- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Дома > Македонија
„Да се биде Македонец во Македонија значи нешто“
Коментари (3)
08.03.2009 19:04
Дорис Пак
Европарламентарката Дорис Пак во интервју за А1 вели дека како Европјанка се чувствува виновна за грчката блокада на Македонија. Тоа е луда ситуација која не е фер, ниту е разбирлива - но е на маса и од неа нема бегање.
Дали постои опасност Грција да го блокира есенва добивањето на преговори, онака како што не блокираа во НАТО?
-За жал, да. Не гледам излез. Ако не сакаат да влезете во ЕУ, тогаш гласањето ќе биде едногласно. Ако Грција не сака да го гледа проблемот меѓу Македонија и Грција како билатерален, и тоа преставува товар во секоја дискусија, мислам дека не можеме да сториме ништо, за жал.
Во извештајот на Европскиот Парламент многу европарламентарци се против блокада поради спорот?
-Знаете дека јас сум против. Но проблемот е што не можам да ја убедам грчката влада да стори нешто. Според нив, тоа не е во нивен интерес. Тоа е проблемот. Не знам како да постапам. Многу ми е жал, зашто се чувствувам малку виновна поради оваа луда ситуација. Не сум виновна, но се чувствувам така, зашто сум Европјанка, а гледам дека однесувањето на Грција не е фер, и не е разбирливо. Кога Грција сакаше да влезе во ЕУ, никој не направи таков проблем, а беше билатерален. Затоа треба да се грижат за тоа дека сите сме Европјани, сакаме да бидеме заедно.
-А тие поставуваат пречка. Мислам дека тоа не е многу христијански. Без разлика дали се православни, католици, протестанти. Имаме христијанска вера и мислам дека треба да се однесуваат така. Проблемот е што прашањето за името може да се реши веројатно со двојно име. Но не смее да го одземе идентитетот на Македонците. Да се биде Македонец во Македонија значи нешто.
Постои став во Македонија, доколку изборите се фер и демократски може да се очекува датум за преговори.
-Мора да имате слободни, фер и коректни избори без разлика дали сте во ЕУ или не. Тоа е должност на една демократска земја. Од друга страна, тоа е еден од условите за преговори. Ако ја надминете таа пречка, тоа е во ред. Но не можам да го решам проблемот меѓу Грција и Македонија. Се надевам дека Грција и Македонија ќе најдат барем можност за да најдат излез од ова.
Инаку блокирана е целата идеја на проширувањето?
-Блокирана е поради ветото. Има регулатива во ЕУ, дека проширувањето треба да биде анонимно. Ако Грција не го прави тоа, не знам како да ги убедиме.
Извор А1...
Имам впечаток дека Европските политичари се поотворено не подржуваат, а постапките на Гејците се повеќе ги ословуват како налудничавни, нерациоанални и нехристијански...