ХИВ/СИДА

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно има лек но ако е дизајниран за гладните во африка тогаш нема да го пуштат америте како лек се контролира наталитетот.
 
Сигурно има лек но ако е дизајниран за гладните во африка тогаш нема да го пуштат америте како лек се контролира наталитетот.


Ауу значи има и лек за оние ситите:)

И да пронајдат лек пак африканците ќе се тепаат меѓусебе и пак ќе гладуваат,нејсе ако има лек зошто па не го пуштат Русите,Германците,Јапонците или Кинезите??
 
Некои работи стануваат секојдневие - НАПРАВИ ХИВ ТЕСТ

Во текот на месец јуни, ќе се организира бесплатно и доверливо ХИВ тестирање во Градскито парк во Скопје. Тестирањето се врши со мобилна единица (односно специјално прилагодено возило за таа намена) при што целосно се гарантира доверливоста.

Започнува на 6-ти јуни (среда), а следните термини се 13-ти, 20-ти и 28-ми. тестирањето се спроведува во периодот од 15.30 до 21.30 часот. Единицата ќе биде лоцирана на паркингот пред град Скопје. (пред стадионот мислат нјверојатно?)

Теренското ХИВ тестирање се врши со употреба на брзи ХИВ тестови при што резултатите се дознаваат за 15 минути.

Сите информации за теренското ХИВ тестирање во твоја близина како и информации поврзани со останатите центри за ХИВ тестирање можеш да ги добиеш на:

testiranje@hera.org.mk
или на бесплатниот телефон 0800-33-444

На истата електорнска адреса можеш да испратиш и повратна информација доколку имаш забелешки или коментари за квалитетот на понудената услуга за ХИВ тестирање.
 
Единицата ќе биде лоцирана на паркингот пред град Скопје. (пред стадионот мислат нјверојатно?)
Не, пред градското собрание, тоа се бараките на влезот во паркот, паркингот е кај Кермез.
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Post-exposure_prophylaxis

Што е всушсност ова? Ако вакво спречување на СИДА-та постои, тогаш нели би требало многу полесно да се искоренува , барем во "цивилизираните" простори на светот? A што всушсност претставува, ова ПЕП?
 
http://en.wikipedia.org/wiki/Post-exposure_prophylaxis

Што е всушсност ова? Ако вакво спречување на СИДА-та постои, тогаш нели би требало многу полесно да се искоренува , барем во "цивилизираните" простори на светот? A што всушсност претставува, ова ПЕП?
Наједноставно, ПЕП ти е земање на лекови веднаш после изложување со цел да се спречи инфекција. За да биде успешен,за ХИВ, потребно е профилаксата да се изврши што е можно побрзо.ХИВ вирусот може да изврши инфицирање во рок од неколку саати па до неколку дена по влегувањето во крвта. ПЕП се препорачува да се изврши непосредно по изложеноста,а најдоцна после 72 часа.Успешноста е под 100%. Проблем е кусата временска рамка во која треба да се изврши ПЕП.
п.с.
пронајден е начин како да се излечи СИДА, само што истиот вклучува околу 30% смртност на пациентот, значајна сума на пари и специјалисти, како и недостаток на извори на "лекот".Лекот е од функционален карактер и е во фаза на испитување на стерелизирачкиот карактер на истиот.
 
Наједноставно, ПЕП ти е земање на лекови веднаш после изложување со цел да се спречи инфекција. За да биде успешен,за ХИВ, потребно е профилаксата да се изврши што е можно побрзо.ХИВ вирусот може да изврши инфицирање во рок од неколку саати па до неколку дена по влегувањето во крвта. ПЕП се препорачува да се изврши непосредно по изложеноста,а најдоцна после 72 часа.Успешноста е под 100%. Проблем е кусата временска рамка во која треба да се изврши ПЕП.
п.с.
пронајден е начин како да се излечи СИДА, само што истиот вклучува околу 30% смртност на пациентот, значајна сума на пари и специјалисти, како и недостаток на извори на "лекот".Лекот е од функционален карактер и е во фаза на испитување на стерелизирачкиот карактер на истиот.

Да да тој дел јасен ми е , не ми е јасно конкретно што е ПЕП, какви лекови, тоа мислев? :)
 


Патентот за лек од ХИВ изготвен врз база на Мухаммедовите препораки прифатен во WIPO


Документот се гледа дека е пополнет во 2009 од страна на шејх Абдул Меџид Зиндани и Луис Вандервалт и на истиот се гледа дека е прифатен во WIPO со наслов со име: „Употреба на хербална композиција за третман на лице инфицирано со ХИВ“ .
WIPO e меѓународна организација која опфаќа 130 земји и основната работа е заштита на патенти и нивно истражување.
Во документот стои дека ова откритие ќе служи во подготовка и третман на субјекти инфицирани со ХИВ, композиција која воглавном се состои на база на екстракт од растение Auclandia-корен од Куст.


Тоа што е уште поинтересно е дека шејх Абдулмеџид Зиндани долго време тврдеше дека го открил лекот за Сида, а најверојатно и на рак преку овој патент за кој требаше да чека да поминат години за негово одобрување.
Сега кога можеме да видиме за кое растение се работи да кажеме збор два за истото.
Растението Куст( Qust), достигнува и два метра во должина и лази по земјата. Генерално се наоѓа во мочурливи и влажни места долж реките во висина до 3000 метри. Овие растенија се наоѓаат на северо- источниот под Хималајски регион долж текот на реките. Растенијата имаат големи назабени листови, но корените се користат за медицински цели. Корените се собираат во месец септември и октомври. Се сечат во мали парчиња и се продаваат на пазарот.
Работниците кои работат на ридовите го користат за да се подготвите да се вардат од студ и тоа е хранливите тоник.
Зејд Бин Аркам , рахимехуллах, раскажува-”Бевме под наредба на РесуллаАллах (алејхи селам ) за лекување на плевритус со Куст Бахри и Масло од Рогхан” (Тирмиди, Ибн Маџа)
Енес Ибн Малик , р.а. раскажува дека РесулАллах (алејхи селам ) кажал “Од она што се користи од страна на вас за третмани, се хиџамата и Куст Бахри како најдобриот третман.”(Бухари,Муслим)
Џабир Бин Абдулах р.а. раскажува дека РесуллАллах (алејхи селам) кажал: “О дами, тажно е тоа што ги убивате вашите деца и себе си. Ако некое дете добие воспаление на грлото или главоболка, тогаш тој / таа треба да земе Qust и по мелење на истото во вода, да се примени на детето “(Мустедереак-ал-Хаким)
“Кога Мухаммед алејхи селам влегол во куќата на Ајша р.а., таа држеше дете кое имаше крварење низ устата и носот. Пратеникот (алејхи селам ) праша, што е со него ? Таа одговори:” Детето има Aзрaa. Пратеникот (алејхи селам ) рече: “.. Дами, .., Доколку во иднина некое дете биде погодени со Азра во глотисот или почувствува главоболка, тогаш земете ја земјата на Куст-е-хинди и да го лижат тоа. Ајша р.а. ги послуша неговите инструкции и детето стана здраво. ” (Муслим)
aucklandia_root2.jpg

Ибн Кајим наведува дека Кустот содржи различни терапевтски предности. Тој е ефективен во настинка и коријаза. Тој е добар тоник за желудникот и црниот дроб. Тој е противотров за отрови, и ги отстранува дамките на лицето доколку се применува со мед и вода. Имамот Зехеби вели дека е корисен во лечењето на парализата и го зголемува либидото, противотров е за каснување од змија
Во случај на плевритис, треба да се користи локално со Roghan-е-Zaitoon.
Masih вели дека Qust е добар тоник за сите органи на телото, добра carminative, анти воспалителни и ефикасни против плевритис.
Маслото извлеченно како екстракт од неговиот корен ги содржи следново хемиски состојки: CAMPHENE, PHELLANDRENE, TERPENE ALCOHOL, A-COSTENE, B-COSTENE, APLOTAXENE, COSTOL, DI-HYDRO COSTUS LACTONE, COSTUS LACTONE AND VOSTIC ACID.
aucklandia_root4.jpg

Куст може да се користи во сите видови на фелегматични болести. Тој е ефективен за општа слабост предизвикана од дијареа и колера. Од дамнешни времиња, па дури и за време на Пратеникот (SAW), се користел за миење на внатрешните органи по менструацијата кај жените.
Маслото на Куст и маслиновото масло се ефикасна против Алопеција и го зајакнува телото. Тоа е ефикасно против T.Versicolor ако се примени со вода на погодените делови од телото. Тоа е добар лек за пеги и хлоазма ако се примени на лицето, со оцет е исто така доста ефикасен. Современите истражувања укажуваат на тоа дека е прочистувач на крв, антисептик и ја зголемува кожната циркулација. Оттука, може да се користи против првут, хлоазма и други кожни и поткожни заболувања и воспаленија. Тоа е добар да ги одбие инсектите. Оттука, може да се користи за да се задржат инсекти надвор од облеката. За внатрешно делување тој е анти-спазматичен и неуротоник, па оттука, може да се користи за кашлица, бронхитис, бронхијална астма, парализа, фацијална парализа и неурастенија.
По она што го истражувал и д-р Абдулмеџид Зиндани може да се увиди дека истиот во комбинација со некои други лекови од суннетот-праксата на Пратеникот алејхи селам, (најверојатно Црно семе, маслиново масло, алое вера и сл) се постигнуваат зачудувачки резултати со кои се лечат најтешки облизи на болест како што се Сидата и ракот.

www.povikkonvistinata.org
 
Што и да нашле, и да работи, нема да биде available for mass production & distribution.
Не сеуште, и не по пристапна цена.
Гигантите мора да профитираат некако..
 
Темата ја отворив поради тоа што,синоќа не можев од паничење и од секакви мисли да спијам,па успеав да заспам дури наутро во 9 па сакам да прашам дали има искусни луѓе овде,кои што правеле тест за да проверат дали го имаат ХИВ вирусот ?
Тоа што мене ме мачи е,оти сум загрижен.Пред 2 вечери имав незаштитен секс со постара девојка,можам комотно да ја наречам жена.Пред тоа имав исто така незаштитен секс со едно девојче и со бившата шо сум практикувал незаштитен.Вчера на гости ми дојдоа другари,преку кои и ја запознав девојката.Им кажав за незаштитениот секс и еден другар ми префрли како сум можел да имам незаштитен секс со особа која секоја вечер е со различен и ми кажа дека дури и тој и уште двајца шо ги познава имале односи со неа.Ми рече дека веројатноста за хив вирус сега е 50-50 и морам да направам хив тест.Мразам што мора овде да го пишувам тоа и да гледа цела Македонија,но анонимноста ми е утеха за тоа да си се искажам.
Дали некој од вас знае,како и каде може да се направи хив тест?И колку чини ?
Некој со слично искуство ?
 
Ако било пред 2 недели, мислам дека тестот за сида нема ништо да покаже, треба да помине некој период, за да се тестираш, некој поубаво нека ти објасни.

Кој тоа може да ти говори за веројатност за сида 50-50? Чиста глупост.

HPV, гонореја, кламидија, г. херпес, уреоплазма, абе многу работи можеш да закачиш, ако ти прпа, а треба да ти, иди да ти земат брисеви од ѓокица, па друг пат памет во глава.

Тест за HIV, мислам дека прават во Авицена.
 
На Инфективна клиника во Државна болница може да се направи тест, ама мислам дека за резултатите се чека, додека со кампањите за тестирање што ги прави ХЕРА и други невладини организации резултатите се добиваат веднаш. И мислам дека не се наплаќа за ова.
 
Пронајдов на интернет дека треба да биде вирусот во тебе 2 месеци за да го покаже на резултати.А јас само пред 2 вечери бев со неа.И ја прашав преку нет без да ја навредам случајно да не има некоја болест и ми рече "-Дај порасни,биди МАЖ!"
Неспокоен сум сеа,само на тоа мислам :/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom