Ја лично мислам дека луѓево шо излагаат со вакви проекти стварно претеруваат.
Како и црквата на плоштад, како и Мајка Тереза тоа куќата на ул.МАкедонија, како и оноа глупана железничка на толкави стубови поради што неможе да заживее...и сите други кич градби во Скопјево.
Сите овие проекти се напраени од експерти - архитекти!!!Ти се молам!хахаха
Па ја не сум архитекта али знам дека не треба да се става железничка станица на стубови!Ај да не јадам бурек мн мн...
Одам во средно музичко училиште и секој ден сум на теренот на кој сакаат да ја изградат филхармонија. Голем успех за филхармонија...ама не мора баш таму!!!Па таму веќе е МНТ кој со години е неисчистен а во тако званиот паркинг кај Ла Фабрик секоја вечер има наркомани шо се пукаат у вена!!!Ужас!!
А во тој реон не е само филхармонијата нов проект, уште пред неколку години почнаа да го градат оној меморијален центар на евреите на местото на порнешната автобуска, а преку тоа малото уличе е стариот театар!
Факултетот за Музички уметности, комерцијална банка и Стоун Бриџ хотелот!!!
Премногу објекти за толку мало место, не?