Ало влада! Има ли некој таму?

  • Креатор на темата Креатор на темата marsovka
  • Време на започнување Време на започнување
А како ќе ја објасниш сиромаштијата во земјава,не бееее не е тоа економска криза,ама ич,глеам владава се труди из дна дубине да помогне,дури трошат од народот со цел што може повеќе да го изрекламираат Иванов,навистина се од помош,алал да им е.


Некој прашања не заслужуваат одговор :toe:
 
Не знам зошто вакви теми. Владата сега има кампања да води. Ова не е току итно.
Финансиската криза може да не почека нас. Кога ќе и кажеме ќе дојде.

Што се однесува до експертите, одбери кој и да сакаш експерт кој не е од некоја политичка партија и ќе ти потврди дали Македонија е во опасност од кризата или не. Добро е што нашата економија не е толку зависна од странство па последици има и и ќе ги има и понатаму.
 
Сите може да зборите за какви експерти сме имале, па дали биле експерти, ама факти си се факти. Одете кажете и на комшивката која и таа мала плата од текстилно ја нема веќе дека експертите ја лажеле, многу ќе направите
 
Не можеш да ги добиеш сеа,заузето е.Вртат на тоа телефоните прашуваат дали ке гласаш за нив
 
Луѓе се отпуштаан низ цел свет...мода стана ова, сега ќе биде нова Пролет - Лето 2009та :vozbud: .
Конфекциите иначе отпуштаат, грчки фирми и инвестиции имаме нели, е па грција е во криза! Не дека сме ние сјајни, никогаш не сме биле...туку кога отварате вакви теми само за да напаѓате политички партии или влада или поедини политчари...тоа не вреди ниту за коментари ниту за експертизам.
Знаете и самите дека тропате глупости. Ај да кажеме политичарите поголем дел од времето го прават тоа оти таква им е струката , ама бар вие бидете паметни бе!

Не знам зошто вакви теми. Владата сега има кампања да води. Ова не е току итно.
Финансиската криза може да не почека нас. Кога ќе и кажеме ќе дојде.

Што се однесува до експертите, одбери кој и да сакаш експерт кој не е од некоја политичка партија и ќе ти потврди дали Македонија е во опасност од кризата или не. Добро е што нашата економија не е толку зависна од странство па последици има и и ќе ги има и понатаму.


Игорче кај нас секој еден обичен граѓанин е дел од некоја политичка партија, а не пак експертите. Така да твојот повик е „Биравте непостоечки правец“. :vozbud:
 
Луѓе се отпуштаан низ цел свет...мода стана ова, сега ќе биде нова Пролет - Лето 2009та :vozbud: .
Конфекциите иначе отпуштаат, грчки фирми и инвестиции имаме нели, е па грција е во криза! Не дека сме ние сјајни, никогаш не сме биле...туку кога отварате вакви теми само за да напаѓате политички партии или влада или поедини политчари...тоа не вреди ниту за коментари ниту за експертизам.
Знаете и самите дека тропате глупости. Ај да кажеме политичарите поголем дел од времето го прават тоа оти таква им е струката , ама бар вие бидете паметни бе!
Игорче кај нас секој еден обичен граѓанин е дел од некоја политичка партија, а не пак експертите. Така да твојот повик е „Биравте непостоечки правец“. :vozbud:

Точно е,секаде се отпуштаат ама ние негодуваме оти кај нас премногу се вработуваат,посебно во АДМИНИСТРАЦИЈАТА вака предизборно.:toe:
 
Точно е,секаде се отпуштаат ама ние негодуваме оти кај нас премногу се вработуваат,посебно во АДМИНИСТРАЦИЈАТА вака предизборно.:toe:


Е како тоа да е нешто ново, ова е сега само пробен период, ќе поработат малку, па ќе почнат после сите оние кои се „изгубени во свемирот“ да си одат од работа, па тие ќе се налутат, па ќе ги сменат партиските книшки, ќе отворат нови јузери на кајгана или на други форуми, и да кажуваат за неправдите на оваа влада , се до следната и тн и тн...
 
Луѓе се отпуштаан низ цел свет...мода стана ова, сега ќе биде нова Пролет - Лето 2009та :vozbud: .

И ние пак не сме дел од светската мода.........
Кај нас кризата трае 18 години :tapp::tapp: а на "светските модни писти" последниве 8-9 месеци.:nesvest:
п.с. Се што е во светот ненормално,кај нас е нормално.А се што е во светот нормално,кај нас е ненормално :toe:
 
Ајде не кукајте тука криза ова она јас одкоа сум роден е криза па шо......сте запнале толку....сите сме на кризи јебига наркоманска работа:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
И ние пак не сме дел од светската мода.........
Кај нас кризата трае 18 години :tapp::tapp: а на "светските модни писти" последниве 8-9 месеци.:nesvest:
п.с. Се што е во светот ненормално,кај нас е нормално.А се што е во светот нормално,кај нас е ненормално :toe:

Го познавам твојот револт и истиот постои и кај мене. Се согласувам и со тебе и со АБЦ и со сите други кои размислуваат така.
Меѓутоа кога се отвараат вакви теми за да се нападне некоја политичка партии и тоа е најчесто заради стремежите на спротивната политичка партија (кај нас во овие 18 год. релација сдс - вмро), тоа драги мои е бесцелно и смешно, погрешен пат кој не води до ниту едно подобро.

:oftopic: за Македонка
Инаку немој да мислиш дека секаде во светот е сјајно а кај нас е се сиво и мрачно. Многу од местата и работите кои си ги слушнала и видела се најубавите или најмаскираните работи во некои земји... на многу места постојат проблеми од нашиот тип. Нам не мачи безпарицата а со проблемот со грците и идентитетот кој е поврзан со повеќе работи (јазик, историја,име,држава,аспирации и тн...)
 
Da ti ebam vladata, mene mi se dupna gumata a tamu nema koj da dojde da mi ja zalepi.
 
Da ti ebam vladata, mene mi se dupna gumata a tamu nema koj da dojde da mi ja zalepi.

лоша ситуација, а да пробаш у некој штаб, за глас може и да ти ја залепат. ја би ти препорачал на сдсм пошто кај нив има помалце гужва па помалце ќе чекаш.
 
лоша ситуација, а да пробаш у некој штаб, за глас може и да ти ја залепат. ја би ти препорачал на сдсм пошто кај нив има помалце гужва па помалце ќе чекаш.
Dobra ideja, tamu za glas mozda nekoj i ke mi go ispusi dodeka cekam
da se zalepi gumata.
 
Кризата не' гази на секој чекор
Експертите советуваат Владата да формира кризен штаб што секојдневно би собирал податоци, би ги анализирал истите и би нудел можни конкретни решенија и чекори
1ED45E1FE525744EB5A90EC25404EB82.jpg

Се' уште не се гледа излезот од светската економската рецесија
Не постои институција во Македонија што може да излезе со конкретни збирни податоци колку се тешки последиците од глобалната економска криза врз домашната економија.Никој точно не објавува колку е зголемен бројот на невработени, колку се на принуден одмор, а колку се прогласени за технолошки вишок. Експертите советуваат Владата да формира кризен штаб што секојдневно би собирал податоци, би ги анализирал истите и би нудел можни конкретни решенија и чекори.

- Секој втор ден читаме вести за нови 200-300 отпуштања, а Заводот за статистика излегува со податоци дека во јануари има 19.000 вработени повеќе. Индустриското производство паѓа три месеци по ред, паѓа обемот на трговија, се намалуваат девизните резерви, нема странски инвестиции. Ова е сериозна состојба и властите треба сериозно да и' пристапат - вели еден економски аналитичар.Според евиденцијата на Сојузот на синдикатите на Македонија, во последните шест месеци бројот на невработени е зголемен за дури 20.000, а стапката на невработеност скокна од 33 на 40 отсто. Се очекува Заводот за статистика да објави нови податоци за невработеноста по истекот на првиот квартал од годината, односно во април.

ОТКАЗИ

Синдикатот пресметал дека најмногу отпуштања, испратници за принуден одмор и технолошки вишок има во металургијата и во текстилната индустрија. Последниот ваков пример е битолската конфекција „Мокел“, каде што завчера беа испратени дома 350 работници, од кои 160 добија отказ, а другите се пратени на принуден одмор.

Претходно, вработените во скопски „Житолукс“ најавија дека ќе протестираат поради најавените отпуштања на 100 работници. Уште 300 велешки работници се отпуштени од работа поради намалувањето на производството. Од нив, 150 се од модната конфекција „Стоби“, а по 65 од „Скопски легури“ и од „Киро Ќучук“. Повеќе од 600 работници се отпуштени од работа од комбинатот „Силмак“ во Јегуновце. Раководството на фабриката за производство на кумплунзи „Руен ИТ“ од Кочани најави дека 113 вработени ќе прогласи за технолошки вишок како последица од кризата во автомобилската индустрија и намалениот обем на работа. Скоро сите поголеми текстилни и металски комбинати уште кон крајот на 2008 година најавија дека ќе го намалат производството за барем 30 отсто.Покрај големите отпуштања, Македонија се соочува и со намалување на економската активност, помало индустриското производство, намалување на обемот на трговија и на стоковната размена со странство.

ПРОИЗВОДСТВОТО ЗАМИРА

Така, според Заводот за статистика, во јануари обемот на стоковна размена со странство е за една третина помал од размената во јануари 2008 година. Покриеноста на увозот со извоз е само 43 отсто, споредено со 60-процентна покриеност пред една година. Трговскиот дефицит во јануари изнесува околу 200 милиони долари, а минатата година ја завршивме со рекорден дефицит од 2,8 милијарди долари. Уште поголем проблем е тоа што извозот се намалува двојно побрзо од увозот. Така, вкупниот извоз во јануари изнесува 150 милиони долари, што е за 45 отсто помалку од истиот месец лани. Увозот, пак, во јануари изнесува 347 милиони долари, што е за 23 отсто помалку од лани.

Податоците на Заводот за статистика покажуваат континуиран пад на индустриското производство од ноември до јануари. Во ноември и декември падот на индустриското производство официјално изнесуваше по 10 отсто на годишно ниво, додека во јануари индустриското производство се намали за 16,7 отсто.

Во секторот преработувачка индустрија, каде што се вработени над 130.000 лица, постои вкупен пад на производството од скоро 20 отсто на годишно ниво. Најголем пад од 97,6 отсто на годишно ниво има кај рециклажата, од 82 отсто кај преработката на дрво, а производството на основните метали е намалено за 76,6 отсто споредено со јануари 2008 година. Текстилните ткаенини се произведуваат за 33 отсто помалку отколку во истиот период лани, а тутунските производи ги има за 37,5 отсто помалку во споредба со јануари 2008 година.Кризата предизвика и голем шок на девизниот пазар. Така, за заштита на фиксниот курс на денарот само во јануари годинава НБМ потроши 53 милиони евра од резервите за продажба на девизи.

Вкупните девизни резерви во еден момент од 2008 година достигнаа и 1,7 милијарди евра, меѓутоа годината ја завршивме со вкупно 1,4 милијарда, а сега се пониски за нови 53 милиони. Се очекува централната банка и понатаму со сите сили да ја спречува девалвацијата на денарот, што значи ако кризата потрае девизните резерви ќе се стопат. Истовремено, се намалуваат и дознаките од странство, кои се користеа за покривање на дефицитот на тековната сметка. Македонија последниов месец се соочува и со намалување на општото ниво на цените од минимални 0,6 отсто на месечно ниво.
Горан Ризаов

ЛИНК:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=18658495DD47BF4D90A8C0147AA2503E

Ало влада реагирајте !!!!!

ЛЕЛЕ ШО ЛОШО РАБОТИ ВЛАДАВА, ЗНАЧИ ЦЕЛА СВЕТСКА КРИЗА ЈА ПРЕДИЗВИКА, ПА ГИ ПРОПАДНА СТРАНСКИТЕ ФИРМИ КОИ БЕА УВОЗНИЦИ НА МАКЕДОНСКИ СТОКИ.

АХ ВЛАДО, ВЛАДО ВМРОВСКА, КОЛКУ СИ ЛОША И МОЌНА ТИ, ОД ТЕБЕ СТРЕПИ ЦЕЛИОТ СВЕТ:pos2: ГО ПРОПАДНА И ВОЛ СТРИТ, СЕГА ДОЈДЕ И ДОМА ЛИ ДА ГИ ПРОПАЃАШ МАКЕДОНСКИТЕ ФИРМИ ОТИ НИВНИТЕ ИНОПАРТНЕРИ НЕМААТ ПАРИ? :baeh:

ДАЈ ДА СИ ГИ ДОНЕСЕМЕ СДСМ НА ВЛАСТ ПОВТОРНО, КОГА НЕМАШЕ СВЕТСКА КРИЗА, А СДСМ БЕШЕ НА ВЛАСТ ИМАВМЕ РЕЦЕСИЈА ОД -7% ГОДИШНО, СО ОВИЕ ОД ДПМНЕ ПРИ СВЕТСКА КРИЗА ИМАМЕ РАСТ ОД 4%. КОЛКУ НЕ` БИВА ЗА МАТЕМАТИКА, ПОСЕБНО ОВИЕ ОД СДСМ, САДА ЕКСПЕРТИ, ПОСЕБНО ЗА ЛЕВА РОКА ДЕСНИ ЏЕБ!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom