Најдеполитизирана телевизиска куќа во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

На која телевизиска куќа најмногу и верувате???

  • МТВ

    Гласови: 6 4,3%
  • Сител

    Гласови: 17 12,1%
  • А1

    Гласови: 16 11,3%
  • Канал 5

    Гласови: 7 5,0%
  • Алсат-М

    Гласови: 5 3,5%
  • Телма

    Гласови: 27 19,1%
  • Алфа

    Гласови: 14 9,9%
  • Други, наведи кој во коментар

    Гласови: 2 1,4%
  • На ниту една

    Гласови: 47 33,3%

  • Вкупно гласачи
    141
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Што мислите која телевизиска станица е најобјективна...???
 
Сител бе,секогаш е со власта па нема потреба од политика.:smir:
 
За најобјективна тешко дека ќе најш една „чиста ко солза“... Сител е ВМРО со се опинци, А1 е Кај-шо-ќе-дувне-ветрот вклучувајќи го и Велија. Канал 5 ако не се лажам е во сопственост на син на некој бизнисмен скопски, исто така ВМРОвец... За последново можда грешам, не знам.

Во секој случај, нема политички чиста телевизија.
 
Телма. :tv:

Најнекомерцијална и најобјективна телевизија. Барем јас сум добила таков впечаток.
 
мислам дека Телма е далеку најнеисполитизирана,информираат секогаш објективно и без наклонтост према никого
браво за Телма!
 
Телма. :tv:

Најнекомерцијална и најобјективна телевизија. Барем јас сум добила таков впечаток.

Телевизија Макпетрол (Либерална партија- Стојан Андов)- опозиција
 
ALSAT-M najdobri
 
Телевизија Макпетрол (Либерална партија- Стојан Андов)- опозиција

И да е политизирана, тоа е многу дискретно , скоро и неприметно...
Веројатно затоа и не е толку популарна во Македонија, на нас ни требат телевизии што ќе не лажат...
Како оние најгледаните...
 
На К-15,најобјективен медиум :toe:
 
Јас мислам Алфа.
Во вестите нивни никогаш го немаат спомнато нивниот газда (што е позитивно), ги пренесуваат информациите како што треба.

И Телма е тука некаде. :smir:
 
Телевизија Макпетрол (Либерална партија- Стојан Андов)- опозиција

Абе знаеме одамна дека е од Макпетрол , но сепак е факт дека во споредба со другите тв станици во Македонија е најдеполитизирана...и не само тоа , Телма е телевизија на која барем досега не сум сретнал шундовски емисии и програми...држи ниво на програмата , без разлика дека многумина ќе речат дека била досадна за гледање...јеби га , народов е навикнат да гледа идиотски емисии какви шо се даваат на А1 и Сител , а на Телма претежно се емисии од културата и таканаречени уметнички филмови.
 
Супер си е Телма,само една критика до нив,мора да ги сменат спортските коментатори,многу се приспивни :pos2:
 
Овие за СИТЕЛ што гласале , ЛЕГЕНДИ, уште да имат објаснување за нивниот став...
Инаку колку СИТЕЛ е политизиран сфатив кога пред некое време се избираша најдобри спортисти и спортски работници на оваа телевизија...
Половина муабет им беше „ВЛАДАТА„, многу беше банално , а и не одговараше со поентата на манифестацијата...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom