Здружението “Радко“ бара промена на Уставот на Македонија - Бугарите во земјава да станат конститутивен елемент во Уставот, еден од службените јазици да биде бугарскиот и да се забрани присвојување и крадење бугарската историја во Македонија. Писмо со вакво барање на 28 страници е испратено до Претседателот, Владата, Уставниот суд и бугарската амбасада во земјава. Во него се обвинува дека во земјава има дефицит на демократија, бидејќи државата го легализирала извршениот геноцид врз бугарското население во Македонија по Втората светска војна.
„Бараме промена на Уставот на Република Македонија, во кој ќе се внесе дека една од заедниците се Бугарите, службен јазик да биде бугарскиот и тоа да биде основа за реализација на нашата програма за возобновување на културно – образовните институции од времето на Отоманското царство, прилагодени н а современите потреби“, изјави претседателот на “Радко“, Владимир Панков.
“На нас Бугарите во Македонија не ни е потребна држава која што ќе го носи името “Република Македонија“, а во неа бугарското население ќе биде подложено на репресија, полициско набљудување и малтретирање, дискриминација и геноцид“ – стои во барањето до “Радко“. “Овде се работи за социјална болест и затоа најнапред сме должни да осигураме лечење, но ако не оди поинаку се наложува и хирургија – се потенцира во документот.
Образложението на барањето изобилува со објаснувања за личности од македонската историја, кои според здружението “Радко“ ја ширеле бугарската култура. Се тврди дека бугарското население во земјава по насилен пат го прифатило македонскиот идентитет, кој се оценува како нов и вештачки.
Од кабинетот на Претседателот велат дека тој го добил ваквото писмо, но го нема разгледано и затоа нема коментар. Од Владата останаа без одговор за барањето на “Радко“.
Kако може владата да остане без одговор?