Македонеро
Домаќин
Коментари (0)
11.03.2009 17:19
Исмаил Бојда, горанец од Гора, Косово
Пред претстојните пописи и избори во Косово и Албанија, Бугарија се поактивно бара Бугари меѓу гораните во Гора и Голо Брдо, каде отвори канцеларии за издавање на бугарско државјанство.
„Бугарската влада го помага барањето на Бугарија во Косово, во Албанија, дури испраќаат комесари по посебни територии, отвораат канцеларии, како што во Речане е отворена бугарска канцеларија за пасоши“, изјави Исмаил Бојда, горанец од Гора, Косово.
Бугарската дипломатија ја спонзорираше промоцијата на документарниот филм „Голо Брдо - непознатите Бугари“ од Веселка Тончева во Виена, каде на 30 март ќе се одржи промоција и на книгата на бугарската новинарка Тања Мангалакова со наслов „Нашинците во Косово и Албанија“.
Во книгата која ќе има промоција во април во Скопје и Охрид, се наведува дека гораните во Косово и Албанија имаат криза на идентитетот поради што наводно се декларираат како Македонци и Бошњаци наместо како Бугари.
„Јас лично по обиколката на 19 села во Призренска Гора и 9 села во Кукеска Гора сметам дека тоа е едно културно пространство на Бугарија, по своите обичаи, менталитет и најмногу по дијалектот кој што го зборуваат луѓето, а кој се учи дома и се предава од колено на колено“, изјава Тања Мангалакова.
„Нашинците во Косово и Албанија“ - книга на бугарската новинарка Тања Мангалакова
„Во Бугарија има сè, само Бугари нема, па сега тие надвор од нивната територија ги бараат Бугарите, можат да ги побараат и на Сицилија и на Корзика. По националност ние сме си Македонци и во Гора и во Западна Македонија и во Голо Брдо и во Гора во Албанија“, изјави Исмаил Бојда.
За Македонците во Албанија и Косово ова е обид бугарската влада да докаже дека во овие две земји нема Македонци, туку Бугари, за да го реши својот проблем со непризнавањето на македонското малцинство во Бугарија.
Македонски дипломати пак признаваат дека знаат за дипломатската офанзива на Бугарија, но дека се немоќни да ја сопрат.
Гораните кои минатата година регистрираа македонско-горанска заедница на Косово и сега бараат да влезат во косовскиот устав како малцинство, велат дека македонската држава може барем да помогне за опремување на канцеларијата на македонската заедница во