Спомен куќа на Мајка Тереза

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Кои фирми ?
Баш ме интересираше кој ја гради у.п.м.
:toe:

А за паѓање... нема да падне,ај ти.

prototip....konstrukcija nosecka i aluminska

uniga inzenering...kovanata aplikacija od ptici i ribi

kubus....gradeznata stolarija

granit....kako glaven izveduvac na proektot

i red covek firmi

ce padne veruj
 
Dovolno e da ja vidime kukjata na 'avtorot', za da ne ni bide chudna najnovava luzna na liceto na gradot ni... Do noviot zemjotres, da mu drzime srekja...
 
Пренатрупана е, измешано е се и сешто. Не ми се допаѓа. Веќе кога решиле да градат требало повеќе внимание да посветат на она што ќе го изградат. Не да се направи нешто набрзина само колку да се каже дека е направено.
 
7C40667E54AF9D408D85C33B4E89635C.jpg

baltazar_lab.jpg
 
Дадаизам?

Како и да е јас на зданието повеќќе гледам ко на скулптура отколку ко на градба и на куќа споменик, и дефинитивно не би ја рушел, пошто интересно е да се има и пример за еден вид поинаква архитектура или уметност или комбинација од двете. АМА сеуште неможам да ја звара местоположбата. Јас едноставно само би ја преселил во некој парк онака да разигра помеѓу зеленилото, еве на пример карши денешна католичка црква, од другата страна на иво лола рибар, односно по ново теодосиј гологанов.

Во однос на местоположбата, старата куќа на Мајка Тереза се наоѓала тука и затоа и оваа е изградена тука ( барем јас така мислам). Во однос на изгледот ми се допаѓа, а во однос на некомпактибилноста до околината мислам дека проблемот е до објектите во околината а не во спомен куќата.:toe:
 
Абе идејата е добра ама катастрофа ја напраја.. Тие *ластовиците* ма фасадата или па тоа стаклото дефинитивно не се за таму..
 
Вака лаички да си кажам, градбава воопшто не ми се допаѓа. Јас разбирам дека Мајка Тереза е повеќе од заслужна за почит и јасно ми е дека во нејзина чест секако треба да се организира нешто, ама ова здание воопшто не е на место.
Какви се тие форми не разбирам, како може куќата да е различна од сите страни? На една страна да има стаклен квадрат како аквариум, на друга страна четиристрана пирамида, на едно место некоја си кружна купола, асиметрични прозори, асиметрични скали, камен, малтер, стакло, ќерамиди, квадратни прозори, кружни прозори, петоаголни прозори, гулаби, крст... ?
Според мене требале да изградат нешто што повеќе ќе ја симболизира неа и нејзиниот живот, а таа, нели, природно, никогаш не ни живеела во ништо слично на ова вонаби-футуристичко зградуле. Или еве, ако не била поентата да се долови нејзиното тогашно живеалиште, не било подобро да се изгради некакво си прифатилиште за сиромаси (на друга локација) во нејзина чест и со нејзино име? Мислам дека така многу подобро би и се оддало чест и би се продолжило она за што таа цел живот се залагала, а покрај бедата која владее, со толку пари фрлени на зграда што не може да се сконта, искрено мислам дека скромната Мајка се превртува во гробот!!
Патем, онаа мала скромна кула што постои одамна, веднаш позади новава куќа... ја има душата на Мајка Тереза. А ова сега... едноставно го нема духот.
 
Мислам дека идејата на творецот на идејното решение сакал да направи градба која ја опишува Мајка Тереза како човек на сите луѓе какви било култура, религија и националност. Делови кои личат на џамија, модерна западна црква, прозори како од Македонската традиција....
 
Чир

Како апсолутно прост лаик кога станува збор за архитектурата и за нејзините симболични или естетски карактеристики, новоизградениот спомен-дом на Мајка Тереза го доживувам како чир што изникнал среде улицата Македонија во центарот на Скопје. Затоа што нејзината цел не беше да ја разбираат само архитекти што можат да ја објаснат симболиката на секое нејзино шарено камче или џамче, колку и таа да е неразбирлива или бесмислена, туку да им биде блиска на сите сограѓани на најпознатата скопјанка, за тие да оддадат почит на нејзиниот лик и дело. Наместо восхит, објектот предизвикува чудење и негодување кај скопјани, а веќе почнал да служи и за потсмев кај посетителите од други земји.

Скромната Мајка Тереза доби раскошна куќа која воопшто не ја отсликува нејзината личност. За неа се потрошија два милиони евра, наместо дел од нив да се искористат во хуманитарни цели во нејзина чест. Наместо дом посветен на личноста што ја знае целиот свет, се направи детска приказна. Шаренилото вреска од сите страни, тргнувајќи од столбовите, што го претставувале нејзиното семејство, преку целиот ѕид од риби и птици што навистина потсетува на детска градинка, сè до мозаик како капка вода што на никого не му е јасен. Како сево ова да не е доволен раскош, па се направи и бунар што се трансформира во аквариум со риби, а на ѕидовите треба да се постават огледалца како во дискотека. Згора на сè, во домот на секогаш смирената Мајка Тереза се поставени и жици испреплетени како разбеснето торнадо. Па која е оваа симболика? И кој може да ја разбере. Традиционалната македонска куќа е надополнета со многу елементи од современата уметност, невкусно вклопени едни во други. Се измешале и баби и жаби, а богами и штркови. Жално е што објектот не се граничи со кичот, туку е кич во својата целина, до таа мерка што неговата слика може да се стави до овој збор во енциклопедиите.

Мораме да се потсетиме и како дојде до сево ова. Не смееме да ги заборавиме сомнителните конкурси. Никогаш не добивме соодветно објаснување зошто беше потребен втор конкурс иако на првиот беа избрани сосема добри решенија, кои одлично ќе се вклопеа во зададениот простор. Скромни и едноставни градби, кои целосно ја изразуваат оваа симболика, и за разлика од изградениот, воопшто не го засенуваа единствениот вистински културно-историски споменик на тој простор, скопската феудална кула. Не ни беше објаснето ниту зошто првиот конкурс беше анонимен, според сите стандарди, а вториот јавен. Ниту како речиси истиот објект што беше првично оценет како несоодветен, дури и смешен, вториот пат беше доживеан како величествено откритие во архитектурата.

Со оваа градба дефинитивно селото се враќа во градот. Тоа најдобро го покажуваат и двата камења што штрчат пред куќата (не дај боже некој да се сопне од нив и да се повреди), кои требало да претставуваат место каде што жените би седеле и би го озборувале шеталиштето. И токму тоа шеталиште, улицата Македонија, со кое општината Центар громогласно се фали дека е според изгледот најевропскиот дел од Македонија. Како ли на архитектот не му текна да направи и една шарена чешма, како во познатата песна? Иако тешко дека таа можеше да биде пошарена од самата куќа. Баш штета.

Но овој селски пример е само дел од еден поголем мозаик. Сè почесто се протуркуваат идеи што ќе го расипат колку-толку европскиот изглед на центарот на главниот град. Сретсело ќе добиеме и црква. Ќе се направат и еден куп објекти што ќе ги стеснат улиците до таа мерка што тие навистина ќе заличат на сокачиња во кои нема да има место ниту мачор од куче да избега.

Тврдо и жилаво го браниме уставното име на државата. Но по се изгледа го губиме тоа на главниот град. Од ден на ден тој е се поблиску до преименување во Скопјево, Скопјиште, Скопјанци или Скопјаштани.

Автор: Гоце Трпковски
НМ
 
Во однос на местоположбата, старата куќа на Мајка Тереза се наоѓала тука и затоа и оваа е изградена тука ( барем јас така мислам). Во однос на изгледот ми се допаѓа, а во однос на некомпактибилноста до околината мислам дека проблемот е до објектите во околината а не во спомен куќата.:toe:

Старата куќа на мајка тереза не била таму,, местоположбата на старата куќа е одма до плоштадот Македонија, односно ако тргнеш од плоштадот кон ГТЦ ќе забелешиш на асфалтот до тоа што селениот остров 4 ќошеви кои ја дефинираат пестополошбата на старата куќа на мајка тереза.
 
Фала за информацијата. Човек учи додека е жив.:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom