igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Ок сега сум ставен во теснец. Ги слушам изјавите кои се даваат на телевизиите и се чудам, особено оние дадени од ВМРО-ДПМНЕ. Она што ми остава впечаток е нивната ароганција. Сега ќе објаснам:
1. Иванов и Нано се изјаснија дека се пријатели и дека имаат фер и коректен однос, но сепак Иванов даде една изјава која беше целосно наменета јавно да го омаловажи Нано Ружин кој е пред се еден угледен професор. Нано Ружин практично и да не е во трката за претседател и јас лично не ја гледам причината за обидот за такво јавно понижување.
2. Во истата изјава Иванов призна дека користи студенти во свои намени. Сите знаеме дека кога некој професор ќе побара нешто од студентот (не зборам за секс и сл. туку за некој вакви ситници) и ќе го добие. Но сепак јавно да се покажува неговата злоупотреба на неговата функција професор и да се фали со неа за мене не е ок.
3. Повторно за изјавата ама имаше и епилог. Иванов потоа изјави дека тоа не го правеле неговите студенти туку неговите бивши студенти. Прашањето е колку бивши студенти Иванов има контакт, јас лично би рекол дека нема шанси повеќе од 100 што не би направило никаква промена во гласањето и тоа не би било нешто што тој би го спомнал на ТВ што доведува до единствениот логички заклучок дека или неговата прва или неговата втора изјава е лажна. А кога ќе те фатат во лага барем може да се извиниш ако не повеќе.
4. Неговиот брат е осуден за трговија со бело робје. Се согласувам дека не треба гревовите на неговиот брат да му се препишуваат него. Но Иванов во ниеден момент не даде изјава дека кога ќе дојде на власт нема да го заштитува криминалот на неговиот брат.
5. И пак за неговиот брат. Иванов исто треба да даде изјава дека во ниеден момент не бил свесен за крим иналните дејства на неговиот брат бидејќи ако бил тогаш тој е соучесник, а трговија со бело робје е гадно нешто. Зар не чуствува потреба да се дистанцира од својот брат.
Слободно дополнете што мислите дека недостасува и кажете го вашето мислење.