Стразбур, 12 март (МИА) - Македонија до крајот на годинава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ и целосна визна либерализација, препорачува Европскиот парламент во извештајот за напредокот на земјата во 2008, што беше усвоен денеска во Стразбур.
- Македонија презема чекори за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Направен е прогрес во имплементцијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и на Охридскиот договор, како и во исполнувањето на бенчмарковите што ги постави ЕК. Жалиме што три години по добивањето кандидатски статус Македонија се уште не почнала преговори за членство во ЕУ. Тоа има демотивирачки ефект врз државата и граѓаните и го зголемува ризикот за дестабилизација на регионот. За да се прекине таквата состојба Советот на ЕУ треба да одреди дата за почеток на преговорите до крајот на годинава, стои во Извештајот.
Европскиот парламент ја повикува Европската комисија да му предложи на Советот на ЕУ целосно укинување на визите за граѓаните на Македонија до крајот на 2009, имајќи го предвид, како што се наведува, напредокот што го постигна земјата во напорите за визна либерализација со воведувањето биометриски пасоши, примената на интегрирано гранично управување, формирањето на национален информативен виза систем, борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и корупцијата, како и потпишаниот договор со ЕУ за реадмисија.
Европарламентарците во документот директно не ја повикуваат Грција да не го користи ветото како инструмент за спречување на интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ туку е прифатена општа одредба со која се препорачува билатералните проблеми да не го кочат процесот на пристапување на земјите од Балканот во евро и евроатлантските организации.
Се нагласува важноста земјите кандидати да продолжат да ги зајакнуваат добрососедските односи и да ги решаваат билатералните проблеми со соседите, вклучувајќи и заемно прифатливо решение за грчко-македонскиот спорот за името врз база на преземените билатералните и мултилатералните заложби и обврски. Европскиот парламент искажува поддршка за преговарачкиот процес што го води посредникот на ОН Метју Нимиц. Предупредува дека ако не биде постигнат брз компромис меѓу Скопје и Атина, прашањето за името може да резултира со одложување на процесот на приклучување на Македонија во ЕУ.
Извештајот на Европскиот парламент нема обврзувачки карактер, но може да влијае во креирањето на политиката на Брисел кон Македонија. Конечните одлуки за следните чекори на Македонија во процесот на евроинтерграција ги носат Европската комисија и Советот на ЕУ.
-------------------
Ај нека ни е честито!!!