PIC Microprogramming

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
За жал некако темава и не е баш активна, а доста интересна работа се PIC микроуправувачите. Јас дипломска си правев со PIC16F877A а и после тоа работев неколку месеци исто програмирање вакви микроуправувачи и многу ми се допаѓаат а се едноставни за работа. Програмирањето бар ја го правев во C, да може и асемблер но мислам дека има доста добри компајлери што не мора да тупиш глава со асемблер добро ептен проектот да не го бара тоа.
Посебна област кај што сакам да ги користам е Home atomation една од моите омилени области :)
Компајлер што го користам на почетокот беше MicroC а сега PIC C.
 
Лани доста ми беше интересно ова кога го учевме по Микропроцесори и Микроконтролери. Логинг даде донација од 10 плочки. Дадоа интересни проекти. Мојот во споредба со другите не беше којзнае што, штоперица составена од час, минути и секунди да ги дава на излез на лед дисплејот. Најинтересен проект беше на еден колега кој направи преко плочката да се приклучи рака (роботска ) и да се движи.
 
Имам едно прашање.

Сакам да направам едноставен проект, преку сериска порта до компјутер да можам да контролирам повеќе уреди. Пали/гаси само да правам. Имам работено нешто во MicroC (мали проекти, со лед диоди (реклами)).

Барам идеја како би изгледал софтверот на компјутер, и како би изгледал кодот во MicroC. На кратко само кажете, да не ве замарам :D . Насоката ми е битна, каде да читам :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom