Што е тоа што зафатените се попривлечни отколку слободните?

  • Креатор на темата Креатор на темата Foxy`BuTTerFLY
  • Време на започнување Време на започнување
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
Да да, знам забранетото овојше е попривлечно и посакувано отколку она што е слободно и дозволено.
Но сепак се повеќе и повеќе се мешаат во врски, со обид да се растури таа врска.
Каков човек е оној кој би се вмешал во врска, особено сериозна и долга? дали можеби тоа не е негова работа, секој си носи одлука дали ќе остане во врска или ќе го напушти партнерот поради друг.
Дали сметате дека зафатените се попривлечни? дали можеби сте преземале нечив партнер.Можеби сте имале грижа на совест после тоа, можеби сте се плашеле дека истото ќе ви се случи и на вас...
 
Јас мислам дека нема врска поделбата зафатени/слободни или тоа дека забранетото овошје е послатко,туку ете некогаш се погаѓа да ни се фати за око некој кој што нели не е слободен,исто како што може да ни се засвиѓа некој слободен.Верувам дека ниедна девојка или дечко не трча само по зафатени и не му е расипување на туѓи врски основна цел на егзистирање.

Мене искрено да расипам нечија врска може да ме натера само момент на слабост,да кројам планови за расипување на туѓа врска тоа нема шанса,има доволно слободни и убави за кои може да се потроши времето.
 
Тоа ти е психологија више у која ја не верувам баш многу...
Значи, мислам дека појше е коинциденција...Ако ти си се фатила со дечко у јануар, а оној другиот што те свиѓа и сака да биде појше од познаник со тебе те упознал у мај, не е крив он што те упознал тебе у мај и што си му се засвиѓала и што си му прираснала за срце...Он ќе проба да биде со тебе, па ако не иде тогаш барем ќе знае дека пробал...

Е сеа, имаш различни луѓе...Некои се на некој начин пакосни и сакаат да направат све што е во нивна можност за да стигнат до посакуваното, а од друга страна имаш луѓе што сакаат да го видат среќен тој што им се допаѓа и што во овој случај не можат да го имаат макар и да не бидат заедно во таа среќа...
 
Има премногу љубоморни луѓе на светов сега за жал, има бааги луѓе кои се замараат со своите бивши и на секаков можен начин расипуваат врски...
А за тоа дека зафатените биле попривлечни не ми држи вода - се е коинциденција барем според мене :smir:
 
Мене не ми се зафатените по привлечни.
Баш ако дознам дека некој дека е во врска,а посебно сериозна и долга се оддалечувам.
Не сакам да се мешам во такви работи.Ако некој е зафатен одма ќе побарам нешто друго не ни правам планови за да расипам врска.
Правењето планови или пак трудењето да уништиш нечија врска мислам дека е многу подмолно.
Ако некој е зафатен едноставо тргни се настрана.Тие нема да одат вечно и после ќе имаш простор и време да дејствуваш без да имаш потоа грижа на совест.
Освен тоа незнам потоа ни на кој начин ќе те гледа типот ако знае дека ти си му ја уништила врската можеби со некоја која му значела и така само си гу уништуваш шансите за понатака.Едноставо остави човекот на рат да ужива со неа.Ако тој е за тебе не се грижи ќе дојдат некогаш и вашите денови.
 
Туѓото е послатко! Ама не туѓото на блиски другари нормално. (=
 
Мене не ми се позафатените,послатки.Ама пак кога ќе видам некој тип и речам убав ми е,и опа одма женска ќе се изнајдит од некаде..И секако ако ми се бендисвит многу,ќе си излезам зш да не,кога тој има врска и не мисли на последиците,што има јас да мислам?И оној човек што сака се да добие,се меша и во сериозна и во долга врска:pipi:,не дека има некоја злобна намера,сака да си го задоволи само егото...И не мора да се меша некој во врска со намера да ја растури,едноставно некогаш сакаш авантуричка,без да сакаш некого да го имаш за себе за посериозна и за подолга врска...
 
не се согласувам :) мене зафатените пак ми се тооооооооооооооооооооолку непривлечни :) самите се привлечни, а недостижните најпривлечни :)
 
Хипотетички, вредноста на зафатената особа расте пропорционално со должината на врската во која се наоѓа. Гледано од потенцијално заинтересираните страни.
Бидејќи доколку некој дечко кој навистина ти се допаѓа и во кој си се вљубила, има девојка да речеме веќе 2 години, а се одлучи да раскине и биде со тебе, тоа значи дека навистина те смета за подобра и повредна од неговата актуелна девојка за да ја ризикува својата долга врска.

Но тебе, откако си добила тоа што го сакаш, односно си добила еден вид “потврда“ дека навистина вредиш, со текот на времето..најчесто и не толку долго, ќе оладиш и ќе изгубиш интерес за типот кој во овој случај ќе излезе двоен лузер.
 
Тоа што е забрането е послатко...
 
Зошто?...Затоа што срцето секогаш го надвладува паметот и затоа што не бираме кој ќе ни се засвиѓа/во кого ќе се заљубиме. Има и такви што сакаат само да уништат туѓа врска, најчесто од љубомора што некои имале повеќе среќа, или едноставно, имаат психолошки проблеми. Таквите лица најчесто завршуваат во локалните санаториуми, пошто речиси никогаш не се задоволуваат со само една уништена врска. :smir:
 
Хмм авантура и адреналин до небо. Сето тоа звучи интересно и возбудливо и секако дека сите помислиле на тоа. Мислам дека најважниот фактор за тоа е баш тоа - возбудливото!
 
Јас не мислам така, никогаш не ми било интересно да расипам нечива врска, да не се повторувам, само ќе кажам дека се согласувам со мислењето на Desire.
 
хммм...па можеби ти не и привлечен, па затоа сите ти викаат дека се зафатени...:toe:
 
Паааа забранетото овошје е секогаш најслатко
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom