Најдобра радио станица во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Зависен сум од...?


  • Вкупно гласачи
    119
Се убаво што фаќа ама јбг многу лоша музика пуштаат канал 77 :D Просто не можам да ги слушам...
Кога мора да возиш некои денови и по 6-7 часа, а на радиото нема усб влез ниту пак цд, ќе слушаш тоа што фаќа.
 
Радио 2 од сабајле, ради Тик Так и Сандра, а преку ден мењам. У последно време Лајф и Капитал ФМ вртат добра музика, ама квалитетот на звук на капитал е КРШ. Канал 77 е исто ОК
 
Спортското го слушам, само ме нервираат кога ќе почнат да верглаат за Норвешка трета лига едно 10 минути среде добра песна, ти се крши и филинг и се...

Лајф радио пушта добри песни, редовно си ги слушам.

Кога сакам да се опуштам го пуштам Jazz FM 100,8.

Инаку од интернет радијава додека седам на компјутер вооглавно ми се пуштени песни од 80-те и 90-те... (Радио Монте Карло - RMC или пак Полските RMF радија)
 
Ај да се надополнам од пред две години :)

Capitol FM 106,5 добра ретро музика, знаат да пуштат по некое ново хитче, немаат емисии и не досаѓаат често со рекламите...значи цело време турбо ретро хитчиња, а навечер пуштаат и подзаборавени македонски песни.

Бел Бумбар за Капитол ФМ (y)

Моментално врти Ace of base - The Sign
 
Ај да се надополнам од пред две години :)биде

Capitol FM 106,5 добра ретро музика, знаат да пуштат по некое ново хитче, немаат емисии и не досаѓаат често со рекламите...значи цело време турбо ретро хитчиња, а навечер пуштаат и подзаборавени македонски песни.

Бел Бумбар за Капитол ФМ (y)

Моментално врти Ace of base - The Sign
Заебаното е што имаат слаб сигнал, со кола кога возам често дури и во Скопје се губат, а надвор да не правиме муабет. За надвор од Скопје со кола само Канал 77 имаат добар сигнал, али тие пак често имаат рандом програма порандом да не може да биде :)
Инаку +1 за Капитол ФМ
 
Ќе издвојам неколку македонски радио станици од кој за некој ќе дадам позитивна на некој негативна критика

Од мали нозе слушам радио и тоа ми го врежа мајка ми бидејќи знаеше да ме буди за школо со Македонск радио и нивниот тогаш детски блок утрински песни, драми и слични некој работи. Одлично е Македонско радио првиот програм за будење, не знам сега дали сеуште такви работи има.

Метрополис ради Петар за појадок и пауза али во последно време одвреме навреме само ги слушам бидејќи ако ги слушаш на радио од времето оние со антена или на систем оние со ЦД плеер што се некаде го фаќа сигналот некаде не. Одлично проаѓа денот со смеа и со зезанциите во Петар за појадок. Музиката претеруваат едно исто но знаат да погодат некогаш добра песна особено во Петар за појадок и пауза.

Антена 5 се многу добри али малку сакаат да глумат британци и како странските радио станици кога зборат но сепак тоа добро им оди. Со музиката знаат да претераат од вртење секој ден исто ама имаат понекогаш добар избор покрај претераните комерцијални листа песни. Добри Итало хитови имаат, добри power play песни.

Канал 77 ај ќе им дадам мала подршка затоа што дава голема предност и од нивна страна подршка на македонската музика. Од македонска музика пушта све што мајка и татко изгубиле дете па залутало на македонскава музичка естрада. Другото им е жива досада.

Македонско радио Радио 2 се добри но претеруваат со некој рандом песни кој други радио станици не ги пуштаат.


Со оглед дека е стара темава и ги нема некој радио станици на анкетата а се отворија и нови радио станици во државава можам исто да го пофалам Urban FM. Имав прилика да го слушам два три пати на нет бидејќи не сум од Скопје и стварно интересен концепт имаат плус тука е Пеце од Суперхикс со емисијата Пецетка.
 
Последно уредено:
Tреба некој од нашиве радио станици да го следат примерот на RTL 102.5 од Италија кој целата програма ја нуди и во вид на телевизија што значи си имаат камери во студио и така слушателите се и гледачи. Не знам колку пари би биле потребни за вакво нешто но за Антена 5 е ова добар потег да го направат.
 
Лајф радио. :love:
Мислам дека најпаметната работа што сум ја направила, е што пред година ипол го тргнав телевизорот од соба и на негово место си ставив радивце. Тогаш си реков, ќе одберам сега едно и после нема да го менувам. Така бидна лајф. :D На периоди ја пуштаат Дуа Липа и слични на неа што не ми се баш омилени, ама поголемиот дел од времето многу убави песнички што сакам да ги слушам, па постојано си ги фаќам преку шазам. По цел ден ми дрнка во позадина и ептен ми е позитива. Посебно кога треба нешто да раскревам/чистам, мотивација ми е. :D
 
Јас радио слушам само кога возам. Пошто работам во друг град и возам секој работен ден тоа му доаѓа по саат и пол дневно. Обично слушам Антена 5. Имаат добра утринска програма и главно од таму се информирам што е актуелно во светската музика. Само понекогаш ми пречи што вртат едни па исти песни секој ден, па пребацувам на Канал 77.
 
Капитол ми е најдобро радио, у целиов медиумски шлајм единствена светла точка. Има многу добри плејлисти од 80ти, 90ти и рани 00ти. Свака му част на типчево што го стрима.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom