Дали сте за трета опција?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Мислите ли дека на македонскиот политички блок му треба трета опција?

  • Да

    Гласови: 46 73,0%
  • Не

    Гласови: 17 27,0%

  • Вкупно гласачи
    63
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Факт е дека Македонија никако да се ослободи од црно-белата политичка слика, кога се работи за македонскиот политички блок...
СДС или ВМРО, трета партија и после 18 години неуспеа да се наметне...А тоа воопшто не е добро за демократијата ниту пак за гласачите, тоа всушност ја покажува малодушноста на нашето безмилосрдно политизирано општество, каде партиите што немат да понудат партиски места, ниту пак доволно финансии за купување на гласови, практично од почеток се осудени на пропаст или користат како приврезоци во разно разни , многу често и смешни коалиции...
Од таа страна мислам дека би требале да учиме од македонските Албанци кои покажаа и многупати докажаа поголема храброст кога треба да се казни партија која не одговара на нивните барања, па затоа и се случува нагло опаѓање или растење на рејтинг и брзо просперирање на нови партии со нови идеи...
А што правиме ние ако не е СДС тогаш е ВМРО или обратно, до кога вака...
Денес ја гледам дебатата на потенцијалните кандидати за градоначалник на Скопје и многу добар впечаток ми остави госпоѓата Начевска, отварам овде на анкетата таа нема ниту еден глас ЗОШТО???
Коце Трајановски, политички војник, ТИТО икона, зошто тие двајца да бидат фаворити???
Се прашувам дали некогаш во Македонија ќе добиеме „БОЈА„ во политичката слика, дали не ви е сето ова помалку заморно (политички пинг понг, ВМРО вака направи, СДС вака направи), и ако мислите дека треба да има трета политичка опција , мислите ли дека такво нешто е остварливо , во овие политички услови со оваа гласачко тело...
 
Amdi Bajram ako osnova partija, mozi da bide treta opcija
 
ДА!!! Очајно ни треба трета опција!
Ако зборуваме отворено, во 18 години независност земјава ја водеа горе-долу еднакво ВМРО и СДСМ. За сите глупости и добри дела заслужни се подеднакво и двете опции. Не ме цитирајте партиски војничиња од ниедната страна. Отворено и со факти зборувам. Пример, ако едната политичка партија го продаде името, другата продолжува да ја продава. Едните го продадоа ЕВН, другите ни ја донесоа ОКТА. Исто шајзе сте и двете. Ни треба трета опција, трета политичка партија различна од двете. Нема да добиеме бидејќи народ во земјава нема!
 
Пред секои избори „се појавува“ прашањево. И пред секои избори даваме очигледни констатации, да, треба. И пак е црно-бело. И ќе остане црно-бело.
 
Очекуваме ЧУДА на политичката сцена, а не допринесуваме за тоа...
И сигурен сум дека сите сега ќе кликнете на ДА, а од друга страна никогаш не сте допринеле за тоа...
Многу е лошо кога после толку години ништо не се сменило , ништо не тргнало напред...
Ги гледам Митинзите , бог да чува, тоа ли е Македонија, децка градинка, овој вака напави оној онака...
Мегутоа тоа право не заборавете ние им го даваме...
Видете само колку прашина се дигна околу Селмани, неговата кампања е јасна без навреди, внесе нов бран на политичката сцена, а Албанците се покажуваат многу храбри во прифаќање на нови политички струења...
Зошто македонскотото гласачко тело не е способно за вакви чекори, зошто партии што дефинитиво си го заслужија местото во историјата повторно ги воскреснуваме...

Пред секои избори „се појавува“ прашањево. И пред секои избори даваме очигледни констатации, да, треба. И пак е црно-бело. И ќе остане црно-бело.


Точно така , нешто слично се случи и со анкетата што ја поставив „ДАЛИ ГЛАСАТЕ ЗА ЧОВЕК ИЛИ ПАРТИЈА„ веднаш сите кликнаа за ЧОВЕК, иако по некоја случајност тој човек е секогаш од истата партија (СДС или ВМРО), на оваа анкета ќе се случи истото...
Сите сме за трета опција а на терен никој не ја подржува...
 
Сум размислувал за ова прашање...ама еве ќе ви наведам некои мои гледања:

Ако се појави трета опција кој и да биде на нејзино чело на почетокот ќе биде "злато човек"....ама после некое време за да стане неговата партија звучна ќе мора во партијата да внесе и олигарси за да му го чуваат грбот(а олигарсите пак си тераат по својата работа-криминалот)....и со тоа пак доаѓаме на истото...јбг треба нов поредок а не нова партија!

:smir:
 
Сум и за 3,4,5,6 .... опција.
Треба да постои борба на идеи и помеѓу партиити и во самите партии.
 
:pos2::pos2:Сите се за трета, и којзнае која опција но сепак од се срце посакуваат да победи нивната прва или втора опција.:kesa:
 
Чекај чекај... Две партии до сега ја крадеа Македонија. Сакате да дојде на власт некоја трета? Па овие таман се наполнаа со пари, сега е времето да почнат малку да мислат на државата.

Не ни треба трета опција, ни треба комплетна промена на државната организација. Не сме ние за политички партии и тн. За Македонците треба некој како Сталин или Хитлер. Диктаторски режим за да се свести овај народ.
 
Jas sum za sledeca opcija, kao prvo vrata zakljucati, kao drugo prozore zatvorite kao treto spustiti zavese kao cetvrto ostat kuci i ljubit se. Ako se sutra zarati moja mala sta ke mo ja i ti ................
 
Ќе си го цитирам омилениот професор за темава:

Македонската општествена реалност во изминатите осумнаесет години ја карактеризираат бројни процеси со нагласено негативни конотации, при што граѓаните на Република Македонија станаа жртви на небулозниот транзициски галиматијас реализиран во турбо-кич варијанта, именуван како примитивен неолиберализам. Попрецизно кажано, најголемиот дел од нив останаа на маргините на она што се случуваше, губејќи постепено, но сигурно многу од тоа што со години тешко го создавале, како на општествен, така и на личен план. Оние малкумина, најлукавите, најбескрупулозните и најдосетливите и кои имаа „нос“ за времето што доаѓа, секако и способност како во него повеќе да профитираат, добија... и тоа многу, како ретко каде и како ретко кога. Се збогатија, станаа моќни, недопирливи и недостапни. Заборавија на оние со кои, само до вчера, заедно веруваа во утописката можност да се изгради свет втемелен врз еднаквост, солидарност и праведност. Она што остана, што се памети, се само спомените на еден систем што беше поразен од саморефлексивната илузија дека е можно добро да се живее, а притоа да не се почитува елементарната економска логика, според која не можеш да имаш повеќе од она што можеш да создадеш.


Во секој случај, македонското општество се раслои, при што многумина „неподготвени“ - мнозинството, го почувствуваа горчливиот вкус на бесперспективноста. Притоа, препуштени сами на себе, без можност на достоинствен начин да ја обезбедат својата егзистенција, македонските граѓани, губејќи ја сигурноста во својата иднина, истовремено ја изгубија и довербата во заедничкиот живот и заедничките вредности. Живеејќи во едно поделено општество, според различни критериуми (економски, социјални, етнички, религиозни, партиски и вредносни) тие, за жал, ја прифатија логиката на црно-белиот поглед на свет. Така, во Македонија, денес, доминантна мисловна и вредносна матрица се темели, исклучиво врз дисјункцијата или- или, при што вистина е само она со кое се идентификуваме - што е наше и на кое припаѓаме. Се' што е различно од нас, се' што не се совпаѓа со нашите мисли, убедувања и ставови априори се доживува како туѓо, кое не' загрозува и не' прави да се чувствуваме несреќни.

