„Во Бугарија има се, само не Бугари, па ги бараат надвор“

  • Креатор на темата Креатор на темата Македонеро
  • Време на започнување Време на започнување
Читај ФМИ

Ксантика е една од најсветлите обележја на старомакедонските народни обичаи, која со својата волшебна моќ ги обединувала душите на Македонците во заедничките стремежи за опстанок и подобар живот.

Ксантика Македонците ја празнувале како празник на пролетта, љубовта, цвеќињата и убавината. Но, за жал, во сегашно време не се знае скоро ништо за овој духовен празник, кој во старо време беше синоним за македонскиот идентитет. Се чини дека Ксантика е оставена на заборавот на времето, да изгасне со природна смрт. Може и затоа што таа е чист македонски феномен, никој од нашите соседи не се осмелил да ја присвои и прикаже како дел од своето културно наследство.

Првите податоци за Ксантика потекнуваат од VI век пред Христа и нив ни ги пренесува старогрчкиот писател Хесихиос, од кои дознаваме дека Ксантика ја празнувале луѓето кои живееле на север од Олимп и дека при празнувањето доаѓало до излив на силни емотивни чувства, тешко разбирливи за елинскиот свет. Многу подоцна, во I век од новата ера дознаваме за Ксантика од античките писатели: Диодор, Јустин и Куртиј Руф.

Тие во своите дела посветени на походите и подвизите на Александар III Македонски, ја споменуваат Ксантика како празник на пролетта, во кој македонските војници ја манифестирале длабоката почит кон обичаите на своите предци. Од нив дознаваме дека Ксантика се славела секоја година, со спонтани манифестации, културни приредби и спортски игри, без разлика што престојувале меѓу други со различни култури. Празнувањето на Ксантика преставувало голема атракција за тамошните жители. Македонските војници ја славеле Ксантика облечени во свечена македонска облека, пееле и играле македонски песни и ора со што ја истакнувале својата посебност во однос на војниците припадници на други народи, а посебно од војниците на елинските државички-градови.

Современите истражувачи на македонската историја, американскиот професор Јуџин Борза и британскиот научник Николас Хејмонд, ја споменуваат Ксантика како посебен празник на кој Македонците им оддавале особена чест и на починатите македонски цареви. Тоа го правеле во завршните свечености на празникот, кога во свечената поворка во македонската престолнина Пела се изнесувале златната дијадема, воената опрема, оружјето, царскиот дневник и други воени трофеи на секој починат цар во посебни возила.

Вреди да се нагласи дека и Александар III Македонски својот историски подход, го започнал во пролетниот празник - Ксантика.

Што значи "Ксантика" и зошто Македонците го празнувале овој празник спонтано со невиден занес, гордост и љубов?

Неуморниот истражувач на изворната македонска митологија, проф. Ташко Белчев, во своето дело: "Орфеј - Горпеј", ја оживува легендата за Божицата на цвеќињата Ксантија и богот Македон, синот на семоќниот Бог на Пантеонот Ѕевс (Диј).

Според преданијата, Ксантија била Божица на сите цвеќиња што цветаат во градините, полињата и горите. Во неа бил вљубен до последниот здив Богот Македон. Но, откако злите сили на некои од боговите на Пантеонот ја замениле Ксантија во цвеќе, кутриот бог Македон, секоја пролет ја барал својата прва и незаборавна љубов низ сите ливади и полиња, кај сите бистри потоци и реки, кај сите цветни градини во својата омилена земја - Македонија.

Во чест на оваа необична и несреќна љубов на Богот Македон и на Божицата на цвеќињата Ксантија, Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант, а пролетниот празник Ксантика.

Празникот на пролетта Ксантика е многу битен за сфаќањето на светогледот на Македонците, за нивното обединување и формирањето на нивната држава од страна на легендарните аргеадски цареви со потекло од Орештија (Орестија).

Ксантика е празник во кој Македонците верувале дека се случува "измивање на душите", простување на гревовите, доминација на разбудената пролетна светлина врз зимската темнина, што ги притиска нивните души. Симбол на празникот беше црвено-белата врвка исплетена од бел и црвен конец.
Од тука, нешто што е и до денес зачувано и кај нас, тоа е онаа "мартинка", онаа просто волшебна црвено-бела плетенка која тогаш се провлекувала како нишка за спојување на тие луѓе за време на празникот.
Белата боја во таа плетенка најверојатно потекнува како симбол на белиот делфин кој се сметал за божји дар и кој живеел само во Егејско Море, па и оттука и називот" Беломорска Македонија".

Белата боја се сметала за симбол на чистота и искреност, а црвената боја за симбол на светлоста и љубовта.

Ксантика беше длабоко впиена во душите на Македонците со вчудоневидена сила.
Славањето на Ксантика беше проследено со невиден ентузијазам и занес.
Црвено-белите симболи се ставаа на вратите и прозорците и оградите.
Жените и девојките од нив правеа ѓердани, си ги украсуваа косите.
Мажите ги врзуваа на ремените или на појасите.
Децата ги носеа како белегзии на рацете.
На коњите и на јагнињата им се правеа буфки од црвено-бело предено.

Црвено-белите симболи се ставаа и на оралата, на јаремите, ги обелжуваа со нив кравите и овците, се ставаа на крблата за молзење млеко.

Жените ја истакнуваа облеката, исткаена и извезена во зимскиот период, збогатена со изворна инспирација, монументална хармонија и раскошен колорит.

Најзабележителни беа долгите и широки фустани за на оро, наречени ајти, како и кошулите, прегачите и муфеските со разновидни украси, прекрасен вез, збогатен со живописен колорит, што претставуваше вистински израз на творечката надареност.

Главни обележја на машката облека беа: шеритот (појас), што се сметаше за симбол на машкоста, хламидата (наметка) и богато извезената и накитена кошула. Мажите на главата носеа бели ленти или каусии (капи со широк круг).

Вистинска убавина претставуваа нивните мелодични песни и развиорените ора, особено карпеа (карпестото) и телесија (телесното).

Низ сите населени места, низ сите долини и планини ечеа со застрашувачка моќ волшебните звуци на тапаните, гајдите, грнетите, буриите, зурлите и кавалите.

Ксантиката се славаше цел месец, со зачудувачки ентузијазам и вознес кон боговите и вечното Сонце - симболот на животот.
 
ММ тогаш и Аспарух е бил античен,заштото празника иде точно от там-пра-бугарите.

Античките Македонци се 1 милениум пред Аспарух.
Аспарух од кое племе влече корен ?
Да не имал допир со некое словенско племе?
Словени не биле само на Балканот ги имало и по црноморското крајбрежје.

Инаку според професорот Белчев, Ксантија е божица на цвеќињата во кој се вљубил богот Македон.
Злите сили ја претвориле Ксантија во цвеќе и Македон секоја пролет ја барал својата љубов.
Во чест на оваа несреќна љубов Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант а празникот Ксантика.
И во тој месец се носат мартинките, црвено бели.

Аспарух што вика за овој празник ?
 
Ова бугарскиве форумџии експерти од сите области сакаш историја етнологија фолклор лингвистика политика археологија

Што очекуваш од народ кој тврди дека Исус бил Бугарин
 
Античките Македонци се 1 милениум пред Аспарух.
Аспарух од кое племе влече корен ?
Да не имал допир со некое словенско племе?
Словени не биле само на Балканот ги имало и по црноморското крајбрежје.

Инаку според професорот Белчев, Ксантија е божица на цвеќињата во кој се вљубил богот Македон.
Злите сили ја претвориле Ксантија во цвеќе и Македон секоја пролет ја барал својата љубов.
Во чест на оваа несреќна љубов Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант а празникот Ксантика.
И во тој месец се носат мартинките, црвено бели.

Аспарух што вика за овој празник ?

Со удоволствие ке коментирам темата,но темата е друга и е во Политика и Вести. Ништо обшто со традиции и историja.

Што очекуваш од народ кој тврди дека Исус бил Бугарин

А преди извесно време на този форум се тврдеше дека бил распнат во Охрид.Истото е.:kesa:
 
Потрагата по Бугари е апсурдна.
Движењето на Бугарите не е од запад кон исток, туку од црноморскиот регион кон Балканот.
Македонците се движат во обратна насока од Балканот кон Бугарија, Украина, мала Азија, Египет....
Таму копни ќе најдеш македонски артефакт кој западните историци го нарекуваат хеленски од страв да не им текне на словените дека мала азија им е исто татковина како и Балканот.
Да не се јави па некој улав да ослободува просторите на кои живеел нашиот народ.
 
Се најде во тесно па се прешалтуваш на нешто друго
Ни наjмалко бегам.:smir:
Потрагата по Бугари е апсурдна.
Движењето на Бугарите не е од запад кон исток, туку од црноморскиот регион кон Балканот.
Македонците се движат во обратна насока од Балканот кон Бугарија, Украина, мала Азија, Египет....
Таму копни ќе најдеш македонски артефакт кој западните историци го нарекуваат хеленски од страв да не им текне на словените дека мала азија им е исто татковина како и Балканот.
Да не се јави па некој улав да ослободува просторите на кои живеел нашиот народ.
Убаво бе и как така Романци,бугари,молдовци,украинци и дел от руснаците празнуват баба марта?Можам да добавам и западните покраjнини во Србиja.
Легендада за мартеницата е совсем друга.Аспарух стигнал до Дунав и требаво да пресече реката.На един орел врзал бел конец и го пуснал да лети да наjде брод(наjплитко место).Во това време една стрела пробола орела.Белиот конец се оцветил со крвта на орела.Конеца станал бел и црвен.Орела бил омилената птица на Аспарух и заповедал сите на този ден да носат бел и црвен конец.
Кога видиш цфнало дрво или птица мартеницата се свала и се тура или на дрвото(което е стара прабугарска традициja коjaто ja има и сега кога поминаваш през планина во Русиja да врзваш нешто за дрвото-така боговете на планината те пуштат да преминеш) или под камен.
На 1 Март празника се нарича Баба Марта.
Интересно как така толкова непопуларен е каj вас?Па нали потекнува от вас?
 
Значи празнокот е тој како сакаш крсти ама античките Македонци први почнале да го празнуваат а другите превзеле од нив:toe:
 
Абе со б’лгарин немајте си работа...:tv::vozbud::helou::tapp::pos2:
 
Па не е популарен,кога имаш изроди од политичари а со самото тоа слабо изградена национална стратегија.Но не секирај,млад државен поредок имаме,и кај нас еден ден повторно ке стане популарен
 
А има ли бе бугарки? Добив плата.......
Понуди на макja ти или она и без пари ти дава?Србски дебил :pusk:

Античките Македонци се 1 милениум пред Аспарух.
Аспарух од кое племе влече корен ?
Да не имал допир со некое словенско племе?
Словени не биле само на Балканот ги имало и по црноморското крајбрежје.

Инаку според професорот Белчев, Ксантија е божица на цвеќињата во кој се вљубил богот Македон.
Злите сили ја претвориле Ксантија во цвеќе и Македон секоја пролет ја барал својата љубов.
Во чест на оваа несреќна љубов Македонците првиот пролетен месец го нарекоа Ксант а празникот Ксантика.
И во тој месец се носат мартинките, црвено бели.

Аспарух што вика за овој празник ?
Со се та должна почит Салвиански ми се аресваш ама сум ги чел грчките митови и легенди и секако тоj бог македон не е тоja koj на вас ви се иска да е

което е стара прабугарска традициja коjaто ja има и сега кога поминаваш през планина во Русиja да врзваш нешто за дрвото-така боговете на планината те пуштат да преминеш
Това е факт.Имало го е као верване като преминаваш през планина да вр'зваш нешто парцалка или в този случаj конец бел и червен като дар за боговете.И до ден денешен го има запазено като обичаj
 
БАТАЛЕТЕ ГО ФЕМЧО РЕТАРДОТ...

СРАМОТА

ТЕЛЕФОН и КОМЈУТЕР нашата држава не може да обезбеди 20 години, сите влади, сите министри, сите партии...

по сабајлечки во дојрана на чорби повеке ке се истроши:kesa:
 
Значи празнокот е тој како сакаш крсти ама античките Македонци први почнале да го празнуваат а другите превзеле од нив:toe:

Е нали идеме от Хиндукуш и тамо имало македонци за да им го откраднеме од нив?
 
Ама сме многу глупи еj. Тука докато се караме губиме територии кон всички соседи но не. Каде е беломорска македониjа? А беломорска тракиjа? Голо Брдо? Имаме општи интереси а се караме - ето това е блгарштина :kesa:
 
Ова што го прават Бугарите е економско асимилирање на Македонците, ниту некогаш тие Македонци ќе се почувствуваат како Бугари ниту па Бугарите имаат доволно пари за да си купат историја, традиција и култура која ни припаѓа нам Македонците.

Затоа се принудени да крадат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom