Државната каса празна, виси исплатата на платите и пензиите!

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Значи се сложуваш дека и владата е глупава што зема кредити? Деновиве државата издаде едномесечни обврзници што ќе ги плаќа со 8,9% камата. Глупава е што предвреме отплати долг за кредити земени во време кога немаше криза, а сега зема нови кредити од Светска банка, во период на голема финансиска криза, кога каматите се каде каде поголеми отколку на тој кредит што предвреме го отплати?

Да, не се согласувам со враќањето на кредитите пред време. Тоа беше чисто политичка, не економски оправдана одлука.
Државата кога се задолжува е малку поинаква ситуацијата. Нема да ја избркаат од дома ако не ги подмири долговите. Можат дури, да ја почестат, бришејќи и ги.
 
Зашто да е поинаква ситуацијата? Исто е, пак граѓаните ќе изгубат пари. За случајот за кој ти збориш, да не го плаќа долгот, е најлоша мерка. Тоа води кон загуби на тие што имаат државни обврзници на пример, (еве како тие што земале едномесечни обврзници), довербата во државата се губи (што има свои негативни последици) итн. Исто е...

А плус, неплаќањето не е можно кога е во прашање кредит земен од Светска банка. Вака-така, граѓаните ќе си платат на крај.
 
Јас се водам од - секој да се однесува колку му е долга чергата.
Колку заработуваш, толку и да смееш да потрошиш.
Лихварите, или модерно банките, никогаш низ историјата не носеле нешто добро.
Не може кредитот да е единствен излез.
Комоцијата која ја нуди го прави толку примамлив да е неодоллив.
После ќе платам, друг ќе плати, стигнуваме до онаа народната господ ќе ти плати.
Сигурен сум дека 90%+ од кредитите се не од што се морало, туку од што се сакало.

А колку е просечна плата во Македонија???
200 евра така,а од истите тие треба да платиш сметки околу 8000 денари и со 4000 денари да живееш еден месец:tapp::tapp:
А замисли ги и луѓето кои земаат помалку плата?
Ако не ги платиш сметките,државата СЕКАКО ЌЕ ТИ ГИ НАПЛАТИ ПРЕКУ СУДСКИ ИЗВРШИТЕЛ:kesa:
Значи има луѓе кои земаат кредити за луксуз,ама има и поголем дел кои земаат кредити за да преживеат:toe:
 
А плус, неплаќањето не е можно кога е во прашање кредит земен од Светска банка. Вака-така, граѓаните ќе си платат на крај.

Не бе нешто ко Аргентина или Исланд ќе е, ништо страшно. Ама немој вака со уроци, пу, пу.
А и ако дојде ситуација ептен гадна, сите ќе наебеме, а колективно кога е страдањето, полесно се пребродува.

......................
А колку е просечна плата во Македонија???
200 евра така,а од истите тие треба да платиш сметки околу 8000 денари и со 4000 денари да живееш еден месец
Значи има луѓе кои земаат кредити за луксуз,ама има и поголем дел кои земаат кредити за да преживеат
......................

Не одговарам јас ниту за тоа колку некој зема, ниту како си ги организира парите. Ниту пак тоа е работа на државата.
Има најава дека следните 2 години ќе бидат полоши од претходните. Може и да не биде 200 евра платата. Тогаш што ќе прават оние кои се имаат задолжено?
Треба затоа секој да си мисли како си го организира животот, кои му се ресурсите и можностите.
 
А колку е просечна плата во Македонија???
200 евра така,а од истите тие треба да платиш сметки околу 8000 денари и со 4000 денари да живееш еден месец:tapp::tapp:
А замисли ги и луѓето кои земаат помалку плата?
Ако не ги платиш сметките,државата СЕКАКО ЌЕ ТИ ГИ НАПЛАТИ ПРЕКУ СУДСКИ ИЗВРШИТЕЛ:kesa:
Значи има луѓе кои земаат кредити за луксуз,ама има и поголем дел кои земаат кредити за да преживеат:toe:

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2008 изнесува 17 363 денари.
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2008 изнесува 17 363 денари.

[FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,]Просечната нето-плата по работник за ноември 2008 година изнесуваше 16 859 денари. Со вкупните трошоци за исхрана и пијалаци од 12 238 денари, за задоволување на останатите потреби остануваат 4 621 денари, односно 27.4%.[/FONT][/FONT][/FONT]

[FONT=Tahoma, Verdana, Arial][FONT=Tahoma,][FONT=Tahoma,]Просечната нето-плата по работник за декември 2008 година изнесуваше 17 363 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесуваа 12 575 денари и се пониски од просечната нето-плата за 4 788 денари, односно 27.6%.[/FONT][/FONT][/FONT]

извор:http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=08.03&rbs=1

Сакаш да кажеш и дека со 4788 денари ќе се платат сметки од 8000 денари??????:tapp::tapp::tapp:
А и што да кажат луѓето со пониски примања,луѓето на кои платата им е 6000 денари?????
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom