Пирамида - начин да се изгубат пари или...

  • Креатор на темата Креатор на темата Mad Maxx
  • Време на започнување Време на започнување

Mad Maxx

SSG3000
Член од
4 мај 2005
Мислења
1.235
Поени од реакции
64
Возраст
47
Работава е стара ко библија.Повод за темава ми беше тоа што сеуште има луѓе кои се лажат на стари финти.
Како всушност се одвива целата работа?
Ти пристапува релативно близок човек и ти вика-Имам работа за тебе со европска заработувачка!Ти објаснува дека треба целава работа да се држи во тајност,се појавуваат некои лепи цури или фраери кои се доста елоквентни и симињаат звезди за работава,демек посигурно здравје,само вас ве чекале да ве направат парајлија и слично.После тоа следи покана со 1800 денари у џеб да се појавите пред Бристол со жена или девојка и да се качите у автобус правац Струмица на вечера и подетален брифинг,Таму,нормално,ве чека уиграно сценарио и се се одвива како на филм.Дефилираат срекни добитници,слајдови од куќи со базени,коли и што уште не,богата вечера,сфе срекни фаци околу...
А единствена работа која вие треба да ја направите е да дадете 2200 евра за да почнат да ви врнат пари од небо.
Е сега,работата која никој не ви ја кажува е дека ке треба да поебете минимум четворица за истата сума за да си ги повратите парите.Што повеке овци ке внесете у колото повеке пари за сите,а и за вас.
У кратки црти-дај и натерај други да дадат за да имаш.Нормално,оние кои се иницијатори на оваа работа ке го имаат најголемиот ќар.
Фино разработена стратегија за правење пари,блиску до перпетум мобиле.
Да не навлегувам во тоа дека е со закон забранета.
Ме чуди што сеуште се наоѓаат идиоти кои наседнуваат на оваа излитена фора.
Само како предупредување-Ако некој ви пријде со вакви муабети,слободно казете му да фала,ке размислам,и одјебете го за секогаш.Не ви мисли добро.
 
пирамидата е супер работа но треба прво да се поврзаш ако сакаш да добиеш пари ако не си поврзан голем ризик
 
Што е тука супер?Да поебеш пријатели за да се извадиш од гомна?
 
зошто одма се факаме на тоа пријатели друго кај нас Македонците е тоа проблемот брат шо мислиме за другите не си ја мислиме за себе среди си го прво сопствениот живот после мисли на други
 
CopyOfDeath напиша:
зошто одма се факаме на тоа пријатели друго кај нас Македонците е тоа проблемот брат шо мислиме за другите не си ја мислиме за себе среди си го прво сопствениот живот после мисли на други
У свет во кој што 90 проценти животот ти го раководат други, оваа твоја теза е малку неостварлива. Така да, пирамидалните трачеви се едноставно за луѓе без визија или кои што не сакаат работа.
 
CopyOfDeath напиша:
зошто одма се факаме на тоа пријатели друго кај нас Македонците е тоа проблемот брат шо мислиме за другите не си ја мислиме за себе среди си го прво сопствениот живот после мисли на други
Друже,пред да коментираш прочитај што пишува погоре.Единствен начин да извадиш нешто од пирамидава е да заглавиш други!
Сигурно нема да ти поверува некој од улица,ке мора кај свои прво да се обратиш.
 
абе прочитано ми е
ако некој те има заебено ке размислиш и ти дали ке заебеш
 
Јас сум одамна во овие води :pishtoldz:pos::pos:
 
ThA-BiTcH напиша:
Јас сум одамна во овие води :pishtoldz:pos::pos:
Аха.
Многумина се, ама секоја вода се влева у нешто поголемо.
Боље глава на рамења, него....
 
Секоја река се влева у нешто поголемо,а тоа најчесто е пуно со гомна.
Браво за муабетов Сторм.
 
Mad Maxx напиша:
Единствен начин да извадиш нешто од пирамидава е да заглавиш други!
Не постојат и алтернативи како... Да ги пријавиш за измама или да собереш луѓе и да ги згрбачиш?
 
Нема измама затоа што свесно си ги дал парите за да заработиш,а објаснив веке како можеш да ќариш.
За грбачење,ако си доволно упорен можеш да најдеш мал дел од нив и да се испукаш ама пак нема да си ги вратиш парите.
 
Mad Maxx напиша:
Нема измама затоа што свесно си ги дал парите за да заработиш,а објаснив веке како можеш да ќариш.
За грбачење,ако си доволно упорен можеш да најдеш мал дел од нив и да се испукаш ама пак нема да си ги вратиш парите.
Па добро, им кажуваат на луѓето за што се работи, или прво ги даваат парите па дури после им кажуваат што треба да „работат“?

Ако е првото, тогаш мора да е измама. Ако е второто, тогаш - неможам да поверувам дека имало толку глупи луѓе.
 
Муабетов има јака психолошка позадина.Ако некој е до гуша у гомна си вика неможам подолу од ова да потонам.За да се извади дури и кредити ке земе и ке остане без пари и со долгови.
Како што веке кажав во друга тема,игри на среќа и слични матни бизниси најубаво просперираат во економски сиромашни општества.
Ако сакаш да земеш пари од некого искористи ја неговата лакомост.99% од измамите се базираат на оваа работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom