Јас нит сум историчар, нит претендирам да станам еден, но ти
Makedoncki, дали имаш прочитано нешто од книгата на Мауро Орбини... „Кралството на Словените“??? Познат патеписец и историчар, кој живее на преодот од XVI vo XVII век. Тој во Цариград има најдено книга која ја преобјавува во 1601 година. Оригиналот сега се наоѓа во ватиканската библиотека. Интересни во случајов за нас се страните 168-171, кој на Македонски се преведени во 1990 година од проф. Борис Вишински и кои се однесуваат на повелбата од Александар Македонски со која се искажува благодарност на СЛОВЕНИТЕ и гласи вака:
„НИЕ, АЛЕКСАНДАР, син на Филип, Крал на Македонија, Кнез на Монархијата, предназначен како создавач на грчката империја, од Натабан најавен како дете на големиот зевс, владетел на Августите, и на браманите и на Арбоните, од изгрев до зајдисонце, од југ се до север, на благородниот род на Словените му посакуваме благост, мир и здравје. Ние и нашите следбеницикои ќе дојдат по нас во владеење со светот, бидејќи ни бевте доследниво вербата, храбри во борбата и наши водачи и јуначки борци, ви доделуваме и слободно ви ги даруваме на век и вековцелиот овој дел од земјата, на север се до јужните граници со италија, и со такво право, што никој, освен вие, не смее таму да се задржува, или да се пресели, или да живее. Ако пак, некој се задржи, тогаш нека биде ваш роб, а неговите деца, робови на вашите деца. „
Ме интересира од каде СЛОВЕНИ во сета оваа приказна, а историчарите, посебно „нашите“ ми велат нешто сосема друго, па еве сега и ТИ...