Најдеполитизирана телевизиска куќа во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

На која телевизиска куќа најмногу и верувате???

  • МТВ

    Гласови: 6 4,3%
  • Сител

    Гласови: 17 12,1%
  • А1

    Гласови: 16 11,3%
  • Канал 5

    Гласови: 7 5,0%
  • Алсат-М

    Гласови: 5 3,5%
  • Телма

    Гласови: 27 19,1%
  • Алфа

    Гласови: 14 9,9%
  • Други, наведи кој во коментар

    Гласови: 2 1,4%
  • На ниту една

    Гласови: 47 33,3%

  • Вкупно гласачи
    141
таква телевизија нема бе нема кој ќе каже дека има тогаш лаже
 
Сител :pos:

Телма на пример е единствена телевизија што објави дека нема да одговара на поканите на МВР за снимање и правење спектакл од апсења.

А1 (и А2) на пример е телевизија која ја има најдобарата (значи напишав најдобра, не најпрофесионална) информативна програма во земјава со истражувачко новинарство и се комплет.

Алфа во последниве месеци има стварно добра информативна програма...

За објективност... не можете да издвоите медиум кој ќе биде 100% објективен, посебно не кога сопствениците се мешаат во политиката...
 
СИТЕЛ......yeah right :pos2:
 
Нема независни, одосно нема непартиски телевизии. Ставени се во функција на политиката уште од кога се основани. Разликата е во тоа што некои само глумат независност а некои не. Доволно е само да се види кој која ТВ финансира па се ќе биде јасно. Лекот е да се следат повеќе телевизии - за да се дојде до сопствен став.
Ние имаме целосно партизирано општество, а телевизиите не се надвор од системот.:toe:
 
неполитизирана ТВ нема исто ниту дневна штампа
кој сака да работи мора да биде со партијата на власт или опозиција, портокалово или сино со ружа јебига така стојат работите :tv::tv:
сепак ќе одберам К 15 И АЛФА некако мистојат по неполитички
 
СИТЕЛ ???? да не е техничка грешка,,,,хахахха
 
Нормално дека нема 100% објективна телевизија, бидејќи нема ни 100% објективни луѓе.
За мене А1 е најсензационалистички-ориентирана телевизија, иако има добри новинари, па некогаш граничи со жолто новинарство.
Канал 5 не ми се јасни. Новиов презентер ми е многу антипатичен со неговиот глас.
Она што го даваат на Сител во информативната програма не го сметам за новинарство и вести.
На МТВ главен проект им е изборот за песна за евровизија.

Од сите најдобра за мене е Телма, и најоригинална. Нема глупи квизови кај што треба да правиш телефонски трошоци, нема глупи контактни емисии кај што пак треба да правиш телефонски трошоци. Има најдобар избор на филмови. Единствено што не ми се допаѓа е летаргијата на презентерите.
Веднаш зад неа, и тоа многу блиску, аможеби и на исто ниво е Алсат.
 
Сител,дај им 1000 евра и џип на некој од новинарите и ќе достигнеш максимална популарност кај народот.Гласав за А1,незнам,мислам дека вестите се најверодостојни.
 
ТЕЛМА дефинитивно најобјективни.. луево секогаш ги даваат изјавите на двете страни и тоа во целост.... САМО НАПРЕД
 
Со кој ли памет да гласаш за Сител? :tapp: Колку само е ОЧИГЛЕДНО, дури и маливе деца знаат кого подржуваат. Добро некои луѓе гледаат каде што им се сервира подобри вести за нив па тоа им е поверодостојно.

Гласав за Телма. Луѓето си прават вести без форсирање да бидат најбрзи и со тоа не грешат и воопшто избегнуваат некои невнимателно форсирање на некоја партија. Се дистанцираат тотално од сето тоа.
 
Телма според мене се најобјективни, само немаат доволно вести да исполнат еден добар термин. Политизирани не се воопшто, а и мислам дека имаше една информација кога славеа 10 години постоење дека можеле да користат дел од парите на радио-дифузната такса, така да се ближат до МТВ, само што МТВ како што некој погоре имаа напишано дека главен проект им е ЕВРО(СРАЊЕ)ВИЗИЈА, и ништо друго. Од другите, АЛФА и А1 се едни од подобрите, а од СИТЕЛ само вестите за СВЕТОТ ги гледам, бидејќи вестите од македонија кога ги презентира обично Латас ( во кошула слечен како на ринг да е и само мрда ) а и останатите се само ВМРО ВМРО, што мислам дека не личи за една телевизиска куќа да оди до тој степен на политизираност, ама тоа е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom