Amnaesiac
Paranoid Android
- Член од
- 9 декември 2008
- Мислења
- 1.818
- Поени од реакции
- 43
Абе, некои сеуште мислат дека со законов ќе се раѓаат повеќе македонски деца, и по етничка основа дискриминаторски бла бла кур се тресе во ладна вода, а после 10 години ќе видат дека тие новороденчиња по 5 комада неделно во некое село Беровско, нема ама баш ништо да ни донесат освен неколкумина екстра провинцијалци кои што ќе шиткаат ниви за еднособен стан во Скопје.
Не се развиваат така општините. Дека тие роденчиња во таквите општини, сакаш нејќеш пак ќе се натрупаат во Скопје за високо образование (ако се воопшто среќни да го добијат). Така да...во тие општини наталитетот пак ќе си остане ист. Општината пак ќе си остане неразвиена.
Развивање на општини? Дај ми батче мене едно 30 миљони евра, некоја пољана накај Свети Николе, па коа ќе ти напраам некоја елитна населба со бунгалови, со паркови зеленило езерца и турски плешацици, ќе видиш после кај ќе иде омлаџина да го помине секој викенд, и каде ќе падне многу поголем (а и поубав) секс од овој со пари. Изгради убава пруга до Охрид, за да може секој за 100 денари да иде со воз до Охрид, пруга до Крива Паланка, некој Ски Центар во Кожув....
Законов нема никаква врска со развивање на општини, туку напротив...нивно поголемо уништување. Воедно, и уништување на Скопје како главен град.
Ама нејсе, како што тргнале работиве, ќе остане Македонија најнеразвиена на балканов со оглед на тоа дека секој втор што го знам гледа како да фати штикла за надвор да работи за некоја странска компанија. Кај мене на работа за 4 години, 5 души фатија џаде а ти Гаро би требало да знаеш колку е инвестирано во тие 5 души и колку значат такви луѓе да ти бегаат надвор.
Кои пацери еј...ја да работам, Самоубицана да кеца со мои пари...боже мој...
кај го најде самоубицата жити се, па тој к(л)еца по тастатура само