Аналогно на тоа, Македонија веќе личи на импровизирана шаховската табла, при што на белите полиња стојат Македонците, православните, а на црните Албанците, муслиманите или обратно - како што милувате! Но, црно - белата логика на македонската социјална стварност тука не завршува. Имено, ако сте Албанец, вие припаѓате или на умереното или на радикалното крило; или сте за Илирида или сте за Рамковниот договор; или сте за голема Албанија или за малата Македонија; или сте за Ахмети или за Тачи или, пак, за Селмани... Доколку сте Македонец, вие сте или славомакедонец или антички Македонец; предавник или патриот; или светот го посматрате низ призмата на СДСМ или сте вмровец. Секако, имате уште понекоја политичка опција, но и таа е тука само за да го потврди правилото дека повеќе не сте свој, односно дека припаѓате на определен колективитет. Вашата индивидуалност мора во целост да е во функција на светата идеја на колективното табу. Да се биде свој, да се мисли со сопствена глава еее... тоа е, голем, грев! Тоа е директна атака врз големиот тотем реинкарниран во ликовите на етничките и партиските лидери, а не така ретко и во личноста на вашите претпоставени. Секој што ќе се дрзне да ги критикува треба да знае дека, порано или подоцна, ќе биде казнет. Притоа, самата помисла да се размислува надвор од постојните колективни вредносни матрици се прогласува за ерес. Кој воопшто смее да си дозволи да ја наруши идиличната слика на црно- белиот свет?! Кој ви го има дадено правото да не сакате да прифатите да живеете со поданичката логика на еден пион кој доброволно прифаќа да биде жртвуван во името на остварувањето повисоки цели во шаховската (поточно политичката) партија - игра, којашто е омилен спорт во вашата „демократска“ („демо“ или „кратска“) општествена средина.



Работите одат дотаму што се доведува во прашање дури и интегритетот на вашата личност доколку си дозволите во една прилика да ги критикувате едните (белите), а во друга прилика другите (црните) или, пак, истовремено да укажувате на определени позитивни аспекти и кај едните и кај другите, при што најлоша варијанта е да инсистирате на нивно помирување и заедништво. Тоа крајно е нелогично, односно спротивно на основната премиса врз која функционира тој свет, накратко изразена со сентенцијата - раздели, па владеј! Секој обид за иницирање заеднички дијалог низ размена на аргументи однапред е осуден на пропаст, доколку не се совпаѓа со нивните интереси. Од друга страна, немојте ни случајно да ви падне на памет да давате совети или да нудите решенија за определени општествени проблеми. Кој сте вие како индивидуа да размислувате за проблеми од поширок општествен интерес, а притоа тие размисли да не се совпаѓаат со оние на барем една политичка провиниенција?! Таква дрскост не може да се толерира и тоа не само од страна на лидерите туку и од нивните бројни обожаватели и приврзаници.



Доколку сакате да бидете сфатени сериозно, односно доколку сакате да бидете прифатени, вие мора да резонирате со канонската логика на тој црно-бел свет во којшто не е дозволено да имате поинакво мислење од она што е заедничко за дадениот колективитет што, најчесто, случајно или не, се совпаѓа со ставовите на оние кои го водат тој колективитет. Притоа, просечноста, сервилноста, полтронското однесување, хипокризијата, лукавоста и наметнатата љубезност се основните особини што треба да се поседуваат за да се направи брза кариера и да се напредува во животот. Секое несогласување со водачите, секое спротивставување на нивните идеи, дури и кога е втемелено врз факти, ве прави неподобен. Едноставно, во тој случај, вие сте неадекватен за таа црно-бела игра. Не е воопшто важно колку добар играч сте. Сето ваше знаење, сите квалитети, предиспозиции и талентираност се недоволни за да настапувате во првата екипа. Дури нема место ниту на резервната клупа, а за тоа сте виновни вие самите за тоа што не умеете да размислувате црно-бело, затоа што сакате животот да го доживеете во сите негови бои и нијанси, со сите негови противречности и конфликти, но и со подготвеноста неговата внатрешна суштина да ја откривате токму во нивното решавање и надминување, преку отворен дијалог, а не со авторитарната логика на сопствената вистина и самобендисаност. Соочувањето со противречностите истовремено е и признавање дека не само што тие реално постојат, но истовремено и прифаќање на фактот дека има различни вистини за нивно согледување, односно дека постојат различни патишта за нивното решавање. Токму ваквиот пристап е во спротивност со основната филозофија на црно- белиот свет и токму сознанието за тоа ве прави да бидете надвор од него. Тука нема лутење: секој припаѓа на својот свет, поточно секој го обликува и доживува светот според она што го носи во себе и што може да го препознае во другите околу себе.


Секако, тоа не значи натпреварите со екипите во кои настапуваат претставниците на црно-белиот свет да се предадат со службен резултат - без игра. Животот тече натаму! Играта продолжува! Нештата се менуваат бавно и потребно е време и трпение. Прашање е само колку човек може да биде упорен и до која мера ќе може да истрае во одбраната на своите убедувања, а секако и во желбата да ги споделува нив со другите?!

ќе го надополнам.......во однос на темата...

Третата опција сме ние граѓаните ,трета опција во овој момент е секој од нас да покаже спротивставување на црно-белата политика ,на политиката од сдсм и вмро, да покаже дека немислиме како нив, дека не се слагаме со нив што ни се приритети,што е добро а што лошо!
Ако ние (народот) ја сакаме таа трета опција ,треба да ја направиме!
Еве тука на форумов , ако на оваа тема се погодат повеќе визионери за трет пат - нека се договорат и нека формираат политичка партија....нека почнеме от тука, денес..
 
За формирање трета опција треба пари, а хулиган, кој е тој професор, добар текст има напишано, па многу ме интересира кој е.
 
За формирање трета опција треба пари, а хулиган, кој е тој професор, добар текст има напишано, па многу ме интересира кој е.

Љупчо Печијаревски - предава “социологија“ и “менаџмент со човечки ресурси“.
Универзитетски професор на Св Климент Охридски , најактивен на Економскиот Факултет !

Стварно го бива чоеков , редовно пишува колумни за утрински и да ти кажам право, не сум сретнал некоја лоша досега!
 
Очекуваме ЧУДА на политичката сцена, а не допринесуваме за тоа...
И сигурен сум дека сите сега ќе кликнете на ДА, а од друга страна никогаш не сте допринеле за тоа...
Многу е лошо кога после толку години ништо не се сменило , ништо не тргнало напред...
Ги гледам Митинзите , бог да чува, тоа ли е Македонија, децка градинка, овој вака напави оној онака...
Мегутоа тоа право не заборавете ние им го даваме...
Видете само колку прашина се дигна околу Селмани, неговата кампања е јасна без навреди, внесе нов бран на политичката сцена, а Албанците се покажуваат многу храбри во прифаќање на нови политички струења...
Зошто македонскотото гласачко тело не е способно за вакви чекори, зошто партии што дефинитиво си го заслужија местото во историјата повторно ги воскреснуваме...




Точно така , нешто слично се случи и со анкетата што ја поставив „ДАЛИ ГЛАСАТЕ ЗА ЧОВЕК ИЛИ ПАРТИЈА„ веднаш сите кликнаа за ЧОВЕК, иако по некоја случајност тој човек е секогаш од истата партија (СДС или ВМРО), на оваа анкета ќе се случи истото...
Сите сме за трета опција а на терен никој не ја подржува...

Никој не ја поддржува..само затоа што и ја нема...
Освен ако не мислиш дека квази комуњари..лошо префарбани ..и антимакедонци по вокација се таа твоја „замена„...

:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom