SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.575
- Поени од реакции
- 295
Дали некој го гледаше Иванов на вести, што зборел на митинзите?!
Прво зборуваше за тоа како не треба да се плука. Рече дека ако плукнеш нагоре, како што правеле СДСМ, ќе ти се врати плуканицата на тебе.
Прво зборуваше за тоа како не треба да се плука. Рече дека ако плукнеш нагоре, како што правеле СДСМ, ќе ти се врати плуканицата на тебе.
Скандал на појадокот што требаше да симболизира смирување на страстите меѓу претседателските кандидати. Иванов лут по вчерашните изјави на Ружин дека е непримерно за претседателски кандидат јавно да ги колне луѓето, на новинарите им призна дека му ги собирал потписите на противкандидатот Ружин.
- Јас им реков на моите студенти да се потпишуваат за Ружин, сакав да му помогнам...- изјави Иванов.
Инцидентот на релација Иванов - Ружин започна уште на почетокот на појадокот во тетовскиот ресторан Тиволи.
- Го допре дното, ти си губитник - му се обрати Иванов на Ружин веднаш штом влезе во ресторанот во кој беа дојдени само Селмани и Ружин и неколку новинари. Видно револтиран што Ружин вчера го укори за колнењето на млекарите во Могила, Иванов продолжи:
- Kако не ти е срам да ме плукаш по телевизии кога јас ти ги собрав потписите! Да не бев јас немаше ни да се кандидираш, срам да ти е!
Ружин се обидуваше да го смири, а Селмани се смешкаше. Кавгата стивна штом дојдоа другите кандидати. Ружин инцидентот го коментираше вака:
- Не ми е ниво да враќам на вакви удари - изјави Ружин.
Прашан за инцидентот на кој беше сведок Селмани изрази воздржаност.
- Не се мешам во туѓи кавги - изјави Селмани.
Иванов им се пожали на новинарите дека бил разочаран и од целата кампања – вели дека никој друг кандидат немал концепт и платформа, туку чекале од неговите изјави да направат драма и околу тоа да ги конципираат своите говори.
- Чекаат од мене да кажам некој бисер, ете како тоа со космодиск, или сега со клетвите, па за тоа да се зборува цело време... - изјави Иванов.
Во сенка на скандалот во режија на Иванов се одвиваше целиот појадок и подоцна и прошетката по стариот дел од Тетово. Залудни беа обидите да се манифестира цивилизирана атмосфера, особено, откако и другите кандидати разбраа за кавгата.