Сакам да зготвам: ... помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Swan
  • Време на започнување Време на започнување
тофу е замена за сирење имам пробано погадно нешто здравје мислам има у биона такви работи и у веро се наоѓа
 
Мојата љубопитност ме натера да пробам тофу...бљак! Замена за сирење е, а јас велам замена на осмрдени нозе :icon_lol:
Инаку се многу користи во азијатската кујна.
За рецеПка немам појма, прогуглај и ќе најдеш :)
 
Кажете некој ваш рецепт за спремање на пафлак, бидејки тоа месо навистина го ценам како што мислам дека и доста други боемџии кафанџии и скараџии го ценат, една од работите што ми се допаѓа кај тоа месо е што носи доста алкохол па можеш даја распалиш до миле воље без дамуја мислиш за последици од истиот,мјожеш да го мезиш со пиво вино црно бело шприцер чисто, како ти милува.

Јас го спремам така жто вечерта пред главниот настан го сечам на потенги парчиња го сместувам во тепсија и сиго зачинувам малку сол вегетичка,црн бибер зејтин колку дасе подмачка сето тоа, два три ловорови листа и потоа сето тоа го полевам со една чаша бело вино кеси отстои до сабајлето а потоа доага скарата. Друга особина што мисе допаѓа кај пафлакот е тоа што нему треба долго време дасе приготви па и набрзина се пече,
Ако имате вие некој рецепт кажувајте ако не може само импресии:pos2:
 
Вака сега значи темава нее за мали деца јадам нејадам, блјак гадно и шо уште не во тој стил или останти идиостски постови од два збора колку радиреда,

Значи кажете некој ваш рецепт за спремање на пафлак, бидејки тоа месо навистина го ценам како што мислам дека и доста други боемџии кафанџии и скараџии го ценат, една од работите што ми се допаѓа кај тоа месо е што носи доста алкохол па можеш даја распалиш до миле воље без дамуја мислиш за последици од истиот,мјожеш да го мезиш со пиво вино црно бело шприцер чисто, како ти милува.

Јас го спремам така жто вечерта пред главниот настан го сечам на потенги парчиња го сместувам во тепсија и сиго зачинувам малку сол вегетичка,црн бибер зејтин колку дасе подмачка сето тоа, два три ловорови листа и потоа сето тоа го полевам со една чаша бело вино кеси отстои до сабајлето а потоа доага скарата. Друга особина што мисе допаѓа кај пафлакот е тоа што нему треба долго време дасе приготви па и набрзина се пече,
Ако имате вие некој рецепт кажувајте ако не може само импресии:pos2:

А што е тоа пафлак?
 
Ај кажете некој прелив за пилешко месо,само да не е со печурки?
 
Мајонез и кисели краставички?

Сецкам,мешам и ставам? :)
Не сум по готвењето,ама гледам сите кромид запржуваат па нели може ова се да се измеша и павлака да се стави или ќе биде за низ прозор :pos2:
 
Ај кажете некој прелив за пилешко месо,само да не е со печурки?

Еве, со грамажа и копмлетна подготовка:):

Бешамел сос на француски начин

На 35 г загреан путер кратко пропржете 30 г брашно и направете светла запршка, а потоа непрекинато мешајќи прелијте со 6 дл ладно млеко. Оставете да проврие, па ставете 1/2 главица ситно сечкан кромид, парченце ловоров лист, каранфиличе и малку рендано морско оревче. Потоа варете на тивок оган внимателно да не загори. На крајот испасирајте низ цедалка.

Сос од маслинки

Потребни Состојки:
- 1 глава кромид
- 1 морков
- 10 маслинки
- 1 телешка коцка (супа)
- 30мл. Маслиново масло
- 300мл. Вода
- 2 лажици густин
- Црвен пипер и црн бибер

Подготовка:
1. Изблендирајте го кромидот, изрендајте го морковот, исецкајте ги маслинките. На маслиновото масло пропржете ги состојките 5 минути. Додадете вода во која претходно сте раствориле 2 лажици густин, малку црвен пипер, црн бибер и телешката коцка. Мешајте да вари на тивок оган 5 минути.
 
А со павлака,топено сирење нешто?
 
А со павлака,топено сирење нешто?

Сос од павлака

Сосот се подготвува од кисела павлака во која се ставаат исечкани кисела пиперка и краставица, лук, кромид и се додаваат црн пипер, сол и сечкан магдонос.

Сос за разни видови печења

Потребно
100 грама кромид
100 грама сува сланина
100 грама кисели краставички
100 грама компир
магданос
200 грама павлака
зејтин, сол и бибер

Начин на подготовка
Кромидот го лупиме го миеме и го дробиме во тава. Во тавата ставаме зејтин и кромидот го ставаме на рингла да се пржи. Кога кромидот ќе биде омекнат ја ставаме сланината предходно исецкана на коцки, и неа со кромидот ја пропржуваме. Кога е малку заруменета сланината ги додаваме киселите краставички исецкани и нив ги пропржуваме со постојано мешање. Кога ќе омекнат краставиците им го додаваме предходно сварениот и исецкан на коцкички компир, пржиме со постојано мешање. Потоа ја додаваме павлаката и магданосот, сол и бибер. Пропржуваме уште 10 минути. Кога е готов сосот го вадиме од рингла и го служиме топол со разни видови на печења.

Тоа бе љубави,баш вакво нешто барам!
Бујрум на лапачка вечер :vozbud:
 
Тоа бе љубави,баш вакво нешто барам!
Бујрум на лапачка вечер :vozbud:

Фала на поканата, само вие убаво поминете си. :)

Ја би типувала на втората рецепта, онаа за разни видови печења. Пробај, па кажи искуство.
 
Сецкам,мешам и ставам? :)
Не сум по готвењето,ама гледам сите кромид запржуваат па нели може ова се да се измеша и павлака да се стави или ќе биде за низ прозор :pos2:
Па баш така земаш сецкаш ситно краставичките и ставаш во мајонезот, што поситни толку посладок преливот. Иначе ова го видов во кафана "златна виљушка" додека бев на крштевка на внук ми. Преливов беше наменет за пирошки ама после дома видов дека добро иде и со стекови. :)
 
Ајде ве молам салати,закуски,било што за голема екипа:pipi:
Ја видов онаа цезар салата(темата),таа ќе ја направам,и друго што знам е шопска:)
Со мевце,со сувомеснато...Хелп!
 
Еве вака нешто интересно:

Земи копанчиња кратки од птуј малце подвари ги па после стави ги во голема тава зачини ги со што ти душа сака вегета, оригано, ако јадете може и кари, и ким, затвори ги со фолија и ставиги на потивко да се печат и ќе ги надгледуваш коа ќе видиш убаво дека се потпечени, тргни ја фолијата и остај да заруменат, после напрај си татар сос од мајонез, павлака малку сенф и рендани кисели краставички малку исцедени стај ги на чинијата за послужување и стави го мола посуда сосот и нека си мацкаат лудница е.

Ордеверче македонско, земи пршут и врат чаден, стави пикантен ајвар или лутеница, и испецчи во тава на покрупни коцки ржано лепче со вегета и маслиново масло и дојдај од страна или убав кашкавал мешан или домашно биено сирење (нема да можеш да избркаш гости од дома).

Салати, напрај зелена мешана или од туна, марула, пченка варена, маслинки и крокетки од лепче, со босилок, сол, маслиново масло, лимон или јаболков оцет зависи од желбата и се топ ќе е верви. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom