Селото Иловица лежи на 300 милиони тони бакар

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
НИКНУВА ЛИ НОВ РУДАРСКИ ГРАД ВО СТРУМИЧКИОТ КРАЈ?!

Селото Иловица лежи на 300 милиони тони бакар

Рударско-геолошки истражувања, што ги вршела американско-македонската фирма ФЕЛПС Доџ - Вардарр, во овој регион покажале дека бакарната руда била богата со молибден и злато

8B9A580C063EEE4DA4B83FA94E953C3C.jpg
Нов рударски град се очекува да никне во реонот на струмичкото село Иловица, каде е откриено богато наоѓалиште со бакарна руда. Рударско-геолошките истражувања, што во изминативе пет години ги вршела американско-македонската фирма ФЕЛПС Доџ - Вардарр, во близина на селото Иловица, општина Босилово, покажале дека овој регион лежи на 300 милиони тони резерви на бакарна руда, се богати со молибден и злато. За отворање на рудникот неопходна е инвестиција од пет до шест милиони евра, а количините се доволни за да овозможат работа во наредните 70 години.
Георге Манушев, градоначалник на Општина Босилово, вчера за ВЕЧЕР ги потврди овие информации и изјави дека за ова наоѓалиште и за намерите на инвеститорот е информиран и министерот за економија Фатмир Бесими.
- Сега чекаме заедно со претставниците на компанијата, којашто ги врши истражувањата, да бидеме повикани на нова средба во министерскиот кабинет - вели градоначалникот Манушев.
Тој објаснува дека од американско- македонската фирма очекуваат проширување на концесијата, но и прецизирање на деталите за нивната понатамошна активност.
- По отворањето на рудникот очекувам да се случи економски бум во општината Босилово, оти ќе бидат отворени нови работни места за околу 500 лица. Поради, во моментов, ниската цена на бакарот на светските берзи, можно е извесен период да се почека со подготовките, но како добар адут може да се искористи златото и молибденот - оптимистички изјавува Манушев.
Во истражувањата биле вклучени македонско-бугарски рударски инженери.
Дел од домашни стручњаци сметаат дека анализите треба да продолжат и да се утврдат точните количини рудни резерви, како и квалитетот на рудата. Тие укажуваат и една можна идеја, со којашто рудата од Иловица со специјална подвижна лента, како што е тоа случај со "Фени", кај Кавадарци, да се транспортира до рудникот "Бучим", каде што постојат капацитети за флотација, а има и јаловиште. Покрај заштедите, истовремено со тоа би биле избегнати последиците од загадување со тешки метали на зеленчукот и на другото земјоделско производство во струмичкиот регион.
Архиолошките истражувања, пак, во реонот на Црвено поле, општина Босилово, откриле неолитска населба која открила дека уште во тоа време луѓето што живееле правеле бакарни садови. Овие истражувања, всушност првично и покажале дека реонот е богат со бакар.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0BBDBF6BDC71AF4B9D07D9B79B2B2D5B
 
Ова е само предизборен маркетинг, и ништо друго
 
Е ајде ако е ова вистина да најдеме странски инвеститор кој за сметка што ќе вработи 100тина рудари ќе ни го експлоатира домашното богатство така држава не се прави :) Треба владата како коинвеститор заедно со домашни компании од оваа област ако воопшто нешто останало од нив да почне со откопување, ама не сега него кога ќе биде цената на бакарот висока како што беше пред некое време.
 
Не е само бакар туку има и много злато,и не е точно под селото Иловица туку на ридот многу блиско до Иловица.
 
На ова место веќе неколу пати се вршени истражувања..и во поранешната СФРЈ a во последно време на двапати некои странски фирми..не знам за какви количини се работи... но знам дка се работи за бакар, злато и она што го загрижува населението... ураниум...
Инаку го споредуваат како двапати подобро наоѓалиште од Бучим..што и не е некој репер ако се знае дека Бучим и не баш рентабилен рудник според богатството со руда..ќе видиме како ќе зврши фатално по земјоделието или не
Георге Манушев, градоначалник на Општина Босилово, вчера за ВЕЧЕР
Од кога ти е веста овој е во пензија...
 
Иловица ке продолжи да седи на толку бакар :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom