Гневни зборови Полемиките меѓу различните македонски интелектуалци што се повеќе земаат замав за тоа какво е потеклото на денешните Македонци, античко или словенско, се исто толку глупави колку и дискусиите на средновековните теолози за тоа колку ѓаволи можат да застанат на врвот од една игла. Имам чувство дека и автори со големи претензии не знаат во кој час и во кое време живеат. И, што е уште полошо, не сакаат или не можат да мислат со своите глави. Ги оставам настрана тие чиишто политички амбиции, или странски парични субвенции, или бесцарински продавници ги водат во една умствена деградација. Измислената дилема антички Македонци или македонски Словени би имала некаква смисла ако станува збор за етноси што живееле во едно исто време. Случајот, значи, не е таков. На една територија, но во широк временски дијапазон се создаваат две цивилизации. Меѓу нив нема луфт, што ќе рече празнина. Ниту биолошка, ниту културна, ниту духовна. Со два збора, на територијата на Македонија се осуштествуваат врски меѓу античките Македонци и македонските Словени. На пример, древниот антички македонски симбол Сонцето станува дел од христијанската традиција на средновековните Македонци. Типични македонски соларни симболи се откриени како на теракотните икони од шестиот и од седмиот век од Виница, така и во многу македонски цркви и манастири од 13-14 век и од 18-19 век. Заемноста меѓу античките Македонци и македонските Словени е многу поизразена отколку меѓу античките Грци и средновековните Византијци. Зашто за разлика од Грците, македонските Словени не го отфрлаат македонското античко наследство туку го официјализираат. Од 19 век наваму не само Грците туку и останатите балкански држави создаваат митови за заемноста на цивилизациите на нивните територии. Но каква е врската меѓу тракиските Даки, римските колонисти, средновековните Власи и денешните Романци? Хипотетичка и измислена како и таа меѓу Тракијците, Туркобугарите, Словените и денешните Бугари. А смешна е конкуренција меѓу Германците и Французите, чијашто нација е постара. Симболот на „двеилјадната“ германска нација е триесет метри високиот споменик крај Детмолц на водачот на херуското племе Херман, кој во деветтата година по Христа ги победил Римјаните. Како одговор во 1935 година Франсоа Митеран откри спомен-плоча на местото каде се случило обединувањето на галските племиња под водство на Версенжеторикс. Има ли врска меѓу некогашните Херуси и денешните Германци? Или меѓу некогашните Гали и денешните Французи? Идиотски е кога соседни или подалечни држави на Република Македонија војуваат со митови против македонската историја. Но уште понеупатно, дури и престапно, е поведението на македонските автори кои доброволно се откажуваат од историските факти и се приклонуваат на негаторите на македонскиот идентитет. Треба да си во ситуација на физички и духовен просјак ако си готов да го замениш античкото наследство за некакви мизерни грчки 50 милиони евра. Како да се заборавени зборовите на Вергилиј; „Но, јас се плашам од Данајците и кога носат дарови“. Ама ние сме Словени, пискаат едни чиниш на тие глупаци некој сака да им го одземе словенството. Други, пак, прашуваат: Ханзи ли сме? Притоа потенцирајќи го големото растојание на некогашните војници на Александар Македонски и Македонија. Или, пак, имаат предвид некои биолошки специфики меѓу нив и денешните Македонци. Почитувани господа, македонскиот цар дејствувал соодветно на карактерот и духот за разлика од вас, загрижени единствено за вашите мизерни души и живот. Вистина е дека сме антички Македонци (и во споменатиот случај - Ханзи), но и повеќе од антички Македонци. И Словени сме, ама повеќе од Словени. Зашто на територијата на Македонија се остварува уникатна практична симбиоза меѓу антиката и средновековието. Само недостојни луѓе или доктринери може да гледаат на нештата од позицијата „или-или“ (или антика или словенство). Таквите не ги гледаат само биолошката, културната и духовната многуобразност на македонскиот идентитет, туку и самата нејзина суштина. Во генетскиот фонд на македонскиот народ оставиле траги многу етноси од древноста до денес. Тоа не е минус, туку голем плус. Плус е не само затоа што се подобрени биолошките карактеристики, туку и квалитетот на народот. А и затоа што се потврдува македонскиот дух, кој што е во основата на македонскиот идентитет. Тие што го поставуваат прашањето зошто Македонците треба да го прифатат сродството со Ханзите и со другите антички роднини, на што се воодушевуваат Македонците од дијаспората низ целиот свет. Излегува дека ако не живееш во Македонија, на пример во САД, Австралија, Нов Зеланд, Канада и други подалечни места, не можеш да бидеш Македонец. По извесно време може да се јави некој идиот и да ги праша тие „надворешни“ Македонци зошто се нарекуваат така. Како што денес други идиоти ги прашуваат Ханзите зошто се чувствуваат како Македонци. Очигледно дека го заборавиле (ако воопшто и го знаеле) француското определување за нацијата, што во светски рамки се покажа поперспективно од германското. Меѓу другото, дефиниции за нацијата има само две. Француската гласи дека на француската нација и припаѓа секој што се чувствува како Французин и работи за интересите на Франција. Кратко и јасно - нема место на раѓање, биолошко сродство и слично. Американската нација се создава на истиот принцип. Сите балкански нации пред македонската се изградени на тој модел, но, за разлика од Французите и од Американците, не го признаваат. А се фалат со германската формула за биолошка припадност, заеднички јазик, заедничка територија итн., што не е докажано и кај Грците и кај Бугарите и кај Романците. И на принципот „крадецот вика - држете го крадецот“ и ги припишуваат на Република Македонија своите шпекулации. А токму во Македонија се остварува културен и духовен континуитет меѓу антиката, средновековието и новото време. Не само тоа. Уште од времето се тврди дека духот на една нација е еманација на нејзината суштина, на нејзиниот идентитет. Имено во тоа македонскиот дух има квалитетна предност, бидејќи е космополитски. Во споредба со него, духот на останатите соседни или подалечни народи е локален, ограничен, затворен во границите на нивните држави. Тие, вклучително и носителите на прославениот француски дух личат на петли кои кукурикаат на буништето на историјата и шовинистички ги вознесуваат своите нации. Космополитскиот македонски дух не е словенски патент, туку наследство од антиката. Тој дух се создавал врз основа на разнообразност и синтеза, а не на разделување и спротивности. Знаеме дека некогашниот панславизам пледираше на словенско единство и заедништво, но со господарство на Русија. Империјата на Александар Македонски беше создадена на сосема други принципи. Македонскиот дух, македонството како суштина и како послание претставува градење и на материјален и на духовен план. Македонскиот владетел не цензурира, туку поттикнува, не ограничува туку вдахнува слободна волја. Затоа и македонското слободољубие се одликува со стремежот за слобода карактеристичен за повеќето народи. Не само слобода за себеси, туку и за другите. Во национално-ослободителните движења на Балканот, многу Македонци се бореле за слободата на Грција и на Србија. За време на Руско-турската војна од 1877-78 година, која донесува ослободување на Бугарија, во речиси 400.000 руска војска учествуваат само околу 6.000 Бугари и повеќе од 1.000 Македонци. Емен Кеје, кој подоцна е француски финансиски инспектор во Министерството за финансии на Бугарското кнежевство, раскажува дека во зимата 1877 година бугарските селани не им помагале на ранетите руски војници дојдени да се борат за нивната слобода. Туку ги соблекувале голи во снегот, им ги краделе алиштата и ги оставале да умрат од студ. Поинаку кажано, македонскиот космополитизам е непозната појава за останатите Балканци зафатени од национален егоизам. Затоа се неприфатливи настојувањата на бугарските политичари и државници за заедничко празнување на минатото од страна на Бугарите и Македонците. Тоа би значело не само дека Македонците ќе го деградираат својот дух со локалниот, провинцилајен и ориентално шмекерски бугарски светоглед, а и ќе го предадат духот на своите предци. Може ли да биде чествувана заедно, на пример, Илинденската епопеја од 1903 година? Што ги поврзува македонските илинденци со Бугарите и со бугарскиот дух? Ајде да направиме споредба со бугарското Априлско востание од 1876 година. Илинденците се потпираат на сопствените сили, а Бугарите - на Русија. „Русија нека командува“, рекол вождот Бенковски. Водачите на Илинденското востание направиле се што било можно да ги ограничат жртвите на македонското население. Бугарските водачи сакале повеќе жртви за да ја трогнат Европа. Водачите на Илинден бараат соработка со турското население и останатите етноси. Бугарските водачи ги палат турските села и ги малтретираат претставниците на другите етноси. На крај, водачите на Илинден прогласуваат Крушевска република со рамноправност меѓу етносите во неа. Спротивно на тоа - водачот Бенковски се прогласува за „кнез“, си наоѓа и „кнегиња“ со акламација од населението. Демократија против диктатура, етничка рамноправност наспроти етничка дискриминација, човекољубие наспроти фанатизам и насилство. Ете само еден мал детаљ (само за една историска паралела) од разликите меѓу македонскиот и бугарскиот дух. Можете ли да ги гледате како двојка. П.С. Го претчувствувам дежурното спротивставување од страна на бугарските националисти и деградираните Македонци во врска со изразите што се среќаваат тук-там „Бугари“ и „бугарско“ за време на Илинденското востание. Ќе им кажам дека секоја вечер по завршувањето на работата патувам со човек наречен Исус. Сметате ли дека тој е „оној Исус“.