- Член од
- 23 февруари 2009
- Мислења
- 83
- Поени од реакции
- 6
Кандидатот за претседател на РМ, Имер Селмани и претставници на неговата партија Нова Демократија вчера посетија повеќе градови од источна Македонија. „И покрај тоа што посетите низ цела Македонија се во изборната агенда на партијата особено не радува што вие граѓаните баравте да ве посетиме во вашите градови. Тоа зборува дека споделуваме иста визија за иднината на Македонија. Тоа зборува дека сите сложно на овие избори може да докажеме дека во Македонија мултиетничноста одлично функционира, а претседателот е тој кој што треба да го потврди тој факт„ истакна Селмани на средбите до граѓаните. Средбите со граѓани беа од непосреден крактер. „Нас не ни е целта да се собираме на масовни митинзи. Нас ни е целта да бидеме покрај граѓаните и да разговараме, а не како и на големите митинзи, кога зборуваат само политичарите, а граѓаните молчат. Затоа ние решивме да пиеме кафе заедно, да јадеме и да шетаме. Затоа што за мене е битно што имаат граѓаните да кажат!... Само заедно можеме да постигнеме внатрешна кохезија и надворешна интеграција. Само заедно можеме да развиваме граѓански и политички дојалог. И тоа заедно треба да го сториме оваа пролет!“ -рече Имер во дел од разговорите со граѓаните од Македонија. Вчера караванот на Демокрациа е Ре оствари средби со голем број на граѓани во Струмица, Штип, Радовиш и Кавадарци. На средбите, граѓаните едногласно ја дадода својата подршка за Имер Селмани, а со тоа потврдија дека на 22 март новата пролет може да ни донесе претседател кој има јасна програма за Македонија и кој ќе го обедини народот во РМ. Претседател со програма за нејзино зачленување во НАТО и ЕУ, за развој на економијата, за меѓународните односи на Македонија, за политички дијалог и конечно, програма за подобри меѓуетнички и меѓучовечки односи.