Ви недостигаат ли владините реклами ?

  • Креатор на темата Креатор на темата realen_07
  • Време на започнување Време на започнување

Ви недостигаат ли владините реклами ?

  • Да

    Гласови: 42 33,1%
  • Не

    Гласови: 61 48,0%
  • Не ги приметувам

    Гласови: 24 18,9%

  • Вкупно гласачи
    127
Дали ми недостигаат?
Апсолутно НЕ !

И доста кампањи,лижења,лажења...
а бе оваа владава од Владаја знае барем еден едини (исправен) потег да направи?
Ќе сработат нешто уопште...
или планираат и натаму само да трошат и енормно (башка под лоши услови) да се задужуваат?
 
Прашањето за ефектот од кампањите досега го имам поставено многу пати, но за чудо, досега нема издржан одговор.

По мое видување ефектите се следни:
- Перење големи суми на пари
- Перење мозок
- Подмитување на медиумите

1.Перење пари - можеби. Ама на други места се перат повеќе пари.
2.Ако со три билборди, пет реклами на ТВ и десет во весник ти исперат мозок, тогаш можеби го заслужуваш тоа.
3.Гледаме колку медиумите се подмитени и работат за доброто на власта
 
Секоја маркетингшка кампања има ефект, колку и да е лоша. :)

И тоа не го кажува Братот или Грујо, туку еден куп на проф. психолози и економисти кои се занимаваат со психологија на консументите.

Во спротивно Маркетингот како правец немаше да опстои, а многу мал дел од нас ќе беа свесни дека такви и такви производи воопшто постојат.
 
^тражили сте добили сте (што да правиш кога си заглавен со пола милион морони кои им дадоа глас)
прекинете да цвилете навикнете се
Работите ќе стануваат се полоши и полоши
Они добија апсолутна власт истиот момент кога завршија изборите почнаа да кастрат буџет,да зборатза разумен компромис итн
Истиос тој момент почнаа со евн фрки, итн итн
Сеа се што можеш да сториш зевзус е да си купиш happy pills или да се обесиш
 
Прашањето за ефектот од кампањите досега го имам поставено многу пати, но за чудо, досега нема издржан одговор.

По мое видување ефектите се следни:
- Перење големи суми на пари
- Перење мозок
- Подмитување на медиумите

ама тоа е според тебе ..
според мене е Подгревање .. истакнување ... потенцирање на тие пораки кои ги носат камањите .. у секој случај се позитивни ...:toe:
 
1.Перење пари - можеби. Ама на други места се перат повеќе пари.
Зарем перењето пари не е криминал без разлика каде тоа се прави ?
2.Ако со три билборди, пет реклами на ТВ и десет во весник ти исперат мозок, тогаш можеби го заслужуваш тоа.
Зборуваме за околу 50 милиони евра на годишно ниво.
3.Гледаме колку медиумите се подмитени и работат за доброто на власта
Не ти текнува која беше сликата во медиумите во времето кога 80% од месечниот буџет им се полнеше од владините реклами ?
 
Наместо да дискутирате дали се кампањите добри или лоши или дали недостасуваат круцијално прашање би било дали има ефект од нив? Со други зборови кога воошто не би постоеле дали резултатите или ефектите би биле исти? Нормално мислам на период од неколку години бидејќи од два месеца секако нема да има резултат.
Зависи од кој агол ги гледаш ефектите....

Сепак во Македонија неможе да имаш свое мислење, барем ретки се тие што го имаат.... тука важна улога има партијата, а ефектот од кампањата ќе биде мислењето што јавно го произнесла партијата....

Па според овој агол ефектот е следен...

Кај едни: Браво се зајакнува националното чувство ...

Кај втори: Букефалисти (коњи), глупости ...

Трето мислење освен овие немам јас видено, барем јас...

Од економски план...

Пари наменети за зајакнување на националното чувство

Перење пари за букефализација

Трето? ... пак нема
 
добро е чоек да гледа кампањи у кои се пропагира образование, национално чувтсво, морал ...

Еве ти малку пософистицирана пропаганда:

Николај Белухов од Стара Загора освои златен медал на меѓународната математичка олимпијада во 2007, 2008.
Александар Даскалов од Софија освои златен медал на меѓународната математичка олимпијада во 2008,
Дејан Симеонов од Бургас - златен медал во 2007

итн...

Ни со илјада пропагандни постери за тоа дека знаењето е сила и моќ не можеш да им се фатиш за опашката.
 
Од ова што го прочитав неколку моменти се истакнуваат.

1) Дел од кампањите се несомнено добри бидејќи вршат позитивна сугестија.

2) Дел од кампањите се непотребни и ефектот е незначителен.

3) Кампањите се главно добри но прескапи за направеното.

Околу овие работи ли се кршат копјата или има нешто што сум испуштил?
 
А да го сватеше насловот малку иронично, можеби и поинаку ќе ти звучеше :)
Точно насловот е иронично поставен, а со тоа дискусијата се сведува непродуктивно :) Еве како би требало да биде насочена продуктивна дискусија: Silen
Наместо да дискутирате дали се кампањите добри или лоши или дали недостасуваат круцијално прашање би било дали има ефект од нив? Со други зборови кога воошто не би постоеле дали резултатите или ефектите би биле исти? Нормално мислам на период од неколку години бидејќи од два месеца секако нема да има резултат.
Па дај бре девојче напишете барем некој од ефектите од овој дебилизам кој се форсира во изминатите три години.
На пример..........?
Јас незнам поголем ефект од порастот на бројот на студентите кои се запишаа на факултетите последниве 2 години. Точно ефектите не можеме да ги почувстуваме денес или утре, но верувај за некоја година кога ќе излезат високообразованите кадри, земјата во ќе се збогати со паменти и интелектуални умови кои ќе знаат како да заработат за добар живот и најважно нема да чекаат од државата да ги храни (таа единстено ќе може да им ги олесни условите за да го постигнат тоа- со смалени даноци, поволни кредити, одредени ослободувања) Значи нека биде стрпливо, не е практично возможно веднаш да ги жнееме плодовите:smir:
 
^тражили сте добили сте (што да правиш кога си заглавен со пола милион морони кои им дадоа глас), Работите ќе стануваат се полоши и полоши

Пак ли со катаклизмиве .... ?!?
а моментов со 1/2 милион дегени, ти е страшен, иначе се покажало дека народот не е глуп, па како што го шутнаа бране, истото може да му се случи и на грујо....
Затоа не плукај, почекај да видиме како ќе се одвиваат работите....

Они добија апсолутна власт истиот момент кога завршија изборите почнаа да кастрат буџет,да зборатза разумен компромис

Апсолутна власт или апсолутизам е нешо друго не мешај лончиња...

Истиос тој момент почнаа со евн фрки, итн итн

Нема фрки, читни во темата за ЕВН, ќе видиш, да не се повтарам....
Се тие убаво објаснето...

Сеа се што можеш да сториш зевзус е да си купиш happy pills или да се обесиш

Твој избор...:pos::pos::pos:
 
Јас незнам поголем ефект од порастот на бројот на студентите кои се запишаа на факултетите последниве 2 години. Точно ефектите не можеме да ги почувстуваме денес или утре, но верувај за некоја година кога ќе излезат високообразованите кадри, земјата во ќе се збогати со паменти и интелектуални умови кои ќе знаат како да заработат за добар живот и најважно нема да чекаат од државата да ги храни
Верувај дека ретки се оние во Македонија кои чекаат државата да ги храни. Единствено што бара народот е работа и достоен стандард.
Наспроти ова, некој секојдневно во глава му ипутира некое национално чувство кое наводно му фали.

Сето ова кое погоре си го напишала може многу поефективно и со многу помали финансиски средства да се постигне преку здрав и силен граѓански и невладин сектор, но најверојатно некој сака да ја држи целосната контрола восвои раце на сите општествени случувања во државава. Погледни кои невладини организиации владата ги финансира и ќе ти стане јасно :smir:

Овде да потсетам дека половина од кампањите што одат во етер, се фалење за виртуелните успеси на владата.
 
Владата се рекламира оти има со што да се пофали а сега на повеќето им е јасно зошто сдсм никогаш не се рекламираа!!!!
 
Верувај дека ретки се оние во Македонија кои чекаат државата да ги храни. Единствено што бара народот е работа и достоен стандард.
Наспроти ова, некој секојдневно во глава му ипутира некое национално чувство кое наводно му фали.

Сето ова кое погоре си го напишала може многу поефективно и со многу помали финансиски средства да се постигне преку здрав и силен граѓански и невладин сектор, но најверојатно некој сака да ја држи целосната контрола восвои раце на сите општествени случувања во државава. Погледни кои невладини организиации владата ги финансира и ќе ти стане јасно :smir:

Овде да потсетам дека половина од кампањите што одат во етер, се фалење за виртуелните успеси на владата.

ЗДРАВ И СИЛЕН ГРАЃАНСКИ И НЕВЛАДИН СЕКТОР :pos::pos::pos::pos::pos::pos:

Зошто Отворено Општество Македонија (ООМ) со годишен буџет од 5 милиони евра не направи ниту една видлива кампања за општо добро! (освен она Доста е! во време на војната 2001). И после некој ја држел контролата на сите општествени случувања во МКД.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom