Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кој знае што уште може да издржи оваа “кула од карти“,понекогаш ми изгледа како да е залепена со лепило.:smir:
ах,јас ич не се надевам дека кулата ќе падне,лепена од една страна долепена од другата тера некако,битно е народов да престани да им верува и да согледа каква е вистинската ситуација,а таа е СРАЊЕ:smir:
Потполно се сложувам со тебе......
Ситуацијава и тоа како е СРАЊЕ.....Посебно ЕКОНОМСКАВА.
Па М.М.Е ние излеговме најсилна и најцврста економска земја според ВладатаСекаде е економска криза........а кај нас уште не стигнала
Само страшното кај нас е што таа криза трае 18 години.:kesa: а сите не убедуваат дека СУПЕР се ЖИВЕЕ :nesvest:
Народот треба да се освести за сите ЛАЖНИ ВЕТУВАЊА во овие 18 години.:smir:
Економската криза стигна и кај нас,само што некои од нас тоа не сака да го признае.
Епа ќе се стегнеме малку ако треба.
Абе јас сум објективен и кога има некои вакви ситуации јас не глеам тоа дали е направено од владата или од опозицијата(која одвај дише со последни сили)....
А гледам тука по форумов има такви членови кои одвај чекаат нешто да се каже за владата за одма да рипнат и да јадат бурек.....таквите од сега ќе ги прескокнувам со задоволство па макар и да ми реплицирале!
А во однос на ова со буџетот ќе почекаме уште некој ден да дадат изјава од владата за ситуацијава оти Дневник е на Ѓеропулос..така да додека не се изјаснат одговорните за оваа калакурница со буџетот уопште не ме интересира Дневник шо пишал!!!
п.с Една од тие шо не заслужуваат да бидат читани е и MaryJane
:smir:
Добро бе уште колку да се стегаме?Да чекаме да се крени камата од 1.000 евра нагоре борч?Кој те учел на таква економија и на такво стегање жити се.
А зошто би земал некој кредити? За кола, за стан,за одмор?
Кредит ти е најглупаво нешто.
Доброволно се согласуваш да платиш за нешто, повеќе од што истото вреди.
Ќе штедиш ако имаш, ако немаш нема зошто да се задолжуваш, бидејќи ќе треба еден ден тие пари да се вратат, па ќе кука некој кога ќе му дојде извршител и друг ќе му е виновен за сопствената неспособност.
Да се стегаме мислев на администрацијата и пензионерите, нивните примања се редовни.
а што ќе речиш за тие што земаат кредит за да подмират тековни трошоци (плати,придонеси) во приватната фирма која едвај сврзува крај со крај поради ситуацијата до која не доведе владава? или за оние што земаат кредит поради школување,факултет и сл?едностано кредитот им е едниствен излез од ситуацијата
не се зема кредит само за кола,стан или одмор....

Јас се водам од - секој да се однесува колку му е долга чергата.
Колку заработуваш, толку и да смееш да потрошиш.
Лихварите, или модерно банките, никогаш низ историјата не носеле нешто добро.
Не може кредитот да е единствен излез.
Комоцијата која ја нуди го прави толку примамлив да е неодоллив.
После ќе платам, друг ќе плати, стигнуваме до онаа народната господ ќе ти плати.
Сигурен сум дека 90%+ од кредитите се не од што се морало, туку од што се сакало.