А што е тоа пафлак?Вака сега значи темава нее за мали деца јадам нејадам, блјак гадно и шо уште не во тој стил или останти идиостски постови од два збора колку радиреда,
Значи кажете некој ваш рецепт за спремање на пафлак, бидејки тоа месо навистина го ценам како што мислам дека и доста други боемџии кафанџии и скараџии го ценат, една од работите што ми се допаѓа кај тоа месо е што носи доста алкохол па можеш даја распалиш до миле воље без дамуја мислиш за последици од истиот,мјожеш да го мезиш со пиво вино црно бело шприцер чисто, како ти милува.
Јас го спремам така жто вечерта пред главниот настан го сечам на потенги парчиња го сместувам во тепсија и сиго зачинувам малку сол вегетичка,црн бибер зејтин колку дасе подмачка сето тоа, два три ловорови листа и потоа сето тоа го полевам со една чаша бело вино кеси отстои до сабајлето а потоа доага скарата. Друга особина што мисе допаѓа кај пафлакот е тоа што нему треба долго време дасе приготви па и набрзина се пече,
Ако имате вие некој рецепт кажувајте ако не може само импресии:pos2:
Мајонез и кисели краставички?Ај кажете некој прелив за пилешко месо,само да не е со печурки?
Сецкам,мешам и ставам?Мајонез и кисели краставички?
Еве, со грамажа и копмлетна подготовка:Ај кажете некој прелив за пилешко месо,само да не е со печурки?
Сос од павлакаА со павлака,топено сирење нешто?
Тоа бе љубави,баш вакво нешто барам!Сос од павлака
Сосот се подготвува од кисела павлака во која се ставаат исечкани кисела пиперка и краставица, лук, кромид и се додаваат црн пипер, сол и сечкан магдонос.
Сос за разни видови печења
Потребно
100 грама кромид
100 грама сува сланина
100 грама кисели краставички
100 грама компир
магданос
200 грама павлака
зејтин, сол и бибер
Начин на подготовка
Кромидот го лупиме го миеме и го дробиме во тава. Во тавата ставаме зејтин и кромидот го ставаме на рингла да се пржи. Кога кромидот ќе биде омекнат ја ставаме сланината предходно исецкана на коцки, и неа со кромидот ја пропржуваме. Кога е малку заруменета сланината ги додаваме киселите краставички исецкани и нив ги пропржуваме со постојано мешање. Кога ќе омекнат краставиците им го додаваме предходно сварениот и исецкан на коцкички компир, пржиме со постојано мешање. Потоа ја додаваме павлаката и магданосот, сол и бибер. Пропржуваме уште 10 минути. Кога е готов сосот го вадиме од рингла и го служиме топол со разни видови на печења.
Фала на поканата, само вие убаво поминете си.Тоа бе љубави,баш вакво нешто барам!
Бујрум на лапачка вечер
Па баш така земаш сецкаш ситно краставичките и ставаш во мајонезот, што поситни толку посладок преливот. Иначе ова го видов во кафана "златна виљушка" додека бев на крштевка на внук ми. Преливов беше наменет за пирошки ама после дома видов дека добро иде и со стекови.Сецкам,мешам и ставам?
Не сум по готвењето,ама гледам сите кромид запржуваат па нели може ова се да се измеша и павлака да се стави или ќе биде за низ прозор :pos2: