Што е потешко? Вашиот тим да изгуби со кош во последна секунда или да изгуби со 30?

  • Креатор на темата Креатор на темата Perfecto
  • Време на започнување Време на започнување

Кој пораз ве боли повеќе?

  • Мојот тим да изгуби со кош во последна секунда.

    Гласови: 78 45,9%
  • Мојот тим да биде разнесен со 30 поени разлика.

    Гласови: 29 17,1%
  • Двата порази ме болат исто.

    Гласови: 63 37,1%

  • Вкупно гласачи
    170
И двата порази болат,но сепак е друго да изгубиш со 30 разлика,побргу си се помирил со поразот,а додека да примиш во последна секунда е тоа е веќе друга работа,си се борел ко лудак цел натпревар и последна секунда ќе ти го шибне некој и оди после крши глава..:tapp:
 
Боли и двата порази а посебно Да ни дадат во последна минута кош...
 
Епа поарно да изгуба 30 отколку во последната секунда да се нервират :):):):nesvest:
 
Нормално дека ме боли повеќе да нe прегазат со 30 поени разлика, а за другиот слчај барем ќе знам дека сме парирале цел натпревар ама ете сме немале среќа.
 
Боли кога ќе ти дадат кош во последна секунда истото ми се случи годинава кога Леброн на вториот натпревар со Орландо ја реши со 3ка во послендата секунда ќе го памтам цел живот(исто ја чекав и на спортска тогаш).:tapp:
 
Со кош во последната секунда..:Сепак, статистиките се бројат :)
 
Сеедно пораз си е пораз болно го поднесувам и со 1 и со 100 разлика..
 
Повеќе боли пораз во последна секунда, кога знаеш дека си дал се од себе до крај и одеднаш се да се сруши.........
 
А што е поубаво? Да победиш во последна секунда или да тепаш 30 разлика?
Ма повеќе се нервирам ако изгубиме 30 разлика зошто тогаш нешто не е во ред, а со еден поен тогаш сме конкурентни па може да се надеваме нешто друг пат.
Еве пример, да изгубевме денес од Грција со еден разлика или со кош во последна секунда, ќе бев нервозен,ама само во тој момент заради пропуштена шанса. После ќе викавме еве можеме да се носиме и со големи репрезентации.
А вака што да кажеш, мотивацијата и моралот кај мене е паднат а комоли кај кошаркариве.
Иначе браво за нив што се пласираа на европско, и мислам дека не е важно и сите да ги изгубиме, ќе ја имаат нашата подршка бидејќи ја остварија целта!
 
Двата порази ме болат исто. Техникалиите им ги оставам на тренерите и играчите.

А секоја победа ми носи радост. Повторно, техникалиите им ги оставам на тренерите и играчите.
 
Во случајот со Грција повеќе боли 30 коша разлика зошто знаевме дека се посилна и поискусна репрезентација од нас и дека немавме многу големе шанси за победа ,а ако изгубевме со кош во последната секунда па ќе болеше, но не до толку зошто ќе знаевме дека нашите дале се од себе и се надминале самите себе. И на крај не е срамота да изгубиш од некој посилен, срамота е да не се обидеш да пружиш отпор.
 
Повеќе боли кога изгубиш со кош во последната секунда, и тој пораз боли ама... :)
 
Da gubi 30 razlika e podobro barem navreme ke gi otpisam i nema voopsto da ja sledam utakmicata, a ako celo vreme moite vodele i na kraj primat kos togas epten se nerviram i mi ide da go iskrsam televizorot:vozbud:
 
Пораз е пораз ...дали со 30 разлика или со кош секако е загубен натпревар. Иако многу повеќе боли пораз со кош разлика...се надеваш на победа а всушност губиш во последна минута.. Во секој случај болно чувство, да ти загуби омилениот тим :(
:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom