своите гласачи ќе ги пренасочи кон кандидатот на СДСМ, Љубомир Фрчкоски, упатувајќи дека за ова прашање треба да се разговара на друго место.....

Извор:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=6C0D65C0EEB3814CBBF12C6D1E1D1AD9

А еве во врска за партијата имаш во истата објава во Дневник:

- Лесно е да формираш партија, но тешко е таа да се одржи. Партија е буре без дно. Бошкоски ниту е моќен самиот финансиски да издржи, ниту може да се надева на сериозни спонзори. Едно е на избори да добиеш толкав број гласови, а сосема друго е создавање услови за функционирање на партијата. Наредните парламентарни избори на кои ќе треба да се добие легитимитет се за три и пол години, а дотогаш таа би издишала како балон. Зашто, за партија се неопходни нови идеи, вредности и програми, а во вакви наши услови тоа е речиси невозможно да се направи - вели Кекеновски.

Според него, досегашната практика покажала дека не само што се расцепкува гласачкото тело туку сите партии произлезени од ВМРО-ДПМНЕ многу лесно пропаѓаат. Ако се има предвид дека на овие избори за Бошкоски се определи тврдото вмровско гласачко тело, не може да се земе здраво за готово дека тоа ќе претставува и стабилно партиско тело, уште помалку соодветен кадровски квалитетен потенцијал.

Аналитичарите проценија дека пред вториот изборен круг Бошкоски има мал маневарски простор за дејствување. Ако сака да остане лојален на партијата што ја создаде, ќе мора да ги повика симпатизерите да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Повикот за гласање за кандидатот на опозицијата за него ќе значи политичко харикири, а вчерашната средба со Црвенковски многумина веќе ја гледаат како прв чекор во тој правец. Од освоените 155.000 гласови, сметаат аналитичарите, тој ќе може да контролира само 10 до 15 отсто, а кај останатите нема да има никакво влијание.

ЗАКЛУЧОК:
Лубе и да оформи партија, ќе заврши како ЉуБчо, како партијата на Тито Петкоски, на Лазе Еленоски итн..
 
Образовај се.
Брат Љубе на пазар кај Бранко
Па Љубе кажа што имаше да каже во врска со подршката и кажа дека не подржува никого. Да биле сите тие теории на заговор точни или немало воопшто Бранко да го повика на разговор знаејќи како може да се сфати или пак ќе го повикаше па он сега веќе ќе дадеше подршка.

Само треба да се решиш дали е Љубе пион на Бранко или не?
 
Изгледа ќе морам да го цитирам мојот претходен пост, затоа што многумина се прават дека не го гледаат.

Абе ајде, при очи слепи ќе не правиш. Па самиот адвокат на Јохан изјави дека Љубе не сакал да сведочи, па затоа и тој дојде во Македонија, за да го убедува.

А адвокатката на Љубе самата изјави дека Љубе ќе сведочи само ако прво ги разгледаат прашањата кои ќе му се постават и ако тие не му наштетуваат на интересите на Љубе. Пред 3 саата ја слушав, можеби грешка сум чул.

Сител зборуваше со адвокатите на Љубе и на Јохан. И тие да не работат за Ѕинго?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom