Што е потешко? Вашиот тим да изгуби со кош во последна секунда или да изгуби со 30?

  • Креатор на темата Креатор на темата Perfecto
  • Време на започнување Време на започнување

Кој пораз ве боли повеќе?

  • Мојот тим да изгуби со кош во последна секунда.

    Гласови: 78 45,9%
  • Мојот тим да биде разнесен со 30 поени разлика.

    Гласови: 29 17,1%
  • Двата порази ме болат исто.

    Гласови: 63 37,1%

  • Вкупно гласачи
    170

Perfecto

Rugged'n'Raw
Член од
15 февруари 2007
Мислења
1.408
Поени од реакции
152
Што ќе ве боли повеќе...мене искрено двете варијанти ме болат исто.

Ако изгуби со кош во последна секунда, можам да скршам нешто и да сум изнервиран цел нареден ден, затоа што цел натпревар тука сме биле, сме се држеле и некој ти рока тројка во последна секунда.

Втората варијанта мојот тим да изгуби со 30 разлика може да значи две работи. Или мојот тим имал лош ден, или противничкиот тим го простудирал перфектно, му ги открил сите слабости и ги искористил максимално.

Нека почне дискусијата...
 
Како прво пораз си е пораз.Па тоа би бил 1 разлика,или 30.Нормално потешко е кога ќе изгубиш еден разлика,бидејќи сигурно си имал шанса и да ја добиеш утакмицата.Знам како е и јас играм кошарка,па сме добивале утакмици и во последна минута,и во последни секудни,а исто така и сме губеле.
Пораз на мојот омилен тим ме боли,па макар тоа би било 1,11 или 111 разлика.:toe:
 
шо знам исто е само шо ако изгуби со 1 во последна секунда сум имал можи цела утакмица надеж дека ќе тепаме ...
 
Имаш утакмици и утакмици...МЗТ губел со 1 разлика а се знаело дека ќе биде тесно па таква била и поставката кон утакмицата...Дека ќе биде неизвесно, до последна секунда не се знае како ќе заврши ...А имало па утакмици у кои сме унапред отпишани и се знае дека опасно ќе го јадеме па и пристапот кон утакмицата е таков ...Се знаело дека сме играчки послаби и многу нормално дека нема многу да се очекува од таква екипа...

Сепак мислам дека 1 разлика појше боли и појше деморализира една екипа...Сведок сум на некои Ф4 од Евролига каде што после двете полуфинанлиња едната екипа опасно го јадела а другата екипа трагични изгубила ....Во утакмицата за трето место погодувате дека тепале тие што опасно го јаделе со евидентно посилниот од себе...
 
Партизан сезонава изгуби 3 утакмици со 1 разлика,мене повеќе ме боли така,отколку со повеќе разлика на пример како со Панатинаикос 18 разлика и тоа е тоа.
 
Кош во последната секунда, бидејќи сме се труделе цело време да играмо добро и смо биле блиску и на крајот да изгубимо :jaj:
 
Повеке боли да изгубиш во последната секунда.Си се мачел цел натпревар и во последната секунда примаш кош, а да изгубиш 30 разлика е друго бидејки знаеш дека слабо си играл и нема да ти е толку жал:toe:
 
Повеќе боли мојот тим да изгуби во последна секунда, дефинитивно. Ако изгуби со голема разлика, знам дека реално биле послаби на пример, а вака да изгубиш во последна секунда и после да си каснеш од газот од мака.
 
За МЗТ навивам, отрпнат сум на секој вид пораз, боли 5 минути швајц две цигари не екс, после сум ко нов :):)
Поише ме болел Рабонички со -2 него Струмица со -50, се зависи од утакмицата :P
 
У последна секунда е најтешко нешто, како планина да ти се срушила е коа ќе го примиш сув на крајот :)) ама па од друга страна, таквата победа е најслатка :)



Е ова не да боли, пече на суво :icon_lol:
 
Не да пече таа, после 20 разлика водство и играње најбољи баскет у живот да ти се деси тоа срање на крај стварно е тешко за живци...Памтам као копиљ изгорен за Сакраменто, не пропуштав утакмица и стално до 6 окапуев и ова кога се деси изгубив желба баскет да глеам...Али, тука сум сепак :)
 
Е јас сум Лејкерс фан, и во 5 саато се дерев дома како ненормален:vozbud::vozbud:

Иначе еве како мислам јас за мислата на поголем број од фановите. Ако изгубат у последна секунда ке кажат НЕМАМЕ СРЕКА, ако изгубат 30, ке плукат по своите или едноставно ке кажат НЕМАЛЕ СВОЈ ДЕН
 
Ова најмногу боли, а уште повеќе болеше зошто бев присутен.

Во последната секунда, буквално во последната секунда ..... Самарџиев копиле.

 
^ Сакав да го ставам тој клип ама ај да не ви отварам стари рани :)
Тоа беше најдоброто нешто шо сум го видел у живо, се ежам секој пат кога го гледам клипот. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom